дома блог страница 1499

Утре е Петровден, а во среда Павловден: Ова се народните обичаи поврзани со овие два празници

Утре е Петровден, а во среда на 13 јули е Павловден, со кој се поврзани многу обичаи.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

(Фото) Топката која Иван случајно ја нашол во морето и го одржала 20 часа во живот

Топката што случајно ја нашол во морето на Халкидики го одржала во живот цели 20 часа. Новите слики ги доловуваат кошмарните моменти доживеани од тројцата Македонци, во време кога потрагата по третото 28-годишно лице се уште трае.

Животот на 30-годишниот Иван му го спасил чудо или подобро кажано топката која ја нашол во морето додека се борел за својот живот на Халкидики. Топка на надувување која ја држел сите тие кошмарни часови за да се одмори и да добие сила.

– Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава, пишуваат медиумите.

Напладне се случи второто чудо. 30-годишниот Иван беше лоциран и спасен. Како што кажа, сиве овие часови ја држеше топката што ја гледате на следните фотографии и добиваше сила. Тој пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува.

„30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека беше искусен пливач му го спасија животот. Секако, голема улога имаше и топката што ја најде, која го одржуваше на површина. И тој одлично се снајде со ситуацијата, односно воопшто не се замори и не дозволи морските струи да го „поведат“ со себе, беше прилично мирен“, вели градоначалничката на Касандра на Халкидики, Анастасија Чалкија.

Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Во четвртокот минатата недела, РКЕ одлучи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 да се намали за три денари.

За 2,5 денари се намалија и цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло
за домаќинство (ЕЛ-1) .

Цената на Мазутот М-1 НС се намали за 1,085 ден/кг и изнесува 51,564 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

Елена Ристеска ја пееше македонската химна во дворот на американската амбасада, а потоа напиша: “Јас знам за една Македонија без придавки”

Македонската поп ѕвезда, Елена Ристевска ја пееше македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4 јули, Денот на Америка.

-Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ , МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки( освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе , за еден јазик- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име- МАКЕДОНИЈА и еден народ- МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска – напиша Ристевска на својот профил.

Седми ден масовен пpoтecт: Ќе се опамети ли Владата? (Фото)

Граѓани со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата.

На булеварот „Илинден“ се уште стои паролата „Но пасаран“ испишана со црвени букви, а група млади луѓе со тапани го скандираат името „Македонија“. Може да се забележат и транспаренти „Сепак ние ќе победиме“ и „Стоп за бугаризација“, но главниот и најголем е „Со фашисти не преговараме“.

Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден.

Вчера, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам протест не се одржа, а не се организираше ниту во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје, на булеварот пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Протестите продолжуваат и во следните денови.

Во акциска контрола на МВР казнети 125 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола

Денеска (10.04.2022) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи.

Од нив 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Најдобриот фитнес центар во Прилеп на нова локација: “Elite Gym” ќе ви ја открие тајната за совршено тело

Одржувањето на здравјето и изгледот на телото е доста важно за сите нас. Но формулата и тајната за совршено тело можете да ја откриете само на едно место – “Elite Gym” во Прилеп.

Најдобриот фитнес центар во Прилеп се преместува на нова локација, во хотел Кристал Палас. Отварањето ќе биде на 18.07 (понеделник) во 17:00 часот, a присутните ќе имаат можност да уживаат во музиката на Cyrillic.

Фитнес центарот нуди приватен паркинг, одлични услови во просториите за тренинг, како и тушеви за вежбачите. Но она по што ќе се одделува од сите останати се едукационите настани кои периодично ќе се одржуваат во теретаната. На овие настани ќе учествуваат бодибилдинг шампиони и организации од кои ќе добивате совети за начинот на исхрана и вежбање.

Како општествено одговорен центар, “Elite Gym” ќе нуди посебни пакети за социјално ранливи категории, попусти за самохрани родители и студенти.

Доволно говори фактот што во теретаната ќе имате можност да добиете совет од четирикратниот шампион во бодибилдинг, Ангела Ѓелинческа, која е и една од сопствениците на центарот.

(Видео) Се ќе се случи само да ја расипи сезонана: Topнадо преврти чамец во Охридскo езеро

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено вчера во Охрид и може да се забележи силен ветар кој формира мало тopнадо.

Силниот ветер притоа успеа да преврти еден чамец, како што може да се забележи на видеото.

Но секако, со оваа објава немаме намера да ги обесхрабриме оние кои планираат ова лето да го поминат во најубавиот град на Балканот. Напротив, овие појави се исклучително ретки во Македонија и сосема безопасни. Во секој случај, би било добро доколку не се наоѓате во вода за време на вакви временски услови.

Ова е спасеното момче од Македонија – После 17 часа беше пронајден и изваден од вода (Видео)

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.

Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.

– Поточно, хеликоптерот на воздухопловните сили кој од утрото учествуваше во потрагата по двајцата исчезнати лица во Посеиди, Халкидики, лоцираше едно од двете млади момчиња во морето, на 14 наутички милји од копно (околу 26 километри). Тој беше превземен од блискиот брод под знамето на Гибралтар, а потоа брод на крајбрежната стража го презеде за да го однесе до пристаништето Неа Скиони, пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на newsit.gr, станува збор за 30-годишниот исчезнат, чиј татко и брат дошле од Скопје да учествуваат во потрагата.

– Всушност, тој беше пронајден во доста добра состојба, и покрај многуте часови што морал да плива, поголем дел нив во текот на ноќта, пишува порталот.

Групата од тројца млади луѓе летуваше на Халкидики. Вчера славеле роденден на пријател на плажата во Митис во Посеиди, нурнале во морето и исчезнале.

Со помош на сурфер, еден од групата прв беше пронајден жив уште вчера и пренесен во болница, без никаква опасност по неговото здравје.

Таткото и братот на исчезнатото момче кое беше пронајено денеска пристигнаа на Халкидики од Македонија.

Одличен настап и резултати на самбо клубот “Сеишин” од Прилеп на Балканското првенство во Софија

На 09.07.2022 во Софија Бугарија се одржа Балканско Првенство во Самбо.

Во склоп на самбо федерацијата на Македонија од Џудо и Самбо Клубот СЕИШИН-Прилеп учество зедоа 4 репрезентативци: Теона и Теа Настоски, Елеонора Илиоска и Јован Стојаноски заедно со тренерот Теодора Димеска.

На ова натпреварување со бронзени медали се закитија сестрите Теона Настоска -41 кг. и Теа Настоска -44 кг.

Одлични борби прикажаа и Илиоска Елеонора -54 кг. и Јован Стојаноски -53 кг. но не успеаја да изборат место на пидесталот на едно вакво силно натпреварување – информираат од прилепскиот клуб.