дома блог страница 1519

Вака тегла мед и по илјадарка ќе оди без мака (Фото)

Тие ќе го брусат, ние ќе го насликаме секаде каде што е возможно…

Секоја чест за сопственикот, да даде Господ да му се намножат пчелите, а медот да му биде најсладок.

Прилеп не мирува: Среде бел ден кpaдец укpaл неколку илјади евpa од жена – бил соборен од минувачите (Фото)

Одново инцидент во центарот на Прилеп. Полициjaта овојпат апceше кpaдец кој според информациите среде пладне yкpaл поголема сума пapи од жена, а потоа по кратка брокотница бил совладан од минувачите.

Веднаш пристигнале и припадниците на полициjaта кои го привеле лицето во полициска станица.

Информацијата е објавена на Инстаграм профилот на Дарко Влогс, а повеќе детали од надлежните очекуваме во текот на денот.

Скопски автомобил летнал в море во Грција (Фото)

Автомобил со скопски регистарски таблички падна во море во Грција во близина на Неа Каликратија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од несреќата, а возилото за среќа било празно во моментот кога паднало во море.

Во 5 часа казнети 58 моторциклисти во акциска контрола на МВР во Битола

Во текот на вчерашниот ден (26.06.2022) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 58 возачи.

Од нив, 34 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Четири медали за прилепскиот Џудо клуб “Сеишин” од силниот Меѓународен турнир во Солун (Фото)

На 26.06.2022 во Солун, Грција се одржа Меѓународен турнир во Џудо “Матсура Куп” за сениори-ки и Ветерани, во организација на ЏК Ираклис.

ЏК Сеишин Прилеп на овој турнир зеде учество со вкупно 4 такмичари, при што се освоени 4 медали (3 златни и 1 бронзен).

Сениорки: 1. Магдалена Најдоска 1 во место, 2. Избаела Кузева 1 во место

Сениори: 3. Марио Цинцароски 3 то место

Ветерани: 4. Киро Здравески 1 во место кој е прогласен и за најуспешен во ветеранска конкуренција.

ЏК Сеишин Прилеп пак е прогласен за најуспешен странски клуб на турнирот за што е освоен и пехар.

На овој Турнир екипата успешно ја предводеше и дебитираше во оваа улога помошник тренерот и асистент во клубот Теодора Димеска, која моментално не се натпреварува поради рехабилитација на повреда.

Туpcката полициja спpeчи „Пapaда на гopдocта“, пpиведени се десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните власти ја забранија парадата и оваа година. Илјадници луѓе некогаш учествуваа на парадите долж улицата Истиклал во Истанбул, но во последниве години владата предводена од претседателот Тајип Ердоган и неговата АК Партија од исламистички корени го заостри својот став за слободата на ЛГБТК + луѓето.

Хомосексуалноста не е кривично дело во Турција, но има сè поголема одбивност кон неа, додека полициското сузбивање на поворките станува се пожестоко секоја година. Полицијата со опрема за немири упадна на собирот, отстранувајќи стотици демонстранти со камиони. Јавниот превоз во областа исто така е суспендиран.

Локалните власти во областа Бејоглу ги забранија сите настани за време на Неделата на гордоста, помеѓу 20 и 26 јуни, со образложение дека чувствителноста на општеството може да доведе до немири.

Фотографско студио со традиција од 55 години е вистинска гордост за цела Пелагонија (Фото галерија)

Префинетоста, елеганцијата, хемијата меѓу идејата и остварувањето отсекогаш биле главни протагонисти во развојот на битолската култура. Токму тие придонеле за воздигнувањето на градот Битола како голем културен центар, како на Балканот, така и на европско тло.

„Фото Реал“ во почетокот

Ризницата на овој град не само што плени со неповторливи дела од сферата на уметноста, музиката, театарот, туку плени и со делата на најголемите мајстори на фотографијата. Во редот на овие големи имиња, почнувајќи од Линара, браќата Манаки, Пинза и Папакоч се наоѓа и Иван Ќурчиевски, мајстор за црно – бела фотографија во помодерната битолска фотографска ера.

„Фото Реал“ во почетокот

Прв е од својот род што развил љубов и желба кон овој вид на уметност, а подоцна истата му станува секојдневно хоби. Покрај неговата кариера како прочуен битолски електропроектант, нова кариера почнува да гради со своето хоби кон крајот на шеесеттите години на минатиот век.

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Долгогодишната љубов кон фотографијата ја реализира со отворањето на неговото прво фото – студио „Фото Реал“,во 1967 година. Поради еминентните квалитет и понуда, Ќурчиевски го проширува својот бизнис и во Скопје, каде ја отвора експозитурата на „Фото Реал“ во близина на ГТЦ во 1980 година.

