дома блог страница 1501

Албанец на пpoтecтите порачува: “Cмpт на фашизмот, cлобода на нapoдот, да живee вечна Македонија” (Видео)

Доказ дека соживотот е возможен и дека муслиманите и Албанци и Турци и сите останати ја почитуваат и сакаат Македонија е токму еден наш сограѓанин, Насуф Исеини, чија изјава стана вирална на Твитер.

Исеини во краткото видео вели “Смрт за фашизмот, слобода на народот. Да живее вечна Македонија”.

Ваквиот став дефинитивно е позитива на денот во време кога заради испади на поединци и политички тензии се создаваат и непотребни меѓуетнички тензии.

Погледнете го видеото во продолжение:

Новинарот на Вимблдон: “Доаѓаш од Северна Македонија”, Kaлин: “Доаѓам од Македонија” (Видео)

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по елиминацијата од Вимблдон даде интервју за британските медиуми во кое рече е задоволен од постигнатото и оти со неговата игра може да победи секого.

Кога водителот му рече дека доаѓа од Ceверна Македонија, тој на два пати рече дека доаѓа од Македонија.

Николоски: Ова се трите чекори со кои ќе спречеме асимилација и бугаризација на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, ги објасни трите чекори преку кои ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека нема да дозволат како најголема политичка партија да се случи асимилација на Македонија и македонските граѓани со францускиот предлог кој што владата на СДСМ, Ковачевски, Османи и Маричиќ се обидуваат да го протнат по секоја цена.

Николоски рече дека првиот чекор е масовност на протестите и ги повика сите граѓани кои што се двоумат да се приклучат на протестите бидејќи како што рече потребна е народна поддршка.

Планот е едноставен и јасен составен од три чекори. Првиот чекор е масовни протести, мора да продолжат протестите и да се масовни. Многу сум благодарен на сите што излегуваат, ги поканувам да продолжат да излегуваат. Сите оние кои што сакаат да излезат а се двоумат дали да излезат дојдат и да ни се приклучат, рече Николоски.

Вториот чекор е брзи предвремени избори, да ја срушиме оваа влада во следните неколку недели со цел да можат да се случат на есен брзи предвремени избори со цел целиот овој договор да не биде прифатен, потенцираше и додаде дека третиот чекор е уставна блокада, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на ставот дека не прифаќа отворање на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во него со што францускиот предлог пропаѓа.

И третиот чекор е блокада на уставните измени, односно без ВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство, не може да се смени уставот, а доколку има предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има апсолутно мнозинство и воопшто нема да разговараме за промена на Уставот. Тоа се трите чекори за кои ни треба народна поддршка, посочи потпретседателот Николоски.

Полициjaта и родители во заедничка paциja низ битолските локали и паркови: Кај едно лице пpoнајдена мapиxyaна (Фото)

На 08.07.2022 во временскиот интервал од 22.00 до 01.00 часот, во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од советот за малолетничко престапништво од Општина Битола извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници. Оваа активност е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои се изложени нивните деца при злоупотреба на алкохол, дрога и цигари.

За време на контролата извршени се легитимирање на лица, прегледи кај младата популација, при што едно лице е лишено од слобода, бидејќи при преглед кај него беше пронајдена марихуана. Имено, во Градскиот парк е приведен Н.Х.(22) и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави кај младата популација.

Прилепската гимназија оштетена за 200.000 денари: Вработен украл над 2 тони нафта

Околу два тони нафта биле украдени од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ во изминативе денови.

Директорот Рубин Матески вели дека грабежот е дело на вработен во училиштето, а истиот во моментов е суспендиран, додека пак случајот е пријавен.

Имено, тие на безбедносните камери го виделе вработениот како изнесува нафта, откако претходно забележале истурена нафта кај влезните скали.

-На 06.07.2022 во ОВР-Прилеп пријавено е дека во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп забележано е како пред влезните скали има истурено нафта. Непознато лице со подесно средство ја отворило влезната врата од училиштето потоа со подесно средство ја отворил влезната врата од котларата, наполнил нафта и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и откривање на сторителот, велат од СВР Битола.

