Советот на општина Прилеп денеска ќе ја одржи 13-та седница
Советниците ќе одлучуваат по 14 точки.
Вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кој коментираше околу францускиот предлог.
Тој порача дека доколку бил добар предлогот, тогаш премиерот Димитар Ковачевски и целата Влада ќе славеле.
– Зошто се крие од јавноста? Пред две недели кога стигна францускиот предлог се лажеше цела јавност, дека не знаат што е и дека не учествувале во консултации во истиот, за вчера на пратенички прашања Ковачевски да потврди дека знаеле и учествувале. Јас директно го прашав дали во Скопје најмалку три пати крај на мај и почеток на јуни е дојдена француска делегација, и тој потврди дека е така. Да беше предлогот добар немаше во една минута да го прифатат и Румен Радев и Кирил Петков, бидејќи се знае дека особено Радев е екстремен, тие немаше да го прифатат ако ова беше добар предлог за Македонија, потенцираше Николоски.
Голгетерот од Прилеп е слободен играч, откако неодамна му заврши договорот со Удинезе. Нестоворвски изминатиот период се поврзуваше со потпис за Лече и англискиот Вотфорд, а за него се пишуваше дека се заинтересирани и клубови од Обединетите Арапски Емирати.
Сепак, се чини дека популарниот “Нестор гол” сака да остане во Италија, а во игра за неговиот потпис неофицијално влегува и Каљари.
Тимот од Сардинија сезонава испадна од Сериа А, а според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио од „Скај Италија“, Каљари сака да го засили нападот со Несторовски за брзо враќање во италијанската фудбалска елита.
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.
„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓнион во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме…. Нема простор веќе да гледаме… Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.
Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.
На 29.06.2022 во 22.40 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во с.Избишта, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода И.И.(32) и С.А.(32), двајцата од Неготино, соопшти МВР.
При преглед во возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.И., а С.А. бил сопатник, биле пронајдени 1.665.000 денари, за кои не поседувале соодветна документација.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сараевско пиво е симбол на главниот град на Босна и Херцеговина и кој пробал знае дека се работи за одличен вкус кој нуди прекрасно уживање, особено во овие пеколни горештини.
Сараевската пивара е една од најстарите компании во БиХ и датира од 1864 година. Долги години овој вкус оди рамо до рамо со познатите сараевски кебапи, а прилепчани како добри гурмани и луѓе кои ја прават најдобрата скара во Македонија, топло ќе ви го препорачаат и кај нас.
Сараевската пиварница е единствената европска пиварница чие производство било континуирано за време на Отоманската империја, како и за време на владеењето на австроунгарската монархија. Зградата на Сараевската пиварница е една од најатрактивните згради во Сараево, со архитектонски стил кој е мешавина од ориентален и класичен европски дизајн.
Во 1907 година, Пивара стана најголема во Австро-унгарската империја, а веќе во 1898 година произведуваше 45.000 хектолитри годишно.
Денешните капацитети на пиварата се проценуваат на 500.000 хектолитри пиво годишно, доволно за еден од најдобрите пивски вкусови да биде присутен и на нашиот пазар.
На сегашната локација пиварата се наоѓа од 1881 година, а изградена е на изворот на најдобрата сараевска вода, која се испумпува од длабочина од 300 метри. Развојот на Сараевската пиварница беше запрен со агресијата врз БиХ за време на распадот на Југославија, при што беше речиси целосно уништена, а штетата беше проценета на повеќе од 20 милиони американски долари. Но, и во овој период Пивара не престана со работа, иако производството беше симболично – само 3 отсто од претходното производство. За сараевчани тоа беше единствениот извор на вода за пиење во опколениот град.
Овие историски факти нека, заедно со традицијата и одличниот вкус, кои кога Сараевско пиво е во прашање одат рака под рака, нека бидат мотив повеќе да го побарате вкусот на Сараево низ маркетите, но и да уживате во Сараевското пиво за време на престојниот фативал на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2022”.
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од населените места: Беловодица, с.Ореовец – јавна чешма сред село, Плетвар (јавна чешма), н.м Лениште, н.м Крстец – јавна чешма сред село и Плетвар- крајпатна Че, не се здравствено исправни и не смее да се користат.
Водата во н.м Тројкрсти, н.м Ерековци, н.м Чепигово и н.м Канатларци водата одговара за употреба и смее да се користи за пиење.
После 60 год OOУ “Климент Охридски” – Прилеп доби модерна урбана библиотека
-Учениците од нашето училиште од септември ќе имаат можност да дојдат, особено оние кои сакаат да бидат паметни и имаат длабоки познавања. Ние им нудиме да бидат во светот на магијата и шарените настани, ќе биде одлично место да се развиват едуцираат и релаксираат – велат од училиштето.
Пред извесно време пак во училиштето беа реновирани и тоалетите во делот на училиштето за деца со посебни потреби, со што се создадоа подобри услови за овие дечиња.
Лунарниот извидувачки орбитер (LRO) на НАСА, роботско вселенско летало кое орбитира околу Месечината за да го мапира природниот сателит на Земјата, забележа чуден пар кратери на површината, за кои научниците веруваат дека биле предизвикани од ракетен удар. Фотографиите, сепак, поставуваат прашања колку и одговори, бидејќи изгледа различно од претходните ракетни удари на Месечината.
Новооткриената мистерија лежи во фактот што местото на ударот има два кратери, наместо еден, што инаку е вообичаено.
Фотографијата на LRO покажува мал пар нови дупки во кратерот Херцпрунг, огромно древно место на удар на таканаречената темна страна на Месечината. Двата кратери заедно се широки околу 27 стапки во дијаметар.
Ударните кратери од првата фаза на ракетата се веќе забележани, бидејќи НАСА има слики од овие удари од мисиите Аполо 13, 14, 15 и 17 кои слетаа на Месечината во 70-тите години на минатиот век. Природата на овие нови кратери е она што ги прави збунувачки. Научниците претходно го забележаа погонскиот дел од ракетата на пат кон судир со Месечината, но нејзиниот извор не беше познат. И по ударот ниту една држава не презеде одговорност за настанот, пренесува Drive.
На 30.06.2022 околу 02.00 часот во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола лишиле од cлобода малолетник од Битола, пopaди coмнение дека извpшил обљyба врз малолетничка од Битола – негова роднина.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.