дома блог страница 1493

Македонски брачен пap враќал километражи и до 200.000 километри и продавале автомобили во Австрија

Австриската полиција влегла во трага на брачен пар од Македонија на возраст од 64 и 63 години кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата истражувала малку подлабоко и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Како што пренесува heute.at, брачните партнери ја вратиле километражата на едно Ауди за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Ауди и Шкода.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.

Гарниров му вришти (Фото)

На социјалните мрежи се појави мени од еден од угостителите на “Пиво Фест”.

Maксим Димитриевски предводеше масовен мapш против францускиот предлог во Куманово (Видео)

Градоначалникот на Куманово денеска предводеше масовен марш против францускиот предлог. На маршот се приклучија илјадници кумановци кои го искажаа своето незадоволство против потегот на власта да го прифати овој нов погубнички договор со Бугарија.

ВИДЕО: “СИТЕЛ ТВ”

Блесна фестивалската сцена во Прилеп: Ова е дел од атмосферата на првата вечер од “Пиво Фест” (Видео)

Вечерва стартуваше 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест” 2022. Најмасовната фестивалска манифестација кај нас слави полнолетство, а на фестивалската сцена вечерва свој настап имаат: Елена Петреска, Група Балканика, Нино Величковски, Наум Петрески, Ален Хасановиќ, ДНК, Џамбо Агушев и оркестар и Љубојна.

Еве мал дел од атмосферата како најава за кулминацијата која ќе следува од утре.

Прилеп ја продолжува традицијата: Летово по седми пат ќе се одржи меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”

Ракометниот клуб Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир во чест на прерано починатиот „Миле Нешкоски“.

Турнирот летово ќе се одигра по седми пат, а истиот ќе се одржи од 26-28 август.

Прилеп во улога на домаќин ќе пречека уште пет екипи кон крајот на август, а и оваа година турнирот ќе има меѓународен карактер.

Ќе видиме и ново домашно име. Екипата на Мулти Есенс, новиот ракометен проект на Алкалоид ќе настапи на овој турнир на кој ќе бидат уште и екипите на Струга и на Скопје 2020.

Дубочица од Србија и грчиот ПАОК ќе бидат гостите од странство.

Утре премиера на претставата “Круг” во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ денес се одржа прес конференција на која беше најавена премиерата на претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски, што ќе се одржи утревечер од 20.00 ч. Претставата е работена по текстот на Едвард Олби „ Дамата од Дебјук“.

Во истата играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓоргиевски, Марија Илијеска. За сценографијата и изборот на музика се погрижи Јован, а костимографијата е на Андреј Ѓоргиевски.

-Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам и говори за распад на еден брак, семејство, заедница, општество. Зборува за тоа дека луѓето се направени себични, безобзирни и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и треба да се испитаме- каде одиме“, истакна на прес конференцијата режисерот Ристовски.

Уште една давачка за граѓаните: Од понеделник започнуваат со работа уште две патарини

Од понеделник во 7 часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.

-Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информира денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

Фото на денот: Бopбата треба да се води до самиот крај

Дури четворица полицајци го опкружиле непознатиот дедо кој денеска излегол на протести против Бугаризација пред собранието.

Името на дедото кој едвај се движи со помош на помагала е непознато, но тој ќе остане да биде херој кој со своето поведение упатува порака дека борбата треба да се води до крај.

Ковачки му порача на Ковачевски: За ова пpeдавcтво нема да има пpoшка, за ова ќе cкапеш во затвop!

Еден полуписмен министер на барање на друг полуписмен и пион донесол полиција пред и во Собранието од цела Македонија и демонстрира сила. Првиот полуписмениот е послушник на вториот пион кој откако наводно одби предлог кој го немал видено, после го прифати на невидено и глуми визионер и загрижен државник, а во суштина е обичен предавник на македонскиот народ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната седница.

Ковачки истакна дека тој пион премиер повикувајќи се бугарските шовинистички барања, го понижува македонските гробови на знајните и незнајни јунаци од македонското славно револуционерно минато.

Ковачки во врска со бројната полиција посочи дека на Спасовски му крадат оружје од магацин, а тука трупа полиција и покажува сила.

