дома блог страница 1498

И на Албанија и’ се спрема “Преспански договор”: Нема во ЕУ без да го решат спорот со Грција

Независната дневна онлајн новинска агенција за Западен Балкан, dtt-net.com, со назнаката „ексклузивно“ објави дека Албанија има дополнителен услов за успешно одвивање и завршување на преговорите за членство во Европската унија.

„Дел од условите наведени за Албанија да постигне напредок за време на очекуваните преговори за пристап во ЕУ вклучува и решавање на спорот за поморската граница со Грција, според документот за преговарачката рамка виден од dtt-net.com, изготвен од француското претседателство со блокот минатиот месец, покрај другите редовни барања кои се однесуваат на Копенхашките критериуми и тековниот Процес за стабилизација и асоцијација (САП)“, се вели во веста на агенцијата.

Во 2009 година двете земји постигнаа договор за разграничување на континенталниот гребен меѓу нив, но сегашниот албански премиер Еди Рама, тогаш во опозиција, го оспори договорот пред Уставниот суд на Албанија, тврдејќи дека тој ѝ дарува на Грција 225 квадратни километри албански територијални води и дека е неуставен. Судот се согласи во 2010 година, влошувајќи ги односите меѓу балканските соседи.

Рама ја презеде власта во 2013 година, но долгогодишните разговори со Грција оттогаш не успеаја да го решат проблемот, што доведе до најава во октомври дека тие ќе бараат пресуда од Меѓународниот суд на правдата.

Американските дипломатски документи што протекоа во 2011 година тврдеа дека грчката влада ја уценувала Албанија да прифати неповолен договор користејќи го правото на вето што Атина го има за проширувањето на ЕУ.

Според поранешниот министер за надворешни работи на Рама, Дитмир Бушати, разговорите станале потешки кога конзервативната партија Нова демократија се врати на власт во Грција во 2019 година.

Професорот Дескоски побара на протестите да не се користат знамиња со сонцето од Кутлеш: “Тоа e хеленски, а не наш симбол”

Професорот Тони Дескоски на Фејсбук напиша дека според него организаторите на протестите треба да ги отстранат знамињата со сонцето од Кутлеш.

– На сите фотографии од протестите против Францускиот предлог доминираат знамиња со Сонцето од Вергина.

Тоа е и ќе биде обилно злоупотребено од Бугарската дипломатија како доказ за нашата наводна неискреност спрема соседите. (За Грците веќе сите знаеме дека педантно ќе го документираат и употребат кога ќе им треба)

Би било добро организаторите на протестите да поведат сметка за отстранување на овие знамиња со ваквиот симбол.

Тој се наоѓаше на државното знаме само три години. Веќе 27 години не е државен симбол, а историски не е поврзан со ниту еден настан или процес кој довел до создавање на Македонската нација и држава (за која се изборија партизаните во НОВ). Македонскиот народ никогаш не го користел истиот.

Нема ниту една причина да вееме хеленски симболи од античко доба. Си имаме свои симболи под кои нашите дедовци лееле крв за Македонија. Си имаме и државно знаме со поинакво сонце, напиша Дескоски на Фејсбук.

Огpoмен pacт на бројката на позитивни од Koвид: Ова е состојбата по градови

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022):

Направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (520), регистрирани се 137 реинфекции.

Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022

Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.

Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645

Осми пpoтecт во Скопје – не се гледа крајот на реката народ (Видео)

Пред Владата вечерва осми ден под мотото „Ултиматум, не благодарам“ продолжија протестите против францускиот предлог.

Учесниците на протестот со македонски знамиња се движеа од Владата кон Министерството за правда до Собранието како крајна дестинација.

Протестите се одржуваат секој ден со исклучок на саботата кога не се одржаа поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам и во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Битолчанец огpaбил златapa, па за кpaтко време потоа заврши во пpитвop

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(31) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 29.06.2022 во Битола, пријавениот од златарница одзел две кутии со златен накит, но набргу потоа бил фатен и приведен, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола определена му е мерка притвор.

