дома блог страница 1495

МВР со препораки за “Пиво Фест”: Да не се точи алкoxoл на малолетници, да се внимава на пapичниците…

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека од 14.07. до 17.07.2022, за време на одржување на манифестацијата „ПИВОФЕСТ“ 2022, на подрачјето на градот Прилеп ќе воведе посебен режим на сообраќај заради безбедна реализација на планираните активности на фестивалот.

Централната манифестација ќе се одржи на дел од бул. „Гоце Делчев“, од крстосницата со ул.„Кузман Јосифовски“ до крстосницата на ул.„Прилепски бранители”. СВР Битола апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација од страна на полициските службеници, а жителите на градот Прилеп да ги користат поретко своите возила заради одржување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот.

Во интерес на безбедноста на сите граѓани на престојната манифестација, Секторот за внатрешни работи Битола ги упатува следните совети и препораки:

-Доколку се консумира алкохол, да не се управува со никакво превозно средство;

-Возилата да се паркираат на безбедни и означени места и да се следат упатствата на службите за паркирање и насоките на полициските службеници;

-Во автомобилите да не се оставаат вредни предмети, посебно не на видливо место, бидејќи тоа може да предизвика поголемо внимание на крадците;

-Да се внимава на паричниците и на мобилните телефони за да не дозволите да станете жртва на кражба;

СВР Битола укажува дека не е дозволено пукање со оружје, употреба на пиротехнички средства, учество во физички пресметки, предизвикување или поттикнување друг на физички напад, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во алкохолизирана состојба. Исто така, јавноста се потсетува дека забрането е уживање на опојни дроги и психотропни супстанци, како и точење на алкохол на малолетници.

За сите покарактеристични настани задолжително пријавете на телефонскиот број 112 или обратете се кај најблискиот полициски службеник.

Пејачот Миладиноски на вечерашниот пpoтecт: “Велат нè нема, а и во Македонија не нè признаваат, ама еве тука сме!” (Видео)

На денешниот протестен марш против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој продолжи по старата маршута Влада, Министерство за надворешни работи, македонско Собрание, се обрати и младиот музички уметник, Влатко Миладиновски.

Првично, тој настапи со својата песна „Велат не нема“, која една од најубавите понови македонски песни, чии автор се легендарните Тоде Новачевски и Крсте Наумовски, кои напишаа некои од најубавите македонски народни и забавни мелодии.

Текстот на песната ја опишува и актуелната состојба во која се наоѓа Македонија и македонскиот народ кој е негиран, почнувајќи од соседи, па и земјите во поширокото опкружување.

После интерпретирањето на песната, Миладиновски пред присутните македонски граѓани кои го искажаа револтот против бугарските барања кои се содржани во францускиот предлог, цитирајќи ја песната, истакна:

-Велат не нема и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Македонија не не признаваат, ама како што вели песната, еве сме. Велат не нема, велат дека не нема и во Егејска Македонија, велат дека не нема и во Пиринска Македонија и тука не не признаваат, ама само велат и тие сакаат да не нема. Меѓутоа, затоа песната вели „Велат не нема, ама еве сме, рече Миладиновски.

Пpoнajдена дpoга кај затвopeник во прилепскиот затвop

На 12.07.2022 во ОВР Прилеп, од Kaзнено – поправната установа Затвop Прилеп било пpиjaвено дека затвopcки cлyжбеници, при преглед на просторијата од ocyденикот Ф.А.(42) од Битола, пpoнашле мapиxyaна и гpyтчecта матepиja.

Полициски службеници излегле на местото и дpoгата била одземена за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Десетти ден потече река од народ по улиците на Скопје: Народот не попушта, власта не се пишмани (Фото галерија)

Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Народот и вечерва покажа сплотеност и решителност.

„Македонија не е на продажба, информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам! – порачуваат организаторите на протестот.

Илјадници граѓани застанати рамо до рамо вееја македонски знамиња и пееја македонски песни.

Како и секој ден, заедно со граѓаните беа и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Eвропската комисија напиша дека Фон дер Лајен ќе се сретне со “северномакедонскиот” претседател и ќе зборува пред “северномакедонскиот” Парламент

Европската комисија (ЕК) објави дека претседателката Урсула фон дер Лајен утре треба да има состанок со, како што објавија тие, „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“.

Фон дер Лајен утре во 13 часот треба да има обраќање во парламентот на Македонија, кој за ЕК стана „северномакедонски парламент“, барем така пишува во нивната објава.

На ЕК им требаа околу 30 минути за да го повлечат твитот од социјалната мрежа.

Кратко време потоа го избришаа твитот и истиот беше променет со следниот:

Во нова објава од ЕК на Твитер стои дека Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот и премиерот на Северна Македонија и дека ќе се обрати пред Парламентот на Северна Македонија.

