дома блог страница 1494

Мицкоски: “На Фон Деј Лајен и’ покажав слики од злocтopcтвата на бугарскиот фашиcтички окyпaтop” (Видео)

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ денес во канцеларијата на ЕУ имаше средба со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, по средбата одржа прес-конференција за да ја запознае јавноста со ставовите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на таа средба, а се поврзани со говорот на претседателката на ЕК во македонскиот Парламент и обраќањето кон македонската јавност бидејќи таму немаше можност за дебата.

-Имавме билатерална средба и на истата беа презентирани позициите на ВМРО-ДПМНЕ.На средбата беа презентирани следните три позиции на ВМРО-ДПМНЕ.Бидејќи одговорот на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен во македонскиот Парламент слушнавме дека практично ако помине ова кое што го промовира Владата на СДСМ и ДУИ ќе имаме одржување на меѓувладина конференција, дилемата која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна: Во членот 11 од документот наречен EU Common Position или заеднички став на ЕУ јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека повторувам се додека не биде променет Уставот, дали е тоа точно или не е точно оставам јавноста експертска и луѓето кои што се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор. Повторувам првата дилема и првиот став кој што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе на таа средба е дали според документот EU Common Position односно европски став на ЕУ членот 11 ги започнуваме преговорите сега веднаш или пак кога ќе дојде до промена на Уставот. Бидејќи ние според овој документ читаме дека почетокот на преговорите ќе биде откако ќе биде променет Уставот или да бидам попрецизен мал дел од бугарскиот народ 750 семејства според последниот каков таков попис бидат дел од Преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав, рече тој.

Мицкоски обелодени и детали од документот посочувајќи дека според членот 14, ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет.

-Втората дилема која ја имаме и второто прашање е, бидејќи се спомена во говорот дека нема да зборуваме за историјата, но членот 14 од истиот документ тоа не го говори. Членот 14 вели сосема спротивно, а тоа е дека деновиве ќе биде потпишан документ којшто се нарекува Протокол, а во тој документ ќе се зборува за се, само нема да се зборува за владеење на право, борба против криминал и корупција, подобра економија, поквалитетно здравство, покомпетитивно образование. Туку ќе се зборуваме за средниот век, за 18 или 19 век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденско востание. Што значи дека според членот 14 и Протоколот кој за волја на вистината никој во македонската јавност не го видел ниту ја прочитал неговата содржина. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за иднина. Ќе зборуваме за проблеми од минатото. Односно ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет, рече тој.

Мицкоски потенцира:

„Овој член 14, од документот наречен Заеднички став на ЕУ е поврзан со генералните позиции на ЕУ, членот 5 каде што покрај Копенхагеншките критериуми и критериумите дефинирани со договорот за стабилизација и асоцијација, само за Македонија, за ниту една земја членка од овие 27, ниту пак за Албанија не се поставуваат билатералните прашања како критериум. Тука јасно стои дека се потребни годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација на договореното според член 12 од Договорот за добрососедство, а поврзани со Протоколот кој никој жив во Македонија не го видел што значи дека не е точно дека нема да зборуваме за историја. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за тоа кое што е важно за граѓаните, а тоа е поквалитетен живот. Да бидам попрецизен ќе бидеме фокусирани само на историја.

И третото прашање за кое што имам исто така дилема, а и позициите на ВМРО-ДПМНЕ се такви и имаат дилема е воведната изјава, членот 3 каде што јасно стои дека акито или преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик, но бугарската страна ќе даде еднострана изјава со тоа како таа го гледа македонскиот јазик. Така што дека ние имаме чист македонски јазик, односно дека имаме јазик чист кој што буквално ќе биде дел од преговарачката рамка и од документите на Европската унија, е голема лага.

Еве го членот 3 јасно стои дека ќе имаме практично унилатерална изјава од страна на нашиот источен сосед дека македонскиот јазик е најверојатно некоја верзија на бугарскиот јазик“.