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Долгогодишните искуство и труд на Ќурчиевски придонесе фотографијата да премине во традиција и заштитен симбол на фамилијата. Нивната уникатност не само што почива врз високата професионалност, искуство и посветеност, ами почива и врз генерациското наследување и учење.

Иван Ќурчиевски со своите синови,Зоран и Митко

Иван Ќурчиевски во своето фото – студио

Фотографските техники кои ги нуди ова фото – студио произлегуваат од самото негово име – „Реал“, што значи „реално, вистинско, без ретуширање“, или нешто што е оригинално и чисто, во кое доаѓа до спој меѓу традиционалното и модерното.

„Фото Реал“

„Фото Реал“ во Скопје

Денес, „Фото Реал“ е тука каде што е – исполнет сон и успешна бизнис идеја на голем човек, кои траат веќе 55 години и ќе продолжат да создаваат нови успешни приказни во новото студио, со софистициран изглед и опрема по највисоки стандарди, нудејќи огромен квалитет.

„Фото Реал“ во Скопје

Преточете ги вашите спомени и важни моменти од животот во уметноста на фотографијата,што ја нуди студио „Фото Реал“. Препуштете ја вашата фантазија во нивните вредни раце и креативни идеи.

Забава по повод јубилејни 55 години постоење

„Многу фотографи мислат дека поседувањето подобра камера ќе им донесе подобра фотографија. Камерата нема да направи ништо за Вас ако немате идеја во својата глава и пасија во своето срце.“

 „Фото Реал“ во своето ново руво

Текст: Магдалена Петровска

MВР се пофали, фатиле 12 дpвокpaдци во струшко – Ќе има ли нова акциja во Прилеп? (Видео)

На 25.06.2022 година, во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на Македонија.

Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири.

Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сметките за cтpyja ќе бидат и за 50% повиcoки за тие што ќе трошат повеќе?

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите тарифни блокови за потрошувачката на електрична енергија, дознава Алсат.

Според извори од регулаторна, од првично најавените нивоа на промени, зголемени ќе бидат вториот и третиот тарифен блок. Тие првично беа најавувани дека ќе бидат до 420 односно 630 потрошени киловат часови, но со планираните измени тие ќе бидат над 420, односно 630 киловати.

Надлежните уверуваат дека над 80 отсто од домаќинствата ќе имаат пониски или идентични сметки за струја како и досега. Но, оние кои ќе влезат во третиот блок или ќе го надминат, би можеле да имаат сметки повисоки и за 50 отсто од сегашните, објави Алсат.

Идентитетот бетон: И за Петков станавме “Северномакедонци”

Северномакедонци станавме и за источниот сосед Бугарија, поточно за нивниот премиер во заминување Кирил Петков. Објаснувајќи дека одредени партии во Македонија се бунеле против францускиот предлог, кажа дека тие партии биле северномакедонски, наместо македонски.

Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија, изјави.

Петков потврди дека тој повторно ќе биде кандидат за премиер на Бугарија, откако претходно најави дека ќе се обиде да формира ново владино мнозинство со независни пратеници.Ова го соопшти и еден од неговите најблиски соработници, Мирослав Иванов.

-Господинот Петков беше исклучително активен премиер, кој што кажа дека нема да прави компромиси со своите принципи, со просечноста, со тоа да има нула толерантност кон корупцијата. Тој ги исполни тие негови цели, изјави Иванов.

Се поставува прашањето што ова може да значи за Македонија, ако се знае дека Петков во интервјуто за БНР, го повтори она што го кажа во Брисел. Ги соопшти бугарските позиции, кои остануваат исти, а тие се внесени во францускиот предлог, кој беше изгласан од бугарскиот Парламент, но одбиен од македонската Влада, барем според Ковачевски. Бугарскиот премиер изрази големо задоволство што бугарските услови, сега станале услови и на Европската унија.

–Тие ги разбраа условите кои што се важни за Бугарија и тие услови всушност се европски. Многу е важно правата на Бугарите да се заштитени во Македонија. Тоа е европско видување и европска обврска, тоа да се случува не само за нив, туку за сите луѓе кои сакаат да членуваат во оваа унија. Така што бугарските барања всушност тие се реално европски, изјави Петков.

Иако, првичните најави од партијата на Петков беа одење на избори во септември, сепак ова сценарио станува се помалку веројатно. Претседателката на партијата БСП, Корнелија Нинова, потенцираше дека избори и евентуална техничка Влада се најлошата можна опција за Бугарија во овој момент.