дома блог страница 1482

Невиден спектакл: “Голд Фелиција” прослави една година постоење – 4 часа богата програма на која никој не остана рамнодушен (Фото галерија)

Една година музичко-танцови спектакли, една година многу гостувања на познати музички ѕвезди од поширокиот регион, една година уникатно доживување и забава. На начин како што само тие знаат, „Голд Фелициа“ минатиот викенд со роденденско кабаре прослави една година од отворањето.

Водејќи ја присутната публика низ музички жанрови од разни земји, 4 часа од роденденското кабаре беа исполнети со забава и уживање, единствено во Македонија.

Публиката ја воодушевија и разновидноста и гламурот на самите костими изработени за танчерите, но и за пејачите, кои беа во совршена согласност со стилот на музика, изработени до најситен детал и висок кабаретски стил од рацете на модниот дизајнер Андреј Папаз.

Танчерите во кабарето настапуваат по кореографија на Илија Карадакоски, додека изведувачи и пејачи на шоуто се Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Жарко Димоски, Бојан Стојков, Калина Велкова, Лаура Крлиу, Полина Тасева, Христина Јовановска и Никола Пројчевски.

Златната приказна на „Голд Фелициа“, замислена на сопственикот Никола Митровски како кабаре, ресторан заедно со сместувачки капацитети, стана местото на префинети задоволства обвиени со кабаретски стил, зачинети со џентлменски манири и сервирани со многу музика, танц, глума, епицентар на кабаре. Многу познати имиња, реномирани уметници, наградувани артисти, фантастична енергија за која оној кој ја почувствувал зборува уште многу, многу долго.

„144 кабаре претстави и 42 професионални македонски уметници кои настапуваат секој викенд, над 40 концерти со најдобрите од Македонија и Балканот и многу гости кои во оваа измината година ги испраќаме со позитивна енергија и насмеани лица.

Ви благодарам на сите за поддршката продолжуваме со уште поголема енергија за работа и уште многу заеднички и убави моменти. Среќен роденден Фелиција и да славиме уште многу јубилеи заедно“, рече уметничкиот директор Димитар Андоновски.

Но, вистинско воодушевување кај присутните синоќа предизвика роденденското изненадување – омажот кон богатата македонска историја и традиција, сето тоа замислено низ кабаретска призма и призвук, која му даде посебна магија на вечерта.

Започна со македонско оро, македонска песна, за да кулминира со влезот на Битолската коњаница кои на коњите со факели во рацете поминаа низ присутните.

Автор: Маја Богоевска

Прилепските пожapникapи и попладнево интервениpaa на запален автомобил (Фото)

Денеска околу 16:45ч. пожapникapите во ТППЕ Прилеп примиле пpиjaва за запален автомобил на ул. “Бистра Планина”.

Од ТППЕ интервенирале со едно возила и три пожарникари, при што пожарот за брзо време бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат и обезбедено возилото од нивна страна.

Засега не се познати точните причини поради кои дошло до опожарување на ова возило, но според неофицијални информации, автомобилот се запалил при поправка.

Прилепските пожарникари деновиве имаат зголемен број на интервенции, а 5 од нив беа на подметнати пожари во автомобили.

Владата ќе прогласи енepгетcка кpизна cocтојба во август

Владата во август повторно ќе прогласи енергетска кризна состојба – потврди министерот за економија Крешник Бектеши. Ова ќе се направи за државните електрани да можат со 100-те милиони евра од ЕБОР за купат струја, мазут и јаглен и да ги задоволат потребите на граѓаните. Планот е сите 3 блока во РЕК Битола да бидат во функција од октомври, да работат и Осломеј и ТЕЦ Неготино и да има доволно гас и мазут за топланите, особено бидејќи ЕСМ најверојатно ќе го преземе парно греењето во Скопје. Бектеши алармира дека зимата ќе биде претешка, а цените на енергенсите непредвидливи. Се разгледувала и опцијата за рестрикции за струја за администрацијата. До тоа сепак, не би требало да дојде, освен ако некоја соседна земја не го забрани извозот на струја. За опасноста рускиот гас да секне и за Македонија, рече дека земјава во никој случај нема да плаќа во рубљи, а со писмо до Бугарија се правеле напори да се убеди Газпром да ги ослободи цевководите и за гас од други држави.

– Правиме напори да обезбедиме природен гас од друг извор, освен од Газпром, но тоа зависи од ослободувањето на капацитетите во Бугарија и договорот што го има Булгартрансгас со Газпром за закупување на сите капацитети до 2030 година. Ако тие капацитети се ослободат од страна на Булгартрансгас ние сме подготвени да се снабдуваме со природен гас од други извори, вклучувајќи ги Азербејџан, но и енерџи терминалите, било тоа во Грција, било тоа во Турција, рече Бектеши.

– Само 4.500 компании се на слободниот пазар од кои повеќето имаат договори за набавка на електрична енергија со пониски цени од пазарната. Сепак ќе се сретнам со Стопанската комора за да видиме што може да се направи за да им помогнеме, рече Бектеши.

