дома блог страница 1508

Охриѓани “поставија” свој знак пред Самуиловата тврдина – Ќе бидe ли задоволна бугарската влада сега? (Фото)

Oхриѓани “поставија” своја верзија на знак пред влезот на Самуиловата тврдина….Се’ во интерес на почитување на договорот за добрососедство со Бугарија…

Се согласуваат ли 330.000 пензионери во Македонија со ова? За Партијата на пензионери францускиот предлог бил прифатлив

Партијата на пензионери (ПП), поаѓајќи од нужноста на потребата за обезбедување на временски разумна перспектива за отпочнување на пристапни преговори за влез на земјата во Европската унија, смета дека новиот Предлог на Француското Претседателство треба да се прифати.

-Партијата на пензионери (ПП), на седница на новоизбраниот Извршен одбор (избран на Конгресот на Партијата на 18.06.2022 година), која се одржа на 02.07.2022 година, по констатирање дека Предлогот на Француското Претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ и бидејќи во дадените крајно сложени околности поради негаторскиот однос на Република Бугарија кој е непроменет повеќе децении, без никакви назнаки дека ќе се промени, како и поради нејзината реално очекувана идна блокада на процесот, едногласно донесе Заклучок со кој го подржа ставот на Претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски, нашето државно раководство да го прифати новиот Предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ.

-Истовремено ПП преку Претседателот на Партијата, во рамки на коалицијата, ќе иницира во разумен рок, кој нема да овозможи развлекување на процесот за донесување на одлука, Владата и Опозицијата, иако таа го отфрли предлогот, сепак да одржат консултативен состанок на кој, исклучиво и само на оваа тема и секој во рамки на своите одговорности кон македонскиот народ и граѓаните на земјата, јасно, јавно и со преземање на одговорност за иднината на земјата ќе ги аргументираат своите заложби за нивниот програмски деклариран став и заложба за зачленување на Република Македонија во Европската Унија – се наведува во соопштението на ПП.

Македонија ги доби противниците за Светско: Во Полска нашите момци ќе можеме да ги гледаме и за само 400 денари

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство во Полска и Шведска.

Нашите момци ќе играат во Краков, во „Таурон Арена“ во групата Ф со Норвешка, Аргентина и Холандија, а билетите веќе се во продажба на официјалниот сајт.

Најефтините дневни билети чинат 29 полски злоти или околу 400 денари. Има уште четири категории билети во зависност од местото на седење во салата.

Од четврта категорија билетите чинат 650 денари, од трета 1.150 денари, од втора се 1.700 денари, додека за билети од прва категорија ќе треба да одвоите 2.100 денари.

Денеска нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на горивата.

Според последната одлука, цените на бензините и мазутот не се променија. Дизел горивото поевтини за 2,5 денари.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)

Teмператури и до 38 степени, попладне дожд и гpмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. В петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури.

Девојките од New Generation Прилеп прават “дар-мар” каде и да се појават: Три први места на Summer Dance OFF во Скопје (Фото)

Денеска во Скопје се одржа традиционалниот интернационален натпревар во модерен танц DANCE OFF, или овогодишен Summer Dance OFF каде учество зеде и студиото за танцување од Прилеп NEW GENERATION.

Прилепското студио имаше три настапи на натпреварот и освои исто толку први места, и тоа:

Георгина Маркоска во стрит денс соло, Деана во техно денс соло, како и прво место во групна формација која ја сочинуваа: Ивана Богојевска, Ева Стојаноска, Андреа Мицеска, Калина Димитриеска, Марија Цветкоска, Исидора Петреска и Дора Алексоска.

Секоја чест за девојките и нивниот ментор Рубин Богојевски, кои каде и да се појават освојуваат грст награди.

Настапите на девојките можете да ги погледнете ТУКА

Светски познатиот македонски музичар Владимир Четкар: “Ако се уште молчите пред ова злocтopничко бришење на македонскиот народ вие сте само соучесници”

Фејсбук статус на еден од најпознатите македонски музичари во светот

-Ако сеуште молчите пред ова злосторничко бришење на Македонскиот народ и држава, ниту сте космополити ниту сте духовно просветлени, ниту сте политични ниту аполитични, ниту сте мудри ниту имате визија, ниту сте бизнисмени ниту сте уметници. Ако сеуште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на Македонскиот народ и држава! – напиша Четкар на својот Фејсбук профил.

Илија Димоски го “нокаутира” Буjaр Османи

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димоски

Отворено писмо до Бујар Османи…

Ги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар. Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш.

Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи.

Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците. Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери, туку да ти покажа и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е.
Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:

Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во “Преспа” пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.

Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.

Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со “Преспа” забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.

Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.

Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци, исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немаме никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види “Преспа”, член 7).

Шесто, како би ти било да правиш “мали” компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми
исто онака како што секојдневно преговарате “мали” компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.

Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш. Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.

Застани и размисли. Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас.

На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш. Застани. Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори. Застанете. Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците, но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес.

Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија.

Поздрав, Илија

Одлична вест за родителите од Прилеп чии деца се ставени на чекање: Привршува новата детска градинка во Точила (Фото галерија)

Речиси при крај е изградбата на детската градинка во населбата Точила во Прилеп. Камен темелникот за оваа градинка беше поставен во април минатата година, а ветувањата од тогашните власти беа дека ќе биде завршена со изградба до Нова година.

Објектот според тогашните најави е вреден 133 милиони денари, а ќе има капацитет за 252 деца. Според најавите градинката ќе биде модерен енергетски ефикасен – самоодржлив и прилагоден на современите стандарди за вакви установи.

Ова е добра вест за прилепчани чии деца се ставени на чекање поради исполнетоста на капацитетите во детските градинки.

Бypна ноќ за полициjaта во Прилеп: Teпачка, кpaжба, апceње…

Oд полицискиот билтен со дневни настани на МВР

-На 03.07.2022 во 02.15 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од слобода Т.М.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) од Кривичниот законик.

-На 02.07.2022 во 18.00 часот во ОВР Прилеп, Д.С.(30) од Прилеп пријавил дека, додека бил во Битола, бил физички нападнат од З.Д.

-На 03.07.2022 во 05.30 часот во ОВР Прилеп, А.В.(22) од Прилеп пријавил дека околу 00.30 часот пред угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од лицето Б.„Н“.

-На 02.07.2022 во 21.53 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на бензинска пумпа во Прилеп едно лице со закана кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи – информираат од СВР Битола.