дома блог страница 1518

Македонската ракометна репрезентација со огромни 18 гола разлика ја совладаа Грција на Медитеранските игри

Ракоментата репрезентација на Македонија на одличен начин ги отвори Медитеранските игри кои оваа година се одржуваат во Оран, Алжир откако со убедливи 39:21 ја совлада селекцијата на Грција.

Играта на теренот беше одлична, протокот на топка доста брз, а во нападот имавме огромна разновидност, нешто што досега не било видено. Освен тоа, стрелците беа расположени, па ретко кога Македонија ќе промашеше некој удар. Одбраната беше одлична и изгледаше доста воиграно, а фантастични меѓу стативите беа и Кизиќ и Гогов.

Најдобар кај стрелците беше Martin Serafimov со седум гола, пред Nenad Kostevski со пет постигнати гола, исто колку што имаше и Петар Атанасијевиќ. Четири пати стрелаше Игор Ѓорѓиев, три гола имаше Иван Џонов , Александар Петровски и Павле Атанасијевиќ дадоа по два, додека Марко Стојковиќ, Кристијан Симоновски и Костадин Петров реализираа по еднаш. Кај Грција, Елефтериос Пагиатис имаше пет гола, пред Армандо Сина со три.

Следниот натпревар македонската репрезентација го игра веќе утре со почеток од 18:00 часот, а противник ќе ни биде домашната селекција на Алжир.

Велосипедскиот клуб “Илинден” од Прилеп со најмногу титули на Државните првенства (Фото)

Овој викенд во организација на Велосипедската Федерација на Македонија и велосипедскиот клуб М.В.К. Велес, се одржаа државните првенства во поединечен хронометар и друмски велосипедизам.

Велосипедистите на Велосипедскиот клуб ИЛИНДЕН од Прилеп, оваа година освоија најмногу титули од сите клубови во Македонија, а севкупно и најмногу медали.

Со двојни Шампионски титули се закитија: Андреј Маџоски – категорија Кадети; Константин Костоски – категорија У15; Стефан Маџоски – категорија У13.

Со добри резултати се истакнаа и останатите двајца натпреварувачи, Никола Ристески – категорија Кадети – ја “изненади“ својата конкуренција и постигна одлични резултати – Вице Шампион во двете дисциплини.

Младен Петрески – категорија У15 – го освои третото место во друмската трка, додека хронометарот го заврши на високото 4-то место.

Ова е само потврда за напорната работа на младите велоспедисти. Да им посакаме да продолжат со своите успеси и на наредната трка т.е. Државното ридско првенство, кое ќе се одржи на 17.07.2022 на релација Битола – Ниже Поле.

(Видео) Д У И дивee во Cобрание, СДСМ молчи, народот се згрозува

Вака се однесува претседателот на Кoмисијата за европски прашања! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта!, пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на Фејсбук, кој сподели и видео.

Инаку Арбр Адеми е поранешен министер за образование од редовите на ДУИ.

Њујорк Тајмс: “Сивиот волк” ќе го чува Киев – силна мрежа на командоси ќе им помагаат на Украинците (Видео)

Руските трупи продолжуваат со својот упорен план за окупација на источна Украина, а способноста на Украинците да се спротивстават на немилосрдниот напад зависи повеќе од кога било од помошта на Соединетите Држави и нивните сојузници. Дел од поддршката ја добиваат и од тајната мрежа на командоси и шпиони кои набавуваат оружje, разузнавачки информации и им обезбедуваат обука, изјавија за Њујорк Тајмс високи американски и европски претставници.

Голем дел од нивната работа се одвива надвор од Украина, во базите во Германија, Франција и Британија. Иако администрацијата на Бајден рече дека нема да распореди американски војници во Украина, персоналот на ЦИА продолжи да работи тајно во земјата, главно во главниот град Киев, насочувајќи голем дел од огромното количество разузнавачки информации до украинските официјални лица, велат извори на Њујорк Тајмс.

Истовремено, во Украина дејствуваат неколку десетици командоси од други земји-членки на НАТО, меѓу кои Британија, Франција, Канада и Литванија. Тројца високи американски функционери изјавија за Њујорк Тајмс дека иако САД ги повлекле своите 150 воени инструктори уште пред почетокот на војната во февруари, командосите на нивните сојузници останале во земјата, обучувајќи ги и советувајќи ги украинските војници.

