дома блог страница 1517

Tелма: Можно ли е поскапување и на евтината cтpyja?

Можно е поскапување и на евтината струја, дознава „Телма“.

Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.

Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

Милошоски го пријави Азири во полиција

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во моментот е во Полициска станица каде го пријавува државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, откако тој вчера повика на физичко насилство кон Милошоски.

Милошоски пред надлежен инспектор го пријавува делото, пренесува Пресс24.

Вчера Азири повика на насилство, а се закани кон сите кои тој ги смета за „антиалбанци“.

-Арбер, анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе. Заврши времето на сеачите на магла. Новата генерација на Албанци ќе ги крши рацете и нозете на сите оние кои се обидат да понижуваат Албанци, вели Азири преку социјалната мрежа Фејсбук.

Meрак за душа: Стотици оро играа на “Што имала к’смет Стамена” среде Солун (Видео)

-Среде Солун, на 50 метри од Beas Kule момциве свират македонски песни, само музика, свират “Домаќине добри гости…”, свират “Сон сонила Јорданица”. Во еден момент на Aleksandar Kolev му велам, ќе дојде ден и кога ќе се пее на македонски и овде среде Солун… Минута подоцна, “Што имала к’смет Стамена” на македонски, сред Солун…
Музиката ни е татковината – напиша на ФБ поранешниот пратеник Илија Димовски кој го објави видеото.

Tргна сезоната во Охрид: Друг пат рачна обавезно (Видео)

Вистинска драма попладнево се случувала во најпознатата македонска туристичка атракција.

Имено автомобил марка Тојота Јарис на една од охридските плажи завршил во езерото поради невнимание на возачот.

Автомобилот потоа со багер бил извлекуван од езерото на плажата.

Овој и оштета ќе побара на крајот – Адеми: Насилство имаше врз мене, бидејќи јас бев на моето работно место

Пратеникот и претседател на Комисија за европски прашања Арбр Адеми денеска во изјава, по инцидентот во Собранието, за медиумите посочи дека изразува жалење за сите сцени кои се случиле вчера за време на седницата на Комисијата за европски прашања, како и за испровоцираните сцени од опозицијата.

„Тоа не требаше да се случи. Секако реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и да не потпаѓаме на провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенди за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за законот кој овозможува владеење на правото и затоа опозцијата сакаше да не го оневозможни неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судири во Собранието“, изјави Адеми.

На прашањето зошто дозволил да биде испровоциран и зошто употребил насилство, Адеми повтори дека се извинува за немилата сцена.

„Бев на моето столче на работното биро како претседател на комисијата. Тие дојдоа да спречат гласање на дневниот ред. Во тие моменти кога се исцрпе листата на процедурални забелешки, се случи тоа за да се спречи дневниот ред“, изјави Адеми.

На прашањето дали одобрува насилство бидејќи го употребил, Адеми негираше употреба на сила.

Тој вели дека насилство имало врз него, затоа што тој бил на работното место.

„Сите пратеници имаат партиска агенда но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот, на сила ми го зедоа, и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење“, додаде Адеми.

Инаку, Адеми одби да ги коментира видеата кои излегоа во јавноста.

Бабунски пристигна во Прилеп: “Ја знам прилепската публика, ветувам многу работа, ќе тренираме по 2 пати на ден”

Вчера со првиот собир повратникот во Првата лига прилепска Победа ги стартуваше подготовките. Првиот човек на клубот Благоја Гешоски го претстави на играчите новиот Шеф на Стручниот штаб Бобан Бабунски. Тој најави дека подготовките ќе се одвиваат во Прилеп затоа што клубот има сосема солидни услови за реализација на комплетно замислениот тренажен процес.

Во својата прва изјава и обраќањето пред прилепската јавност Бабунски акцентираше неколку работи:

-Би сакал да се заблагодарам на укажаната шанса да бидам на кормилото на Победа и да работам во интерес на прилепскиот фудбал. Ја следев Победа на повеќе натпревари. Да ја продолжиме добрата игра од Втората лига. Тука се и младинците кои остварија одличен успех и со освоената титула ќе играат во Европа. Има тука неколку деца со фантастичен потенцијал и на нив треба да се гради иднината на клубот и трудот кој повеќе години наназад со оваа генерација го вложи нивниот тренер Филип Мирчески. Да му честитам и на претходниот тренер колегата Димитар Капинковски, а ние треба да ја надоградиме таа добра слика на Победа во повисок ранг – во прволигашка конкуренција.