-Зошто е ова важно? Ова пред мене почитувани претставници на медиумите и почитува граѓани е документ од третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година и се однесува на стандардизација на светските јазици, одржана во Атина пред точно 45 години, каде што јасно стои разликата помеѓу бугарскиот јазик и македонскиот јазик со македонското кирилско писмо. И ова го покажав на средбата. Ова се документи од гробовите на децата од Ваташа, на младинците од Ваташа, ова ли го прават администратори? Ова се тие луѓе, ова ли е дело на администратори? Ова ли е дело на луѓето кои што велат дека ја администрирале Македонија? А ова се вагоните на бугарската национална железница каде што депортираат точно 7114 Евреи од Македонија и ги носат директно во концентрациониот логор во Треблинка. Ова ли е дело на администратори? Ова ли се тие администратори кои што треба ние да ги вклучиме во нашите учебници? А ова е Вера Циривири Трена која што овие администратори ја утепаа затоа што се бореше против фашистите во Втората Светска Војна. Некој сака да избрише дека македонскиот народ бил секогаш на вистинската страна на историјата и се борел против тие кои што биле на погрешната страна на историјата. Ете тоа се дилемите кои што јас и ВМРО-ДПМНЕ ги имаме, а за жал овие корумпирани политичари во владата потпомогнати од други корумпирани политичари ги немаат и го распродаваат тоа кое што со крв и со живот некој го плаќал, посочи Мицкоски.

Сопственичка на приватен бизнис ги ослободи своите вработени од работа: Џабе ми е се ако немам татковина

Маја Платнар која поседува успешен угостителски бизнис денеска направи чекор за поздрав и ги ослободи своите вработени од работни обврски.

Платнар ги ослободи своите вработени од работа за да можат да се појават на протестот во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија.

-Денес вработените од BistRaw Zdravo Zivo/ БистРо Здраво Живо ги ослободувам од работа, да се пред собрание. Џабе ми е се ако немам татковина, напиша таа.

36-годишник со тешки повpeди донесен во прилепската болница откако со автомобил излетал на патот Кичево-Македонски Брод

-На 13.07.2022 во 07.34 часот во СВР Битола пријавено е дека на регионален правец Кичево-Македонски Брод на м.в „Ижишки анови“, патничко возило „пежо 206“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од И.Д.(36) од Македонски Брод, излетало од коловозот.

Во нecpeќата возачот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Увид извршила yвидната екипа на ОВР Македонски Брод – информираат од СВР Битола.

Апceње на две локации во Битола: Лишени од слобода 4 лица за поседyвање мapиxyaна

Од билтенот со дневни настани на МВР

-На 13.07.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Македонски гемиџии“ ги лишиле од слобода И.С.(22) и А.Н.(25), двајцата од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 13.07.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Македонска фаланга“ во Битола ги лишиле од слобода М.К.(36)и Д.Ј.(49) од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава во врска со чл.215 од Кривичниот законик.

Македонски пречек за Урсула Фон Дер Лајен пред Собрание: Народот масовно се собира пред почетокот на собраниската седница (Фото)

Со развеани македонски знамиња и свирежи за власта се одвива протестот пред Собранието кој започна точно напладне.

Од „Ултиматум, не благодарам“ ги повикуваат граѓаните мирно и достоинствено да излезат на сенародниот протест против, како што велат, понижувачкиот предлог за Македонија.

Граѓаните повторно велат „НЕ“ на францускиот предлог, кој денеска ќе се најде пред пратениците во рамки на седницата која е закажана за 13:30 часот.

Половина час пред почетокот на оваа седница обраќање во законодавниот дом ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Вечерва стартува фестивалското шоу во Прилеп: Еве која е програмата за првата фестивалска вечер

Со настапот на Елена Петреска, денеска во Прилеп, по две годишна пауза, започнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Градот домаќин е веќе подготвен да ги пречека гостите, кои според најавите од хотелиерите и угостителите, ќе ги има, не само од земјава, туку и од регионот, а се очекуваат 100-ци илјади гости, за време на четирите фестивалски денови.

