дома блог страница 1507

Апасиев: Утре дојдете масовно пред Влада! Ќе го посетиме и Пендаровски, а ќе има и уште едно изненадување! (Видео)

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, денеска пред Собранието на Република Македонија.

-Еве да ви го кажам сценариото, утре ќе го поминат на Влада ( францускиот предлог) и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето.

Мислам дека тие не го очекуваат тоа, ќе сакаат да го поминат на Собрание, и мислам дека шверцератот на Талат Џафери ќе си го направи своето, мислам дека нема да го пуштат на комисија, знаат дека таму ќе има тепачки ќе го тават на пленарна седница, тоа ќе трае неколку дена.

Го повикувам секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог.Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник среда.

Уште еднаш апел: ДОЈДЕТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ УТРЕ ПРЕД ВЛАДА КОГА СЕ НОСИ ОВОЈ КВИСЛИНШКИ ПРОТОКОЛ, со кој ние се обезмакедончуваме, стануваме Курди. Не дозволувајте за вас да одлучуваат корумпирани политичари, рече Апасиев.

Летaa јајца и тоалетна хартија, граѓани ја пробија заштитната ограда пред Владата, полициjaта направи кopдон (Видео)

Ескалираше состојбата пред Влада на денешниот протест против францускиот предлог.

Група демонстранти меѓу кои и Димитар Апасиев, Борислав Крмов, фрлаат со јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата.

Може да се забележи дека е турната дел од оградата пред Владата, а полициските сили веќе се распоредени пред Влезот на Владата.

Следете ја ситуацијата во живо на слениот линк:

Ламбе настапи на пpoтecтот пред Влада и го запали францускиот предлог: “Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка”

Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна беше лишен од слобода, па ослободен за подметнување на пожар во таканаречениот културен центар Ванчо Михаилов во Битола, вечерва настапи на протестот пред Владата на Република Македонија, на кој што исто така имаше и говор пред насобраните Македонци кои што веќе трет ден по ред протестираат против францускиот предлог.

Инаку, на Алабаковски првично му беше определен ефективен притвор, но под притисок на јавноста судот ја менуваше одлуката на два пати, односно беше пуштен во домашен притвор, па пуштен да се брани од слобода односно му беа определени мерки за претпазливост.

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.

Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.

Mицкоски: Утре ќе го прифатат францускиот предлог на Влада, излезете сите од цела Македонија (Видео)

Од наши извори дознаваме дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог, рече денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите.

Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.

– Според нашите информации, утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата – рече Мицкоски.

Тој ги повтори неговите барања до премиерот Димитар Ковачевски дека ќе се откаже од предвремени избори доколку Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.

Ванхојте им се обрати на Македонците: “Прифатете го предлогот”

Поранешниот евроамбасадор во земјава, Петер Ванхауте, на Фејсбук објави „Отворено писмо до граѓаните на Северна Македонија“, во кое ги повикува граѓаните да дадат поддршка за францускиот предлог за почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Го пренесуваме отвореното писмо во целост:

„Со интерес ја следам дискусијата меѓу вашата земја и Бугарија. Денес, благодарение на францускиот предлог, можен е сериозен напредок. Да, Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ. Ја почитувам храброста на вашата влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно.

ЕУ е вашата иднина. ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување.

Го разбирам националистичкиот негодување од некои политички партии. Ниту едната опозиција, нивната улога е да се спротивстават – и да бидеме на чисто: секогаш е полесно да се спротивставиш на одлука на власта отколку да се согласиш со неа и да ја поддржиш. Играњето на емоции во вакви случаи е уште полесно. Но, не правете го тоа овој пат: ајде сега да се фокусираме на интеграцијата на вашата земја во ЕУ и како сите ќе имаме корист од ова. Да ги избереме вистинските приоритети за нашата иднина.

И до националистичката опозиција: денес Северна Македонија е вистинска национална држава, со специфична култура, своја историја и признати официјални јазици и заедници. Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина. Заслужувате еден ден да станете членка на ЕУ, вратата е отворена, затоа ве молам, повелете!

А за преостанатите прашања меѓу вашата земја и Бугарија, ако има проблем, има и решение. Продолжете да разговарате едни со други за да се договорите за решенијата и за патот напред. Вашата влада има многу компетентни министри кои ќе продолжат да им служат на вашите интереси. Уверен сум дека тие ќе испорачаат и активно ќе се вклучат во интеграцијата во ЕУ, заедно со Комисијата на ЕУ и претставниците на земјите-членки на ЕУ“, пишува Ванхојте.

Заврши 14-та ликовна колонија “Дрен 2022”, твореа 22 уметници

Заврши 14 – та ликовна колонија Дрен 2022 што ја реализираше ЦК „Марко Цепенков“ со финансиска поддршка на Министерството за култура. Твореа 22 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство, кои создадоа 30 слики и седум скулптури.

Своите инспирации на платно и во скулптура ги преточија Мирослав Живковиќ од Србија, Беди Ибрахим, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров, Слободан Милошевски, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Филип Перески, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Бони Барутовска, Бојана А. Трпческа, Филип Јовески, Методи Исков, Славчо Павлески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Александар Џинго, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Марјан Стојаноски и Сарита Конеска.

На завршницата на колонијата на уметниците им беа доделни пригодни благодрници за учество, а беа изложени и сработените дела.

Уметниците не го криеа своето задоволство од учеството на колонијата. Велат дека Прилеп е инспиративен град, дека одлично се дружеле, твореле и размениле мислења за уметноста, а домаќинот ЦК „Марко Цепенков“ бил одличен организатор.

Изложбата на делата создадени на годинашната колонија Дрен 2022 ќе бидат претставени на изложба на есен. Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

И синоќа aпceња на на фестивалот во Дојран, меѓу нив и еден прилепчанец

Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии при МВР и Единица за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии при СВР Скопје извршиле контpoла и ги лишиле од cлобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дpoга.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Кога победата ти значи повеќе од се’: Aтлетичар се фpли на целта и победи во фотофиниш (Видео)

Португалски атлетичар покажа како изгледа кога некој сака да победи на трка по секоја цена.

На шампионатот на Португалија во атлетика, на трката на 110 метри со пречки, Жоао Вито Оливеира од Бенфика, „го остави срцето на тартанот“. Неговиот победнички скок напред во финишот, стана вирален на интернет.

Оливеира во последните метри беше изедначен со ривалот од Спортинг, Абдел Ларинага, и тогаш следуваше „суперменски“ потег со кој се прослави.

Ваков потег е дозволен според правилата, па Оливеира е прогласен за победник.

Maркукуле прв дознава: Еве каде ќе ја продолжи кариерата Илија Несторовски

Иако изминатиот период се поврзуваше со потпис за Лече, Каљари, Вотфорд, како и со потпис за некој од клубовите од Обединетите Арапски Емирати, Илија Несторовски сепак останува во Удинезе.

Како што ексклузивно дознаваме, популарниот “Нестор гол” ќе потпише договор на уште една година, со можност за продолжување на уште две години.

Несторовски беше слободен играч по завршувањето на сезоната, а според дел од италијанските медиуми најмногу во своите редови го посакуваше тимот од Сардинија, Каљари, кој сезонава испадна од Сериа А.

Сепак, Несторовски ќе продолжи да игра во најелитното фудбалско друштво во Италија и ќе остане во тимот од Удине.

Ќе живнеме оваа недела: Дизелот поевтинува за половина денар, а бензинот за денар

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.

-Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24.

Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите.

Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.