Според проценката, гимназијата била оштетена за околу 200.000 денари.

Oд МВР велат дека блокиpaњето на автопати било спротивно на законот

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.07.2022) во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека: „Во знак на протест ВМРО-ДПМНЕ организира блокади на улици на ден 8 јули (петок), во период од 13.00 до 14.00 часот“.

Во известувањето се наведени маршрути, т.е. локации на блокадите и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири. Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“.

За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот.

Оттука, со цел навремено и објективно информирање на јавноста, Министерството за внатрешни работи потсетува на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири.
Согласно, член 2-а од Законот: „Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:

– до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните,
– до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и
– на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“.
Во членот 4 од истиот закон стои: „Заради заштита на правата на граѓаните, нормалното одвивање на сообраќајот, снабдувањето на населението со лекови, храна, гориво и слични неодложни потреби, како и заради почитување на обврските од меѓународни договори, организаторот на јавниот собир е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба.

Доколку организаторот побара, а Министерството за внатрешни работи определи обезбедувањето на одржувањето на редот на јавниот собир да го врши полицијата, трошоците за тоа обезбедување ги поднесува организаторот.
Организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот.
Во случаите од став 3 на овој член, организаторот е должен веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи“.

Во интерес на јавноста е потсетување на уште еден член од законот со кој е уредена оваа материја, и тоа член 6, според кој: „Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавен собир во случаите кога истиот е насочен кон:

– загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните;
– вршење или поттикнување на вршење кривични дела утврдени со закон и – загрозување на животната средина.
Министерството за внатрешни работи ќе го прекине одржувањето на јавниот собир во случај кога неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот.“

Ова дотолку повеќе што во известувањето од страна на организаторот се најавени блокади на автопати и магистрални патишта, и тоа: пат кон Прилеп, патни правци од Радовиш кон Струмица и од Штип кон Велес, што е во спротивност со наведените законски обврски.
МВР повторно со апел до јавноста да се почитуваат законите, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста.

МВР објави и линк од законот.

Голема акциja на прилепската шумска полициja: Фатени 5 автомобили натоварени со нелегално ceчени дpва (Фото галерија)

Во координирана акција на шумската полиција, синоќа кај местото Студенец над вештачкото езеро во Прилеп биле фатени 5 автомобили натоварени со нелегално сечени дрва.

Вкупно запленети биле 16 кубици дрва, а по документирање на сторителите ќе следуваат соодветни пријави.

Исто така на 05.07.2022 кај домот во населба “Тризла” било запленето уште едно возило натоварено со нелегално сечени дрва кое го управувал жител на Црнилиште.

Апасиев: Малолетници фрлале јајца -15 притвори, “Учки” пукаат кон толпа – 1 притвор – “Срам за цела правна фела”

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави статус на Фејсбук, откако беа изречени притвори за неколку лица поради инцидентите во претходните денови на протестот против францускиот предлог.

„ Малолетници фрлале јајца – 15 притвори.

Учки пукаат кон толпа – 1 притвор!?

Колеги од МВР, Обвинителство и Кривичен суд – СРАМ сте за цела правна фела!“, напиша Апасиев.

На протестот завчера се случи инцидент, кога неколку лица излегоа со opyжје кај проштадот „Скендербег“.

Блага Петреска: Безимен Македонец уште не е виден, така било, така и ќе биде

Доајенот на македонската народна песна Блага Петреска на Фејсбук објави стихови кои допираат до секој Македонец.

-И каменот гроб што крие има свое име и земјата што не храни има свое име, безимен Македонец уште не е виден, така било, така и ќе биде, пишува Петреска на Фејсбук.

Во овие бурни времиња кога Македонецот застанува во одбрана на својот идентитет, мало потсетување на нејзината музика.

Битолчанец фатен со 5 лица мигpaнти од Мароко

На 07.07.2022 во 18.25 часот кај местото викано ,,Преслап-Маково”, пред селото Маково, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С(46) од Битола.

При контрола во патничко возило „фолксваген шаран”, со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Мароко.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.