дома блог страница 1483

Ладен туш! Фајненшл тајмс пишува: Прерано е да се слави почеток на преговори

Необичните услови поврзани со патот на Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост, оценува „Фајненшл тајмс“ по повод почетокот на процесот за пристапување во ЕУ со Скопје и Тирана.

Весникот пишува дека во 1971 година, офицерите на ЦИА напишале документ на 12 страници со наслов „Македонски синдром“ кој го издржал тестот на времето како јасна анализа на еден од најнерешливите историски спорови во Југоисточна Европа и додава дека авторите на документот можеби нема да бидат изненадени ако знаат дека, и покрај различниот геополитички контекст од тоа време, тензиите околу македонскиот идентитет останале нерешени. Поради овие причини, оценува ФТ, прерано е да се слави почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија.

Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот

Весникот пишува дека европските лидери храбро одговориле на рускиот напад врз Украина со доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија минатиот месец. Тие, исто така, го забрзаа процесот за Македонија и Албанија, за да не се занемарат државите од Западен Балкан кои тропаат на врата речиси од почетокот на овој век. Но, во брзањето да ја направат вистинската работа, лидерите на ЕУ натрупаа проблеми за иднината, истакнува ФТ. Весникот наведува дека европските лидери во суштина ја повикуваат Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи ако не исполнат низа ригорозни барања поставени од Бугарија кои се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата.

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

Во која било фаза од пристапните преговори, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Македонија ги избегнува своите обврски, наведува ФТ, додавајќи дека условите на Бугарија ги надминуваат формалните критериуми за пристапување во ЕУ, кои главно се однесуваат на исполнувањето на ЕУ стандардите за слободна пазарна економија и демократија и инкорпорирање на законодавството на ЕУ во националното право. За влез во ЕУ, ниту еден претходен кандидат никогаш не бил принуден да попушти пред барањата на друга земја за прашања како што се толкувањата на историјата кои никогаш не можат да имаат постојан, фиксен одговор. Но, Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а Македонија е кандидат. Непријатната вистина е дека Софија е напред, пишува ФТ.

УЈП со важно соопштение за сите кои скенираат фискални сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ и дека за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на апликацијата.

– Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“, информират од УЈП.

Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата „Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер“ да ја изберат опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки.

Камиказа: Taтко ми кој е од Егејска Македонија на 95 години ми рече да ви ги поставам овие прашања

Петар Георгиевски – Камиказа сподели неколку прашања од неговиот 95-годишен татко од Егејска Македонија.

“1. На кој јазик е напишан абецедарот ???
2. Ако во Лерин, Воден, Кукуш 1925 година живееле Бугари, зошто Грците би се мачеле да пишуваат нов буквар и латинска абецеда, кога 1925 година веќе имало имало готови испечатени бугарски буквари со кодифицирана азбука и јазик.
З. Зошто во Абецедарот буквите иако пишани на латиница се скоро исти како денешната македонска кирилица, а многу поразлични од бугарската кирилица ???
4. Ако тамошното население зборува различен јазик од бугарскиот, КАКО СЕ ВИКА ТОЈ ЈАЗИК, бидејќи македонскиот нели го измисли Тито 1944 година, односно 20 години покасно од букварот.
5. Ако населението во Вардарска Македонија, комунистите и Коминтерната го натераа да не се чуствуваат Бугари, зошто моите дедовци и баби кои никогаш не живеа во Југославија, туку во Грција, СССР, Канада, Австралија, САД, Германија, Шведска, дури и во Софија, секогаш велеа дека се македонци и зборуваат македонски. КОЈ НИВ ГИ ИЗЛАЖА ???
6. Ако и покрај се и ние МАКЕДОНЦИТЕ од Егејска Македонија сепак сме Бугари, зошто не побарате од Вашите грчки сојузници во ЕУ. Да ни ги вратат имотите, а на тие кои се уште живеат таму да им се признае правото на малцинство и училишта на мајчин јазик ????
7. Зошто во текот на граѓанската војна во Грција не им помогнавте на моите баби и дедовци и сите борци на ДАГ, како на сонародници кои се бореа за Македонија.
8. Зошто најголем дел од децата бегалци од Егејска Македонија, иако беа раселени низ Полска, Чехословакија, Романија, Унгарија, СССР, решија да се вратат во Република Македонија, а не во мајка Б’лгарија. A!!!”

И ова се случи во Прилеп: Укpaденo е магарето што избега за да оди на “Пивофест” (Фото)

Магаре кое што стана актиелно шетајќи се низ прилепскиот булевар вечерта по “Пиво фест”, откако било лоцирано од “Комуналец” и спроведено на “Могилата на непобедените”, се очекувало сопственикот да го добие назад. За жал истото синоќа околу 3 часот по полноќ е украдено…

Во градот каде што се’ се кради, дојде редот и на магарињата.