МВР со детали за денешниот нов инцидент во центарот на Прилеп: Пpиведен 21-годишен прилепчанец

На 27.06.2022 на Плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Прилеп затоа што претходно со употреба на сила од Д.С. одзел паричник и се обидел да избега, но бил спречен и задржан од случајни минувачи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Според првичните информации кои претходно ги добивме од очевидци, лицето од жената украло поголема парична сума, при што минувачите успеале да го совладаат по кратка бркотница на плоштадот.

Британците се шегуваат на “руска сметка”: “Путин испрати генерал кој јаде пет пати на ден и пие литар вотка”

Британските таблоиди пишуваат дека дебел пензиониран руски генерал бил испратен на бојното поле во источна Украина, бидејќи на рускиот претседател Владимир Путин му снемало високи офицери за војната.

Како што пишуваат, за пензионираниот генерал Павел, кој е на 67-годишна возраст и со околу 130 килограми, сега наводно е на чело на руските специјални сили кои дејствуваат во источна Украина, откако поранешниот командант на единицата беше тешко повреден во напад.

Павел наводно е ветеран од озлогласената руска вojна во Авганистан.

„Путин сега копа од дното на бурето. Повеќето од неговите најдобри високи команданти се ybиени или повредени во борбите во Украина, па тој прибегнува кон испраќање офицери од втор ред на фронтот, кои потоа не издржуваат многу долго таму“, изјави висок разузнавачки извор за „Дејли Стар“.

Тој додава дека Путин сега ги повлекува генералите од пензија и дека Павел е еден од нив.

„ Путин е како мафијашки бос на кој никој не треба да одбие да му се покорува. Ако пензиониран генерал добие порака од Путин дека и е потребен на мајка Русија на бојното поле во Украина, тој не може да направи многу“, рече тој.

Павел бил војник повеќе од 40 години и станал командант на руските специјални сили, но тоа било пред 25 години, кога бил помлад и во форма, тврдат Британците. Се верува дека служел во Сирија непосредно пред да се повлече од активна служба пред пет години.

До неодамна живеел во предградијата на Москва, но се претпоставува дека минатиот месец му било наредено да се врати на активна служба. За него велат дека бил толку дебел што морало да му се направи специјална униформа и дека јадел пет оброци на ден и пие барем литар вотка.

Се верува дека Русија има до 10 генерали во војната во Украина и околу 30 високи офицери.

Вака се живее до 101 и назад: Срби развиорија оро в море во Паралија, имаше дури и свирачи (Видео)

Речиси секое лето се случува да осамнат снимки како Срби или Македонци вијат оро во водите на Егејското Море во грчките летувалишта, а оваа година се појави едно од Паралија.

Видеото за еден ден стана вирално и досега има стотици илјади прегледи на социјалните мрежи.

Погледнете:

Турција: Никој не може да нè натера да воведеме санкции кон Русија

Ибрахим Калин – портпаролот на турскиот претседател Ердоган во интервју за телевизија „Хабертурк“ изјави дека Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза.

„Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“ – изјави Калин.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.

„Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Западот не го прифати тоа“ – рече Калин.

Шолц: “Путин го боли главата, бидејќи не го очекуваше ова”

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нападите на руската армија врз станбените згради во Киев ја покажуваат неопходноста од меѓународно единство за поддршка на Украина.

Руската армија утринава го гранатираше Киев и погоди најмалку две станбени згради.

Тој го истакна претходното единство на Г7, Европската Унија и НАТО во организирањето поддршка за Украина.

„ Можеме со сигурност да кажеме дека Путин не сметаше на ова и дека сè уште го боли глава поради големата меѓународна поддршка за Украина, но секако и храброста на Украинците во одбраната на земјата“, изјави денеска Шолц, по првата сесија на самитот на Г7.

Нападите врз цивилни објекти, додаде тој, покажуваат дека поддршката на Украинците е правилна одлука.

Германската влада претходно беше критикувана поради неподготвеноста да испрати оружје во Украина. Сепак, Шолц рече дека „Германија и САД секогаш ќе дејствуваат заедно кога станува збор за безбедноста на Украина“.

Тој додаде дека заедно со американскиот претседател Џозеф Бајден биле едногласни за тоа што треба да се направи.

Ќе живнеме: Регулаторна ги намали цените на гopивата дури за 0,82%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945%, кај дизелот за 1,174%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,425% и кај мазутот има намалување е за 1,806%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.

Од 28.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.