-Среќен сум што ќе работам со млади играчи кои имаат желба да напредуваат. Предизвик е за мене да придонесам во клупските амбиции Победа да биде стабилен прволигаш. Ја знам добро прилепската публика, сум играл тука и добро ми е познат амбиентот во најфудбалскиот град. Во секој случај предизвик е за сите да работиме максимално, сите заедно да бидеме во функција на клубот. Да ги подобриме сите перформанси како индивуидуални статистики на секој играч така и на тимот во целина како би можела Победа да биде на нивото кое сите го посакуваме. Можам да ветам многу работа. Ќе тренираме двапати на ден, во план се повеќе контролни натпревари, а 3 се веќе закажани со Брегалница (5 јули), Работнички (13 јули) и Струга Трим Љум (23 јули), како и на традиционалниот турнир ,,Вуко Каров„ во Кавадарци на крајот на јули.

-Добро ми е познат ростерот со кој располага Победа, ги анализирав играчите и мислам дека неоспорен е потенцијалот, а некои играчи и не се свесни за потенцијалот со кој располагаат. Се споивме со Победа и Гешоски со моите амбиции да помагам да создадеме поквалитетни млади играчи, со репрезентативен калибар кои во иднина би дошле до интернационални трансфери со кои и финансиски би помогнале на клубот.

Сигурно ќе играме за бодови но и со модерен стил, со посед и контрола и офанзивно-онака како што и верувам посакува пребирливата прилепска публика. Овие млади играчи ја поттикнаа публиката да се врати, инспирираа и многумина по повеќе години да се вратат на трибините, а со нивниот потенцијал и квалитетот кој низ работа треба да го подигнеме на повисоко ниво верувам во успешна сезона.

Според планот на Бабунски, во чиј Стручен штаб се помошниците Благојче Дамевски и Филип Мирчески, кондициониот тренер Сребре Стефаноски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски, екипата секој ден ќе има по 2 тренинзи.

Џамбазов ќе биде домаќин – ги повика сите на ладно пиво и најдобара скара во Прилеп (Видео)

После две години пауза во Прилеп се враќа најголемата фестивалска манифестација во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото оваа година ќе се одржи од 14-17 јули, а водител ќе биде најдобриот македонски шоумен Игор Џамбазов.

Џамбазов преку видео порака ги покани сите на ладно пиво и најдобра скара да уживаат во богатата програма на најновото издание на “Пиво Фест”.

Герила акција на инцијативата “Прилеп На Точак”: Ќe успеат ли да ги свестат несовесните возачи? (Фото)

Герила акција на инцијативата “ПрилепНаТочак” со која сакаат да ги свестат несовесните возачи кои паркираат каде ќе стигнат низ градот.

Често одговорот е дека улиците во нашиот град се тесни и нема доволно место за велосипедски ленти и тротоари.
Но, секојдневно сме сведоци дека има паркирани автомобили на сред коловозни ленти, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“. Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари,пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…

Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?

“Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје…

Наместо МРТВИ СООБРАЌАЈНИ ЛЕНТИ за паркирање ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај!

Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед и треба делување не во иднина, треба сега, треба денес – пишуваат од иницијативата на “ФЕЈСБУК”

Внимавajте: Ни следуваат пеколни температури преку целата недела – УВ индексот ќе достигне 9

Периодот на многу топло време продлжува до крајот на неделава. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Според прогнозата на УХМР, минималаните утрински температури ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена, а масималните дневни од 30 до 38. УВ индексот ќе достигне вредност 9.

Поради високите температури што деновиве ја зафатија државата, Министерството за здравство објави препораки за заштита. На граѓаните им се советува да престојуваат повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат големи количества течности и при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Треба да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Апасиев: Добро утро на сите, освен на Командант Филџани

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по вчерашниот инцидент во собранието, утрово објави статус во кој им посака добро утро на своите следбеници, освен на пратеникот Арбр Адеми.

„Добро утро на сите, освен на Командант Филџани – Варваринот“, напиша Апасиев.