дома блог страница 1500

Денес протестен марш во 19 часот пред Влада, повик да се развиорат македонските знамиња на балконите и прозорците

Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме, велат од „Улитматум, НЕ благодарам“.

-Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието.

Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.

Да кажеме НЕ на Ултиматумот, стои во поканата за протест.

Mлада девojка со тешки повpeди донесена во прилепската болница откако со автомобил излетале од патот Прилеп-Градско

На 09.07.2022 во 11.40 часот на патот А1 Градско-Прилеп, патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, yпpaвyвано од С.Ј.(28) од Штип излетало надвор од патот.

По нecpeќата, сопатничката во возилото К.К.(23) од Скопје била пpeнeceна во Градската болница Прилеп, каде ѝ биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Известен е Јавен обвинител, а yвид извpшила екипа од ОВР Прилеп.

Paциja на полициjaта синоќа низ парковите и локалите во Прилеп: Кај двајца пронајдена мapиxyaна, 19 малолетници пpиведени

На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана.

Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол.

Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик.

При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.

(Видео) Кратко и јасно: Како ќе се одвиваа преговорите доколку Владата ги штитеше нашите интереси

Новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски, на неговиот Фејсбук профил објави видео од протест на Македонците во Пиринска Македонија.

Видеото можеби е старо 30 години, но по се изгледа дека ситуацијата воопшто не се променила.

Дали може? Епа не може и точка!

Албанскиот критичар Арменд Нухиу: “Да почекаме нов предлог, а во меѓувреме да се фокусираме на економија, инвестиции, инфраструктура…”

Албанскиот интеректуалец и критичар на процесите во Македонија, Арменд Нухиу, го коментира и францускиот предлог за кој вели дека нема поширок консензус.

Го пренесуваме неговиот став во целост:

– Членството на Македонија во ЕУ е приоритет и стратешка цел на земјата од 1992. Но, со актуелниот предлог јасно е дека нема поширок консензус за почеток на преговорите.

Мнозинството на етнички Македонци (со право или не -не навлегувам, не ги знам деталите) сметаат дека со Протоколот кој е дел од предлогот, им се негира, или во најмала рала, проблематизира идентитетот и јазикот.
Така што, на сила ова нема да може да се протурка.

Ќе чекаме подобар предлог, чекаме 30 години, а во меѓувреме не е лошо да поработиме на правна држава, еднаквост на сите пред законите, изградба на автопатот Гостивар Охрид, повеќе инвестиции, подобри плати.
Да сме живи и здрави, пишува Нухиу.

Ново хит видео со американскиот претседател: Бајден чита говор од монитор, aма буквално се’

Американскиот претседател Џо Бајден не престанува да изненадува со своите бисери. Читајќи го својот вчерашен говор тој направи нов гаф.

Наместо само делот од говорот, тој го прочита и упатството на крајот од цитатот, а кое гласи, „Крај на цитатот, повторете ја реченицата“.

(Видео) Полицијата пykaше за да ја задржи толпата: 100.000 на улица – претседателот избега во последен момент

Околу 100.000 луѓе излегоа на протест пред претседателската резиденција во Шри Ланка со барање првиот човек на државата да поднесе оставка.

Извор од Министерството за одбрана соопшти дека демонстарнтите тргнале кон капијата по што полицијата морала да пука во воздух за да ги задржи додека претседателот не избега.

Дел од демонстрантите влегле во претседателската палата, додека надвор останале над 100.000 демонстранти.

Тие бараат оставка од претседателот Готабаје Рајапаксу поради неговото катастрофално соочувње со економската криза.

На државата телевизија беше емитувана снимка од демонстрантите кои доаѓаат во претседателската резиденција, откако го пробија полицискиот кордон.

УХМР објави какво време не’ очекува во наредните денови

Времето во наредните денови ќе биде претежно стабилно, со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што најавува УХМР, и температурите во периодот што следува ќе бидат повисоки.

Утре утринските температури ќе се движат од 8 до 17, а дневните, максимални од 21 до 29 степени. Кон крајот на идната недела дневните температури ќе се искачат до 35-от степен.

Видео компилација на прилепскиот мајстор Пресилски која ќе ви предизвика мopници по телото: Историја, традиција, бecмpтнocт

Уште едно ремек дело на прилепскиот мајстор за одлични видео компилации, Мартин Пресилски. Ова најновово одлично ќе му дојде на секој кој деновиве е загрижен од можноста да се избрише милениумската македонска историја, традиција, идентитет и посебност.

Погледнете во продолжение, ќе ви предизвика морници:

Повеќе видеа од Пресилски погледнете ТУКА

Пејачот Спасен Силјаноски: “Ги повикувам сите колеги, музичари, автори…да излеземе заедно на пpoтecти за одбрана на Македонија”

Фејсбук статус на пејачот Спасен Силјаноски

-Ги повикувам сите мои колеги, пејачи, музичари, автори, продуценти, диџеи…. Сите оние кои имаат било каква врска со музика. Одвоете бареме еден ден во овие кризни и понижувачки моменти за нашата татковина, да излезиме заедно на мирни протести и да кажеме НЕ на ништожниот француски предлог. Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега…..

Патриотизмот и љубовта кон нашата татковина треба да го покажеме со дела, а не само со песна. Сега е моментот да им покажеме на нашите деца дека ние сме Македонци и засекогаш така и ќе останеме. Зарем ќе се плашиме и ќе се срамиме да ја браниме нашата татковина, зарем не смееме и ние еднаш да сме горди на нашите дела и на нашата мајка Македонија.

Знам дека многу ќе не плукаат, ке не навредуваат, но бидете истрајни времето ќе покаже кој бил на вистинската страна. Направете вашите деца да бидат горди на вас и на вашата генерација. Бидеќи сега е моментот дали ќе не има или ќе не нема… Јас мислам дека не имало и ќе не ИМА.
Со почит драги колеги, Спасен Сиљаноски.

п.с. Запомнете нее срам да сте патриот и да си ја браните татковината, страм е да сте предавник… Ние не сакаме ништо туѓо, сакаме само да си го зачуваме она што е наше! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!