дома блог страница 1512

Мицкоски: Повикувам на сенароден пpoтecт yтре пред Владата во 19 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата на која го одби францускиот предлог повика на сенароден протест утре пред Владата во 19 часот.

-Одобрувањето на ваква рамка значи или во ЕУ асимилирани или нема во ЕУ. Имаше иницијатива за протест и ние се приклучуваме на таа иницијатива. Повикувам на сенароден протест. Утре пред Владата во 19 часот. Јас таму ќе бидам еден од многуте, го повикувам целиот народ да се приклучи, да го одбраниме она што се вика европска вредност, рече Мицкоски

(Документ) Францускиот предлог во целост објавен на сајтот на Владата

Предлогот од француското претседателство за решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, со цел да се тргне бугарското вето денеска е објавен на владината веб-страница.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по средбата со партиските лидери од владината коалиција изјави дека предлогот ги инкорпорира забелешките и јасно изразените ставови на државата. Истовремено, тој посочи дека како Влада доследно се држеле до државните позиции во однос на преговорите.

„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Многу важно, нашата позиција за понатамошно и отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓувладина конференција со ЕУ исто така е инкорпориран во предлогот којшто е доставен кај нас“, изјави Ковачевски.

За да се изгради официјален став, Ковачевски посочи дека со оваа средба денеска се отпочнал широкиот консултативен процес, кој треба да продолжи со претседателот на државата, парламентот, опозицијата, граѓанскиот сектор, медиумите, експертската и целокупната јавност во земјата.

Претседателот на Франција Емануел Макрон, земјата која претседаваше со Европската Унија, вчера изјави дека можеби е најдено компромисно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Предлогот потоа стигна и до македонските власти.

Новиот француски предлог доаѓа откако првичниот предлог на француското претседателство беше отфрлен од македонските власти за време на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан.

Предлогот можете да го погледнете на следните линкови:

Линк 1

Линк 2

Линк 3

Секоја чест: Битолчанката Ана Котевска го искачи 6263 метри високиот врв Чимборазо во Еквадор

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Ана Котевска, која го искачи врвот Чимборазо, најодалечената точка од центарот на земјата, која се наоѓа на 6263 метри надморска височина.

Котевска на состанокот зборуваше за подготовките кои му претходеа на големиот успех, за нејзината голема љубов кон планината, а го долови и прекрасното чувство и поглед кон убавините на Андите. Во досегашниот период Ана има искачено четири врвови на Еквадорските Анди, а со најновиот подвиг, за првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри.

Градоначалникот Коњановски и честита на големите успеси, заблагодарувајќи и се што на овој начин покрај што претставува вистински пример за развој и поттикнување на спортскиот дух кај младите, истовремено е и вистински промотор на градот во меѓународни рамки.

(Фото галерија) Мискоски асфалтира во Воѓани, а деновиве и во Кривогаштани

Малата општина Кривогаштани која е предводена од градоначалникот Николче Мисоски, покажува дека и со мал буџет, но со домаќинско работење се остваруваат големи резултати.

Откако минатата недела беше уреден паркот со детски реквизити во ОУДГ “ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ” Кривогаштани, денеска се асфалтираа улици во населеното место Воѓани.

Жителите на ова населено место се благодарни на потегот на општината, а новиот асфалт значително ќе им го олесни секојдневното живеење.

Веќе деновиве со асфалтирање ќе се продолжи во населеното место Кривогаштани.

Гopивата со нови цени после полноќ

Од вечерва повторно ќе имаме нови цени на горивата, па така следи намалување на цената на дизелот, додека цените не бензините остануваат исти.

Според „гориво.мк“ дизелот ќе се продава за 2,5 денари поевтино и ќе чини 104 денари за литар.

Цената на бензините останува иста, односно 109 денари ќе чини БС-95, додека БС-98 ќе чини 11,5 денари.

Ќе поевтини и екстра лесното масло за два денари и ќе чини 103 денари, додека мазутот ќе чини 53,3 денари.

Многу добри: Матурантите со успех 3,78 на екстерните испити

Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати од државната матура е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.

-Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година. За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk, информираат од Државниот испитен центар.

Нов француски предлог всушност не постои? “Предлогот е сличен на тој што беше изгласан во бугарскиот парламент”

Францускиот предлог вчера пристина во Македонија, а француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин кажа дека тој е идентичен со првичниот кој беше изгласан во бугарскиот парламент, пишува „БГНЕС“.

„Предлогот не се разликува од првиот и ги штити правата на малцинствата, меѓу кои се и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, кој беше изгласан во бугарскиот парламент“, кажа Робин.

Претходно македонскиот премиер Димитар Ковачевски кажа дека предлогот ќе биде јавно објавен на веб-страната на Владата по состанокот со коалиционите партнери.

МПЦ упати апел за зачувување на македонските национални интереси

Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

– Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, на својата редовна седница, одржана вчера, разгледа и повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции.

Стpyjaта од денес пocкапа за 7.4%, ќе се применуваат новите блок-тарифи – Убаво информирајте се за да знаете колку ќе плаќате

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти.

– РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима.

Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството.

И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија.

– Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Северна Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.

– Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија.

За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.

– Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски.

Денеска 13-те седница на Советот на општина Прилеп: Ќе се одлучува по 14 точки

Советот на општина Прилеп денеска ќе ја одржи 13-та седница

Советниците ќе одлучуваат по 14 точки.