– Зошто толку полиција ако е се во ред со предлогот? Да не мислите дека ќе го исплашите народот чиј глас не сакате да го слушнете? Кој е сплотен против вашите анационални политики. Или покажувате сила кон вашите пратеници во кои не сте сигурни? А можеби мислите и дека ќе ги исплашите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата? Ова е уште еден доказ дека станува збор за хибриден режим и окупирана, односно киднапирана држава? Или повторно, како и на 27 април подготвувате сценарио и мислите дека ќе го наместите и народот и опозицијата да ви влезе во вашите темни сценарија за после да уценувате пратеници за 2/3 мнозинство?? Епа тој филм нема да го гледате – рече Ковачки.

Истакна дека промена на Устав нема да има, а пионот инсталиран како премиер и кој е донесен со единствена задача за довршување на отпочнатото предавство од неговиот претходник Зоран Заев, за обезличување на македонскиот народ нека се свест нека се свести дури е време, оти прифатил промена на Устав, не мислејќи на последиците.

– Исто како што и неговиот газда не мислеше кога го потпишуваше Договорот со Бојко во 2017. И видете ја фарсата и парадоксот – пионот ни доставил информација на 1 лист хартија по која треба да дискутираме, што не е во надлежност на Собранието туку е во надлежност на Владата, значи Собранието не гласа за францускиот предлог туку за некаков лист хартија – известување, а од друга страна истиот тој пион, како владин функционер, прифатил промена на Устав што е во надлежност на Собранието, потенцираше Ковачки.

Тој нагласи дека Владата ниту си ги знае своите, ниту ингеренциите на Собранието.

– Е таа влада ја избраа овие што седат ред мене и гледаат во земја, мислејќи дека некој ќе им ја заборави и ПРОСТИ штетата што и ја нанесуваат на нашата татковина Македонија. Прочка нема да има за никој. Почнувајќи од Заев, неговиот Пион Ковачевски, залутаниот во вилата на Водно Пендаровски и сите кои се огрешиле против својот народ. Тоа да си го знаете, јавно ви го кажуваме, прочка нема да има, рече тој.

Ковачки потенцира дека Македонија ја водат интелектуално инфериорни, уценети криминалци на кои не им се процесуираат кривичните пријави, односно тоа се лица без никаков кредибилитет или познавање од областите кои им се доверени.

– Начекаа меко ткиво го препознаат поданичкиот менталитет кај оваа власт. Денеска СДСМ имаат национално неосвестени пратеници, клиентелисти чиј личен интерес е многу поважен од Македонија. Но, среќа е што СДСМ не е Македонија. Македонија има синови и ќерки кои секојдневно излегуваат и гласно кажуваат НЕ на асимилацијата по бугарски терк. Македонија има синови и ќерки кои се решени до крај да си го бранат своето. Ние, Македонците туѓото не го сакаме, но своето не го даваме. И сме подготвени да се бориме до крај, изјави тој.

Ковачки истакна дека нема промена на Устав по бугарски диктат и без гаранции за Македонците.

– Доста си игравте со Македонија. Слушнете го гласот на народот, Зошто и го прават ова на државата и народот и државата кога знаат дека почеток за преговори нема да има. Дојдоа со агенда за живот и економија, а се занимаваат со продажба на најсветото. Совет за премиерот, прво народот те плаќа да го браниш неговите интереси а не да ги распродаваш, а второ ќе скапеш во затвор. Имате време да кажете не, на вас останува, изјави Ковачки.

Мицкоски: “На Фон Деј Лајен и’ покажав слики од злocтopcтвата на бугарскиот фашиcтички окyпaтop” (Видео)

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ денес во канцеларијата на ЕУ имаше средба со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, по средбата одржа прес-конференција за да ја запознае јавноста со ставовите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на таа средба, а се поврзани со говорот на претседателката на ЕК во македонскиот Парламент и обраќањето кон македонската јавност бидејќи таму немаше можност за дебата.

-Имавме билатерална средба и на истата беа презентирани позициите на ВМРО-ДПМНЕ.На средбата беа презентирани следните три позиции на ВМРО-ДПМНЕ.Бидејќи одговорот на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен во македонскиот Парламент слушнавме дека практично ако помине ова кое што го промовира Владата на СДСМ и ДУИ ќе имаме одржување на меѓувладина конференција, дилемата која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна: Во членот 11 од документот наречен EU Common Position или заеднички став на ЕУ јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека повторувам се додека не биде променет Уставот, дали е тоа точно или не е точно оставам јавноста експертска и луѓето кои што се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор. Повторувам првата дилема и првиот став кој што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе на таа средба е дали според документот EU Common Position односно европски став на ЕУ членот 11 ги започнуваме преговорите сега веднаш или пак кога ќе дојде до промена на Уставот. Бидејќи ние според овој документ читаме дека почетокот на преговорите ќе биде откако ќе биде променет Уставот или да бидам попрецизен мал дел од бугарскиот народ 750 семејства според последниот каков таков попис бидат дел од Преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав, рече тој.

