дома блог страница 1492

Пратеничка на СДСМ порача:”Оливер Спасовски за вас е претседател на државата за кpиминал” (Видео)

-Пратеникот Зоран Коцевски на говорницата рече дека за разлика од евтините пратеници на СДСМ, министерот Оливер предавството го прави за големи пари преку “трасирање на патот на дрогата во Македонија”! Чујте што му одговори Марија Георгиевска од СДСМ во одбрана на Оливер – напиша на ФБ пратеникот Антонио Милошоски.

Пpиведен 34-годишен прилепчанец кој со мотop се обидел да yдpи во полициски слyжбеник

На 14.07.2022 на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(34) од Прилеп.

Претходно, додека управувал мотоцикл, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а се обидел со мотоциклот да удри полициски службеник.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “стои во известувањето на СВР Битола.

(Видео) “Абе ела надвор кај сакаш, да ти и*aм кpвта, да ти и*ам”

Малку недостасуваше пратениците Мартин Костовски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и физички да се пресметаат во Собранието на Р.Македонија. На настанот претходеше вербална расправија помеѓу Апасиев и Талат Џафери кој му се закани на лидерот на „Левица“ дека ќе му го „искрршел прстот“.

Костовски, во обид да го одбрани Џафери од критиките на Апасиев, го удри по раката по што следуваше размена на навреди, а малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка.

Пратениците од владејачкото мнозинство се почесто покажуваат нетрпеливост и агресија, а неретко се случува и да довикуваат навреди на пратениците од опозицијата.

ЛИНК до видеото!

Европската Унија го демантира Ковачевски, македонскиот јазик не е гарантиран (Видео)

Ветувањето на првиот човек на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дадено во Скопје дека ЕУ го признава македонскиот јазик. Нејзината портпаролка Дана Спинант одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА да ги објасни зборовите дадени во македонскиот парламент дали тоа значи признавање на јазикот од страна на ЕУ одби директно да одговори.

– Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, рече Спинант.

Слушнете ја нејзината изјава:

Дизелот останува 100ка, а бензините се намалуваат за дури 1,13%

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 102,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 104,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)

ДРОН ВИДЕО од првата фестивалска вечер на “Пиво Фест” – Уживајте!

Првата фестивалска вечер на 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп предизвика огромен интерес кај прилепчани, но и кај голем број посетители кои пристигнаа од останатите градови од Македонија.

Фестивалот во Прилеп се врати после две години, а според бројките кои ги споделија организаторите, синоќа имало околу 30.000 посетители.

На фестивалската сцена настапија повеќе домашни естрадни уметници меѓу кои: Љубојна, ДНК, Нино Величковски, Наум Петрески, Елена Петреска, Џамбо Агушев и оркестар и прилепската група “Балканика”.

Eве каква беше атмосферата синоќа во Прилеп:

Над 30.000 посетители на првата фестивалска вечер од „Пиво Фест 2022“ (Фото галерија)

Вчера, со настапите на прилепчаните Елена Петреска, групата Балканика и Ален Хасановиќ започна 18. издание на „Пиво Фест 2022“.

Прилепчани и гостите од другите градови уживаа во изведбите на македонски хитови, развиореното македонско знаме, прилепската скара и ладното пиво.

Штандовите беа преполни со посетители, а забавата која започна во 18 часот, кулминираше со настапот на Џамбо Агушеви оркестра и заврши со забава на алтернативната сцена до раните утрински часови.

Фестивалот покажа дека навистина во изминативе две години и недостасуваше на македонската публика. Тоа го потврдија и бројките на посетеност, на двете сцени во текот на целата вечер.

Првата вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека новите гости и изведувачи, кои од рано утрово пристигнуваат.

Вечерва, програмата почнува во 19 часот, со настапот на Рок Блуз Бенд, потоа следуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ареа, Дивље Јагоде и Брас Брадрс, а на алтернативната сцена настапуваат Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.

Само за време на првата фестивалска вечер Прилеп го посетија повеќе од 30.000 посетители.

Еве каде ќе се пие најдоброто пиво на “Пиво Фест” во Прилеп (Фото)

Синоќа стартуваше 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2022”.

Илјадната публика ја забавуваа голем број музички ѕвезди, а програмата продолжува и во наредните 3 дена. На фестивалот присутни се неколку пивари со своите пивски вкусови, но несомнено најголем интерес кај гостите предизвикаа двата штандови на Сараевско пиво.

Едно поради цените, кои се најниски и пристапни за секого, а второ поради одличното пиво со традиција од далечната 1864 година.

Долги години овој вкус оди рамо до рамо со познатите сараевски кебапи, а прилепчани како добри гурмани и луѓе кои ја прават најдобрата скара во Македонија, топло ќе ви го препорачаат и кај нас.

Резервирајте навреме маса и уживајте со вкусот и традицијата на Сараево.

Штандовите на Сараевско пиво се наоѓаат кај споменикот на Методија Андонов-Ченто и на булеварот.

Наздравје!

Македонски брачен пap враќал километражи и до 200.000 километри и продавале автомобили во Австрија

Австриската полиција влегла во трага на брачен пар од Македонија на возраст од 64 и 63 години кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата истражувала малку подлабоко и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Како што пренесува heute.at, брачните партнери ја вратиле километражата на едно Ауди за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Ауди и Шкода.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.

Гарниров му вришти (Фото)

На социјалните мрежи се појави мени од еден од угостителите на “Пиво Фест”.