Случајот е пријавен во МВР Прилеп

Двајца приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Ристески

Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.

Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.

-Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјави обвинителката Илиеска.

Спремете се, Битиќи најави економски бум: Ќе се градат патишта, железници, водоводи…

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на неговиотт Фејсбук профил најави економски бум.

Се работи за големи капитални инвестиции, објасни тој.

„Денеска е убав ден. Вчера беше првиот ден од почетокот на нашето поврзување со Европската Унија и нејзините членки и институции а денеска одбележуваме инфраструктурно поврзување преку започнување со изградба на железничкиот Коридор 8 – делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и ремонт на коридор 10 Ногаевци – Неготино“, пишува Битиќи.

Според него, проектите за кои се зборува години наназад, почнуваат да се реализираат!

„Не верувам дека има уво во нашата држава кое не знае за значењето крстосницата која ја креираат Коридор 8 и Коридор 10. Денеска се потпишуваат договори за изградба и ремонт на железничката инфраструктура, а сакам да најавам дека ова лето ќе започне и изградбата на патната инфраструктура на Коридор 8 и 10Д. Ова ќе ги опфати сите важни инфраструктурни патни и железнички правци во државава. Вложувањето во подобрена и одржлива инфраструктура е неопходност за постигнување на развојните економски цели. Нека е со среќа и успех! Но, и многу умешност при реализацијата!“, вели Битиќи.

Тој додава дека токму поради тоа оваа година ја промовираат Единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти која ќе прави координација на сите проектни единици, со што ќе овозможува навремено детектирање и справување на сите тековни и потенцијални предизвици со кои се соочуваме при искористување на буџетот за капитални инвестиции, како во централниот буџет, така и во буџетите на другите институции во чија надлежност е изградбата на големи инфраструктурни проекти.

„Оваа единица има една и единствена задача а тоа е да се осигура дека сите големи инфраструктурни проекти навремено и со колку што може најмалку недостатоци ќе бидат проектирани, изведени и комплетирани од страна на надлежните институции. Ова за нашите граѓани ќе значи – подобри и поквалитетни патишта, водоводи, железнички пруги, училишта, градинки, канализации, прочистителни станици, брани, системи за наводнување и одводнување и многу други капитални објекти кои навремено ќе бидат планирани, буџетирани, проектирани и изведени“, пишува Битиќи.

Општина Прилеп го ocyди палењето на автомобилот на раководителката на секторот за урбанизам

Од општина Прилеп реагираат за најновиот настан во кој беше запален автомобилот на раководителката на Секторот за урбанизам, Васе Никоска.

Писменото соопштение во целост го пренесуваме во продолжение:

-Случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили во општина Прилеп. Рано утрово опожарен е автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.

Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот.

Општина Прилеп го осудува чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот. И, бара под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени.

Рација во прилепскиот затвop: Пронајдени мобилни, пари, ножеви…

Денеска (21.07.2022) полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп.

Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање на предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка.

Прилепскиот бренд СДК стави свој “потпис” на уште еден велелепен храм: Црквата Св. Константин и Елена во Илинден блеска од убавина (Фото)

Православниот храм Св. Константин и Елена во н. Илинден чии темели беа турени во јуни 2012г, пополека завршува со внатрешното уредување, па наскоро се очекува и осветување на храмот.

Имено, откако беше завршен фрескоживописот, целосно се постави и внатрешното осветлување со велелепни кристални лустери од македонска изработка. Имено, централниот кристален полилеј е со гигантски пропорции од 3.5Х5.2 метри и е еден од најголемите во Македонија и регионот, а освен него е поставен и уште еден со димензии 2.5Х3.3м, како и седум други со помали димензии. Целосното осветлување е дело на брендот СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет) од Прилеп, чиј ’потпис’ стои зад повеќето од кристалните лустери во стотици храмови низ Македонија и пошироко.

Од храмот известуваат дека во тек е поставувањето на подот во олтарот и се очекува да биде завршен иконостасот, а ги повикуваат сите благочестиви христијани да помогнат со свои донации да се заврши целосно храмот, за со Божја помош наредната година доколку дозволат приликите, храмот да биде осветен.

Така една од најпросперитетните општини во Македонија конечно ќе добие свој верски храм како што заслужува.

Синоќа вриеше од полициja низ Прилеп – еве што се слyчyваше

Во текот на изминатата вечер (20/21.07.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои 16 возеле без возачка дозвола, четири возеле под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за возачи на мотоцикл поради некористење заштитна кацига за време на возење, а исклучени се 24 возачи и три возила од сообраќај…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.