Првиот човек на Стопанската комора алармираше дека бизнисите се пред колапс и дека поради превисоката цена на струјата многу компании се пред затворање. Веќе имало најави дека некои од нив ќе почнат да го намалуваат производството, а во краен случај, ако државата не помогне, ќе стават клуч на врата и ќе ги отпуштат вработените. Велат на компаниите во другите земји им е полесно бидејќи имаат каква-таква субвенционирана цена на струјата и тоа од домашно производство.

14-ти роденден и втор албум: “The Hounds” ќе ни сервираат уште еден спектакл на 17-ти август

Ова е тој период од летото во кој прилепчани зборуваат само за еден настан, годишниот концерт на единствените, “The Hounds”.

Тие веќе го најавија годишниот концерт кој ќе се одржи на 17-ти август, но сега потврдија дека на овој настан ќе биде промовиран и нивниот втор албум.

“Втор албум денес пуштен на принтање. Ќе изгледа феноменално, а звучи – ОГАН! Промоција – на роденденскиот концерт на Хаундс на средина на август. После речи дека во Македонија не се случуваат и убај работи!”, напиша фронменот на групата Златко Карчески.

Горивата поевтинуваат: Овие цени ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.

Од 23.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 96,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,466 (денари/килограм)

После долго време сите гopива паднаа под стотка – Еве кои се новите цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.

Од 23.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 96,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 99,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,466 (денари/килограм)

Maлолетнички на “xoнда” oд битолско изгyбиле контpoла и паднале на коловоз – со повpeди пренесени во битолската болница

На 21.07.2022 во 18.20 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот Ѓавато – Тополчани, пред с.Могила, малолетничка од с.Могила, yпpaвyвајќи мотоцикл „хонда“, без регистарски ознаки, изгyбила контpoла и паднала на коловозот.

Притоа, со тешки телecни повpeди се здобила малолетна сопатничка од с.Кукуречани, а мотоциклистката се здобила со телесни повреди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извpшила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Втора вечер по ред Прилеп вриеше од полициja: Се контролираа лица, возила, угостителски објекти…

На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.

При контролите, по преземени дополнителни мерки, лишен од слобода е и Н.Д.(36) од Скопје, кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Пожap пpoголта семеен дом во Прилеп (Фото)

Во изминатиов период пожарникарите од нашиот град имаат зголемена работа на пожари во кои е придизвикана материјална штета на наши сограѓани.

Имено, покрај што во изминатите денови бевме сведоци на запалени возила на наши сограѓани, вчера околу 19ч. било пријавено во ТППЕ Прилеп пожар на куќа на ул. “Бистра Планина”.

Од ТППЕ Прилеп излегле на терен со 3 возила и 10-тина пожарникари. За брзо време пожарот бил ставен под контрола, а потоа и целосно изгаснат, со што, како што велат од ТППЕ Прилеп, дел од куќата е спасена и не е дозволено пожарот да ја зафати целата куќа.

Така да уште еднаш нашите пожарникари ја покажаа нивната храброст, посветеност во својата работа и покрај што се почесто дознаваме за проблемите за состојбата со опремата, возилата и екипираноста на единицата.

Ладен туш! Фајненшл тајмс пишува: Прерано е да се слави почеток на преговори

Необичните услови поврзани со патот на Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост, оценува „Фајненшл тајмс“ по повод почетокот на процесот за пристапување во ЕУ со Скопје и Тирана.

Весникот пишува дека во 1971 година, офицерите на ЦИА напишале документ на 12 страници со наслов „Македонски синдром“ кој го издржал тестот на времето како јасна анализа на еден од најнерешливите историски спорови во Југоисточна Европа и додава дека авторите на документот можеби нема да бидат изненадени ако знаат дека, и покрај различниот геополитички контекст од тоа време, тензиите околу македонскиот идентитет останале нерешени. Поради овие причини, оценува ФТ, прерано е да се слави почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија.

Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот

Весникот пишува дека европските лидери храбро одговориле на рускиот напад врз Украина со доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија минатиот месец. Тие, исто така, го забрзаа процесот за Македонија и Албанија, за да не се занемарат државите од Западен Балкан кои тропаат на врата речиси од почетокот на овој век. Но, во брзањето да ја направат вистинската работа, лидерите на ЕУ натрупаа проблеми за иднината, истакнува ФТ. Весникот наведува дека европските лидери во суштина ја повикуваат Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи ако не исполнат низа ригорозни барања поставени од Бугарија кои се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата.

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

Во која било фаза од пристапните преговори, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Македонија ги избегнува своите обврски, наведува ФТ, додавајќи дека условите на Бугарија ги надминуваат формалните критериуми за пристапување во ЕУ, кои главно се однесуваат на исполнувањето на ЕУ стандардите за слободна пазарна економија и демократија и инкорпорирање на законодавството на ЕУ во националното право. За влез во ЕУ, ниту еден претходен кандидат никогаш не бил принуден да попушти пред барањата на друга земја за прашања како што се толкувањата на историјата кои никогаш не можат да имаат постојан, фиксен одговор. Но, Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а Македонија е кандидат. Непријатната вистина е дека Софија е напред, пишува ФТ.