Штандовите се веќе подготвени да ги пречекаат првите гости денес. Ќе се точат над 30-тина видови пиво и ќе се дегустира вкусната прилепска, но и скара од регионот.

Учесниците кои ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, веќе од утрово пристигнуваат во Прилеп. Фестивалот стартува во 18:00 часот. По настапот на Елена Петреска, настапуваат групата Балканика од 18:45, потоа следуваат настапите на Нино Величковски во 19:30 часот, Ален Хасановиќ 20:15 часот, Наум Петрески во 21:00 часот, групата Љубојна во 22:00 часот, ДНК во 23:00 часот и забавата од првата фестивалска вечер ќе кулминира со настапот на Џамбо Агушеви Оркестра, точно на полноќ.

Веднаш потоа забавата продолжува и на алтернативната сцена со DJ Mario Eddie. Водители на фестивалот ќе бидат Игор Џамбазов и Маријана Станојковска.

За посетителите, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, дел од булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосница со ул. „Прилепски Бранители“ е затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа. Обезбедени се и над 12.000 паркинг места.

Јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП „Комуналец“ , ќе бидат на беспрекорно ниво.

На авион му откажа моторот, пилотот слета на автопат (Видео)

Пилот на мал авион, успеал да избегне сериозни последици, и сигурно да се приземји на прометен автопат во Северна Каролина.

Ваквата реакција на пилотот следувала откако се јавиле проблеми со моторот на авионот.

При слетувањето, како што се наведува, никој не е повреден. Авионот и автомобилите кои биле на автопатот не се оштетени.

Максим најави: Денеска Куманово ќе маршира за сите наши предци кои создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски синоќа информираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршира во име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава.

„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира! Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“, порача Димитриевски.

Денеска се празнуваат Св. маченици Козма и Дамјан

Денеска се празнува денот на Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце.

И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства.

А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни.

Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Проглас на дијаспората: Македонците од светот да се вратат во татковината да ја бранат Македонија!

Координативно тело на Македонците во светот. Не за бугарскиот договор! Водени од неизмерната жар и љубов за Македонија. Инспирирани од неправдата и мрачните облаци надвиснати над неа како резултат на погубната антимакедонска окупаторска “власт”.

Огорчени од крајното лицемерие на ЕУ и нејзината веќе отворена политика на бришење на македонскиот национален идентитет и историја; Македонците во светот преку своите здруженија, во овие клучни моменти упатуваат

Повик за енергично и решително НЕ и отфрлање на францускиот предлог за потпишување на бугарскиот договор.
Не за ЕУ со изменет нелегален устав, без Македонија и Македонци, историја , јазик..

Не за никакви работни групи кои само ќе го одвлечат вниманието на енергичните Македонци, кои веќе четири дена протестираат против овој договор.

Ги повикуваме сите Македонци ширум светот да допатуваат во татковината за нејзина одбрана.

Масовно да излеземе и да ги блокираме институциите и политичарите кои вршат национално предавство. Судбината на македонската држава е во наши раце , ако ја испуштиме сега истрајноста и одлучноста, идните генерации ќе не проколнуваат за навек!

Вие во Македонија, ние во државите каде престојуваме, заедно сме посилни.

Сонцето на слободата е на повидок !

Координативно тело на Македонците во Европа и светот

6 јули, 2022 година

Лондон, Хелсинки, Брисел, Женева, Братислава, Сиднеј , Мелбурн, Перт, Њујорк, Торонто…

Здруженија: Координативно Тело на Македонците во Европа, Совет на Македонски општини во Австралија, Обединети Македонци во Канада, Македонска Заедница – Обединето Кралство, Македонско-Финско здружение, Рефрама-Швајцарија