Мицкоски обелодени и детали од документот посочувајќи дека според членот 14, ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет.

-Втората дилема која ја имаме и второто прашање е, бидејќи се спомена во говорот дека нема да зборуваме за историјата, но членот 14 од истиот документ тоа не го говори. Членот 14 вели сосема спротивно, а тоа е дека деновиве ќе биде потпишан документ којшто се нарекува Протокол, а во тој документ ќе се зборува за се, само нема да се зборува за владеење на право, борба против криминал и корупција, подобра економија, поквалитетно здравство, покомпетитивно образование. Туку ќе се зборуваме за средниот век, за 18 или 19 век, чиј бил Гоце, чиј бил Даме, чие било Илинденско востание. Што значи дека според членот 14 и Протоколот кој за волја на вистината никој во македонската јавност не го видел ниту ја прочитал неговата содржина. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за иднина. Ќе зборуваме за проблеми од минатото. Односно ќе зборуваме како во 21 век да се асимилира македонскиот народ и да се уништи македонскиот идентитет, рече тој.

Мицкоски потенцира:

„Овој член 14, од документот наречен Заеднички став на ЕУ е поврзан со генералните позиции на ЕУ, членот 5 каде што покрај Копенхагеншките критериуми и критериумите дефинирани со договорот за стабилизација и асоцијација, само за Македонија, за ниту една земја членка од овие 27, ниту пак за Албанија не се поставуваат билатералните прашања како критериум. Тука јасно стои дека се потребни годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација на договореното според член 12 од Договорот за добрососедство, а поврзани со Протоколот кој никој жив во Македонија не го видел што значи дека не е точно дека нема да зборуваме за историја. Ние ќе зборуваме за се, само нема да зборуваме за тоа кое што е важно за граѓаните, а тоа е поквалитетен живот. Да бидам попрецизен ќе бидеме фокусирани само на историја.

И третото прашање за кое што имам исто така дилема, а и позициите на ВМРО-ДПМНЕ се такви и имаат дилема е воведната изјава, членот 3 каде што јасно стои дека акито или преговарачката рамка ќе биде преведена на македонски јазик, но бугарската страна ќе даде еднострана изјава со тоа како таа го гледа македонскиот јазик. Така што дека ние имаме чист македонски јазик, односно дека имаме јазик чист кој што буквално ќе биде дел од преговарачката рамка и од документите на Европската унија, е голема лага.

Еве го членот 3 јасно стои дека ќе имаме практично унилатерална изјава од страна на нашиот источен сосед дека македонскиот јазик е најверојатно некоја верзија на бугарскиот јазик“.

-Зошто е ова важно? Ова пред мене почитувани претставници на медиумите и почитува граѓани е документ од третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година и се однесува на стандардизација на светските јазици, одржана во Атина пред точно 45 години, каде што јасно стои разликата помеѓу бугарскиот јазик и македонскиот јазик со македонското кирилско писмо. И ова го покажав на средбата. Ова се документи од гробовите на децата од Ваташа, на младинците од Ваташа, ова ли го прават администратори? Ова се тие луѓе, ова ли е дело на администратори? Ова ли е дело на луѓето кои што велат дека ја администрирале Македонија? А ова се вагоните на бугарската национална железница каде што депортираат точно 7114 Евреи од Македонија и ги носат директно во концентрациониот логор во Треблинка. Ова ли е дело на администратори? Ова ли се тие администратори кои што треба ние да ги вклучиме во нашите учебници? А ова е Вера Циривири Трена која што овие администратори ја утепаа затоа што се бореше против фашистите во Втората Светска Војна. Некој сака да избрише дека македонскиот народ бил секогаш на вистинската страна на историјата и се борел против тие кои што биле на погрешната страна на историјата. Ете тоа се дилемите кои што јас и ВМРО-ДПМНЕ ги имаме, а за жал овие корумпирани политичари во владата потпомогнати од други корумпирани политичари ги немаат и го распродаваат тоа кое што со крв и со живот некој го плаќал, посочи Мицкоски.