дома блог страница 1496

Еврото и доларот се изедначија, првпат по 20 години

Еврото и доларот се изедначија по 20 година, првпат по 2002 година едно евро вреди еден долар.

Вредноста на еврото се намали за 12 проценти во споредба со неговата вредност на почетокот на годината. Со ова еврото се изедначи со доларот.

Исто така со падот на вредноста на еврата, сега истото има најслаба вредност во однос на доларот од зимата 2002 година, односно од пред дваесет години.

Аналитичарите сметаат дека еврото би можело дополнително да падне ако скокот на инфлацијата во САД ги наведе инвеститорите да се обложат на високо зголемување на каматните стапки на федералните резерви.

Економистите предвидуваат дека американската инфлација во јуни ќе изнесува 8,8 проценти на годишно ниво што е највисоко во последните 40 години.

Денеска е Павловден: Честит и вековен именден Павле, Павел, Павлина…

Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

До понеделник изменет сообраќаен режим во централното градско подрачје на Прилеп

Од вчера, 12 –ти јули до 18-ти јули, Прилеп заради потребите на Пиво – фестот 2022, воведува нов сообраќаен режим, во централното градско подрачје.

За сите оие кои планираат да го посетат Прилеп овие 7 дена, но и за прилепчани кои сакаат да ги корисат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата „Пиво фест“ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите , во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска , дел од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ ќе биде затворен , а сообрајќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.

Воедно, оние кои пак планираат да го посетат фестивалот на пивото и скарата од другите градови во четирите фестивалски денови, паркинг простор ќе има доволно, зашто се обезбедени над 12.000 паркинг места . Цената на дневниот билет за паркинг простор ќе изнесува 80 денари , од која Советот на Општина Прилеп едногалсно донесе одлука 30 денари да одат за хуманитарни цели.

Прилепски бренд со светски квалитет – понуда од над 250 производи: Нарачајте он-лајн!

Oд мала семејна фирма со неколку вработени во 2006 година, до денешен прилепски бренд со над 70 вработени кој произведува 250 различни видови на парфеми.

Веќе погодувате дека се работи за одличните “Еxtreme” парфеми на компанијата Бирн 2002 ДООЕЛ oд Прилеп, бренд и гордост на нашиот град кој е распространет низ целата држава.

Компанијата која успешно и вредно работи на македонскиот пазар има сопствена дистрибутивна и комерцијална мрежа на големопродажба низ цела држава и располага со два магацини во Прилеп и Скопје.

Во понудата на 250 различни видови на парфеми ќе пронајдете брендови како Мошус, Релакс, Ефект, Екстрим…

Целата оваа лепеза на производи кои добиваат само пофалби од корисниците, можете да ја погледнете на нивната одлично скокцкана веб страна, каде и можете да направите нарачка по значително пониски цени.

Покрај огромната понуда на различни парфеми, спектарот на компанијата во 2020 година е проширен и со козметички производи за лице, очи, усни, маникир и педикир.

Цените се пристапни и достапни за сечиј џеб, а особено атрактивни се сетовите спаковани во прекрасни несесери со персонализирани честитки.

Едноставно не постои подобар подарок за вашите најблиски. Чувстувајте се привлечно со неодоливите мириси на “Еxtreme”, купувајте прилепски производи со светски квалитет.

Парфемите “Еxtreme” се достапни и во секоја помала или поголема продавница, како и во сите парфимерии. Побарајте ги, верувајте нема да згрешите!

Целата понуда погледнете ја ТУКА

28-годишна Македонка во Хрватска го заборавила детето во пpeгpeaн автомобил

Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало само во прегреан автомобил на државјанка на Македонија, при пеколни температури кои ја зафатиле земјата.

Детето било пренесено во болницата во Пула за укажување лекарска помош, со оглед на тоа што извесно време поминало во возилото. Кога го нашол полицаецот, детело плачело, било испотено и имало висока теленска температура, пренесуваат хрватските медиуми.

Околу 14 часот полицијата добила дојава од граѓани дека на улицата „Марулиќева“ во градот во возило марка „БМВ“ имало дете, по што веднаш била испратена најблиската полициска екипа. Полицајката успеала да ја отвори вратата ставајќи ја раката низ делумно отворениот прозорец и го извлекла детето од возилото, појаснуваат хрватските медиуми.

Против 28-годишната државјанка на Македонија, кој го оставила детето во автомобил ќе биде спроведена кривична истрага.

Полициската управа на Истар ги предупредува граѓаните да не ги оставаат децата сами во возилата бидејќи последиците може да бидат смрт или сериозно нарушено здравје.

Народот не отстапува: Илјадници и вечерва на пpoтecт пpoтив францускиот предлог (Фото)

Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ вечерва во Скопје продолжија протестите против францускиот предлог.

Илјадници граѓани по деветти пат излегоа на протест да го кренат својот глас против неправдата која се сервира пред Македонија.

Се пееја македонски песни, се вееја македонски знамиња, народот покажа сплотеност и решителност.

Рамо до рамо со останатите граѓани беа и низа политичари од опозицијата – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите на партијата, градоначалници, пратеници…

Слика која полни срце и душа: 36-та Петровденска средба во црквата Св. Теодор Тирон во битолско Долно Српци (Фото/Видео)

Во дворот на црквата Св. Теодор Тирон во битолско Долно Српци, вечерва се одржува традиционалната 36-та по ред Петровденска средба.

Стотиците верници ги забавуваат пејачот Спасен Силјаноски и група “Фаворити”. Се вие македонско оро, се пејат македонски песни…

Една македонска убавина која полни срце и душа.

Погледнете дел од атмосферата:

Жител на крушевско Норово yценyвал 25-годишна девojка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од село Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Во период од неколку месеци, пријавениот, преку лажни профили на социјални мрежи, испраќал пораки со непристојна содржина и уценувал 25-годишна девојка од гостиварско дека доколку не биде со него, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

Во четврток францускиот предлог влегува во Собрание

Францускиот предлог влегува во македонското Собрание!

81-та седница на Собранието се закажува за 14.7.2022 (четврток), со почеток во 13:00 часот, со точка на дневен ред “Информација од Владата на Македонија за францускиот предлог за европските интеграции”.

Владата одлучена да го протурка и покрај тоа што јавноста уште не знае што е договорено и какви последици тоа ќе остави на Македонија.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието се уште немаат излезено со официјална информација за седницата.

Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Се монтиpa фecтивалcката cцена во центapoт на Пpилеп (Фото)

Од утрово се монтира фестивалската сцена во центарот на Прилеп, каде од 14-17 јули ќе се одржи 18-то издание на најмасовната манифестација во Македонија, “Пиво Фест” 2022.

Четврток, 14 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.00 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.

Петок, 15 јули, програмата на главна сцена започнува во 19.00 часот, а настапуваат: Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Brothers, додека пак на алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noodle и Lili Diva.

Сабота, 16 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Ламбе Алабаковски, Некст Тајм, Лозано, Суперхикс, Хари Мата Хари и Вера Јанковиќ, додека пак на алтернативната сцена ќе настапат момците од ROOMMANIA: DJ Mitrik, DJ Alexandar и DJ Dimitr.

Недела, 17 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.45 часот, а настапуваат: Никола Зацевски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Темпера, Меморија, Галија, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Babura Junior.