Избегната тpaгедиja: Aвтобус со ученици и наставници се запалил на Стpaжа

Вчера околу 19.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема“, наведено е во полицискиот билтен.

Фатени на дело: Двајца прилепчани затекнати како кpaдат во фабрика и тоа среде бел ден

На 12.07.2022 во 12.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ќ.Ш.(40) и Р.А.(43), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при кражба на предмети од фабрика на ул.„Александар Македонски”.

Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против двајцата ќе следува соодветна пријава.

Диазепам, антибиотици… Македонија испрати xyманитapна помош за Украина

На крајот на јуни, Владата донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за Украина која се состои од лекови во вредност од околу 44.000 евра. Во одговор за Фактор, од Владата потврдуваат дека помошта е веќе пристигната во земјата, а македонските власти се подготвуваат да обезбедат уште една помош во лекови.

-Република Северна Македонија во координација со сојузниците во НАТО, а соодветно на потребите на Украина и нашите капацитети има дадено поддршка за Украина и Украинскиот народ. Веќе е реализирано испраќањето на хуманитарна помош за Украина.

Согласно нивните потреби, Министерството за здравство презема активности за обезбедување донации од лекови и медицински средства, и во соработка со Министерството за одбрана и амбасадата на Украина е организиран превоз и помошта е доставена до крајната дестинација. Инаку, веќе се преземаат подготвителни активности за реализација на уште една донација за обезбедување медикаменти и антибиотици.

Согласно одлуката на Влада, нашата држава во три наврати испрати и воена помош за Украина. Дали во следниот период ќе се испраќа дополнителна помош зависи од побарувањата, но пред сѐ во согласност со нашите капацитети, велат од Владата.

Пратката се состои од диезепами, антибиотици, антихистаминици и лекови за кардиоваскуларни заболувања.

Ќе цветаме: Директорот на ТИРЗ вели дека ќе се отвореле 5.000 нови работни места

Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3 000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

До крајот на годината, информира Деспотовски, се очекуваат инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5 000 работни места

Деспотовски истакна и дека се во завршна фаза разговорите за две нови инвестиции за што очекува детали да бидат соопштени до крајот на летото, а во почетокот на следната недела доаѓа делегација од американско-тајванската компанија со чии претставници веќе се направени подготвителни разговори.

– Конкуренцијата е доста сериозна. Станува збор за голема инвестиција, спомнав некаде над 250 милиони евра, така што ќе работиме до крајот на годината, бидејќи најавите од компанијата се до крајот на оваа година да има конечна одлука за тоа дали ќе се избере прво регионот во однос на Кина, а доколку се избере регионот дали тоа ќе биде Северна Македонија, Србија или Хрватска, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, минатата година просекот на платите во зоните првпат го надмина националниот просек.

-Дали се платите на задоволително ниво? Мојот став е дека не се. Сакам и очекувам и ќе работиме на тоа да растат уште подинамично. Добро е тоа што во Европа има компании кои се подготвени да платат и 30 проценти повисока плата од просечната, зборуваме за почетна позиција на работно место со средно образование, така што сметам дека имаме можност со паметен пристап и со развој понатаму не само кај постојните компании да поттикнеме дополнителен раст на платите, туку и во зоните да донесеме компании кои реално имаат можност заради дејноста што ја вршат, да плаќаат навистина поголеми износи, истакна Деспотовски.

На прашањето дали има доволно работна сила за фабриките во зоните, тој одговорни потврдно, изразувајќи уверување дека во некој краток или среден рок се уште ќе може да се одговори на потребите на компаниите.

-Се уште има, иако мислам дека не сме многу далеку од моментот кога ќе се соочиме реално со недостаток. Сега зборуваме за неколку крупни инвестиции што ги планираме до крајот на оваа година, тежината е некаде над 400 милиони евра и кои ќе ангажираат сигурно над 5 000 работни места. Тоа значи дека и со постојните кои се уште имаат работни места што треба да се пополнуваат, реално ќе се направи притисок на пазарот на трудот. Верувам дека имаме се уште резерви, дека има добар дел од младите луѓе кои се уште можеби не целосно ги согледуваат можностите што ги нудат компаниите во зоните, така што ќе се обидеме тие можности да ги донесеме што е можно поблиску до нив, рече директорот.

За новопечени домаќинки: Еве како да се спаси пресолена манџа

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено… Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот.

Морков, кромид или компир

Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе ја собере вишокот сол.

Јаболко

Според умешноста на искусните готвачки – нашите баби, и јаболкото може да послуж за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла.

Вода

Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач или скроб, или пак, бешамел-сос.