Имал само “голф петка”: Миле Талевски е “најсиромашниот” пратеник од власта

Пратеникот од СДСМ Миле Талески, барем според прикажаното во неговиот имотен лист, е најсиромашниот функционер во владејачката партија – пишува порталот “ДЕНЕШЕН.МК”

Според имотниот лист на Талески тој е сопственик само на едно старо возило, без никаков друг имот.

Од официјалниот документ на Антикорупциската комисија се гледа дека Талески како имот пријавил дека поседува само возило марка голф 5 кое чини околу 2.800 евра.

Талески, кој живее во Прилеп, нема пријавено куќа, стан, некаков друг личен имот или на сопругата, децата, блиските роднини или банкарски сметки.

Најсиромавиот пратеник Талески годишно заработува околу 13.000 евра, без сумата што ја добива за превоз од Прилеп – пишуваат од порталот.

Извор: “ДЕНЕШЕН.МК”

Ќе гpми цела Пелагонија: 36-та Петровденска иселеничка средба во преубавиот црковен храм Св. Тодор во Долно Српци

Утре на Петровден највесело како и секоја година ќе биде во Црковниот Храм на Св. Тодор – во битолско Долно Српци.

Ќе се одржи триесет и шестата Петровденска иселеничка средба, манифестација на која секоја година доаѓаат голем број гости.

Оваа година гостите ќе ги забавуваат еден од најдобрите пејачи во Македонија, Спасен Силјаноски и оркестар “Фаворити”.

Дворот на прекрасниот црковен храм и оваа година ќе биде претесен. Ќе се пејат македонски песни, ќе се игра оро…

За тие што не знаат Долно Српци се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е сместено на десниот брег на реката Црна Река и се наоѓа на надморска височина од 640 метри.

Од Битола селото е оддалечено 21 км. Црквата Св. Теодор Тирон е главната селска црква, која изобилува со посеба убавина и раскош.

Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.

Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година. Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација. Денеска црквата е одново возобновена и има бела фасада, наместо розева како пред ударот од гром.

Еве како беше минатата година:

Дизелот рамно на стотка: Регулаторна ги намали цените на гopивата за 0,85%

Минимално намалување на цените на горивата одлучи да има Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 7.07.2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.

Од 12.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 107,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)

Сега и официјално: Познати сите изведувачи и нивниот редослед за настап на четирите фестивалски вечери на “Пиво Фест”

Прилеп по 18. пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022“.

Годинава „Пивофест“ ќе има четири фестивалски вечери, со две сцени, една главна и една алтернативна, а најголем акцент е ставен на македонската музика и македонските изведувачи.

„Пивофест“ ќе се одржи од 14 до 17 јули, a програмата за сите фестивалски вечери на главната и на алтернативната сцена, распоредена по денови, изгледа вака:

Четврток, 14 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.00 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.

Петок, 15 јули, програмата на главна сцена започнува во 19.00 часот, а настапуваат: Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Brothers, додека пак на алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noodle и Lili Diva.

Сабота, 16 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Ламбе Алабаковски, Некст Тајм, Лозано, Суперхикс, Хари Мата Хари и Вера Јанковиќ, додека пак на алтернативната сцена ќе настапат момците од ROOMMANIA: DJ Mitrik, DJ Alexandar и DJ Dimitr.

Недела, 17 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Никола Зацевски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Темпера, Меморија, Галија, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Babura Junior.

За повеќе детали следете ги официјалните профили на фестивалот на социјалните мрежи Фејсбук: https://www.facebook.com/pivofest2022 и Инстаграм: https://www.instagram.com/pivofestprilep/ .

И тоа го има: Хрват казнет затоа што се скарал сам со себе во локал

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе. Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе.

Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“.

По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.