дома блог страница 1481

Николоски: За едно фотографирање во Брисел Владата на СДСМ и ДУИ ја понижи цела Македонија

Ние сме прва држава која има таканаречени две меѓувладини конференции, бидејќи согласно правилата на ЕУ започнувате почеток на преговори со меѓувладина конференција, во нашиот случај имаше фотографирање пред неколку дена и кога ќе го промениме Уставот и ќе кажеме дека Бугарите се основачи на нашата држава, на што секако ние се спротиставуваме и нема да го направиме, тогаш ќе почнеме пристапни преговори, тогаш ние може да ги почнеме преговорите, без никаква гаранција дека некогаш ќе ги завршиме.

Зошто го кажувам сето ова? Бидејќи ова создава голема фрустрација, голема поларизација и поделба на луѓето и комплетно ја уништува довербата во Европската Унија и ја руши секоја надеж дека има фер игра што ја става државата и регионот во многу тешка позиција затоа што сега нашите соседи велат штом го правите ова со Македонија зошто ние да правиме нешто друго, тие направија се, се понижија самите и се уште не можат да напредуваат.

Maричиќ станал вицкаст: Во последните 5 години немало купување гласови во Собранието

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најави дека за уставните измени ќе се отвори дијалог со сите партии и сите пратеници ќе имаат можност во наредниот период, да се изјаснат на која страна на процесот ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нови застој и блокади.

„Јас сум убеден дека мудро ќе одлучат пратениците во тој нареден период, имаме доволно време да разговараме со сите и да ги убедиме и се надевам исто така и дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме околу ова“, изјави Маричиќ во синоќешното издание на „Трилинг“.

На прашањето за можно купување гласови на пратениците, вицепремиерот Маричиќ кажа дека во последните 5 години никогаш немало купување на гласови во нашето Собрание, а тоа што успеале во еден значаен процес да се направи, да убедат определен дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“, во случајот за Договорот од Преспа, било една сериозна задача, којашто требаше да нè внесе во НАТО.

Цветаме: Владата вели, просечната плата се искачила на 31.407 денари

Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4% – стои во соопштението од Владата.

Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари.

Споредено со мај 2017 година кога просечната нето-плата била 22.889 денари, во мај годинава е зголемена за 8.518 денари и изнесува 31.407 денари.

Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните како и особена поддршка во услови на криза.

Остануваме посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи.

Денеска е Св. 45 маченици

Денеска е 10 јули (по стар календар) и се слави Св. 45 маченици.

Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани.

„А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“

На ова му одговори свети Леонтиј: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“.

По долга препирка за верата Лисиј ги изнатепа и ги фрли во затвор, па не им даваа ни да јадат ни да пијат. Некоја благородна христијанка Василијана им носеше храна и им ја подаваше низ затворскиот прозорец. И во затворот им се јави ангел Божји, ги утеши и ги охрабри.

Кога беше судењето, на Лисиј му се јавија и двајца од затворските чувари како новообратени христијани, и уште многумина други, вкупно на број четириесет и пет. Судијата сите ги осуди на смрт, но така што прво да им ги отсечат со секира рацете и нозете, па потоа да ги фрлат во оган. Оваа грозна казна беше целосно спроведена, а душите на овие свети маченици одлетаа при својот Господ во животот вечен.

Чесно пострадаа и го наследија Царството небесно во 319 година.

(Фото галерија) “Ивери” станува топ бренд – Од денеска нов бутик и во Струмица

Брендот кој почна да расте во Прилеп, веќе стана добро препознатлив и во Битола и Скопје, а од денеска и струмичанки ќе чекаат на ред за да се подноват со нештно ново и модерно.

Лоциран на градскиот плоштад во Струмица, отспротива на “Про кредит” банка, овој бутик на “Ивери” ќе биде најголем досега и се простира на 200м2.

За изборот на модни прачиња не треба да разговараме, затоа што за брендот “Ивери” ќе слушнете само пофални зборови и ќе наидете само на задоволни муштерии.

Не постои девојка која нема да пронајде нешто за себе, а вие момци, купете нешто убаво и изненадете ги вашите поубави половини.

Купувајте и не мислете на паричникот, затоа што во “Ивери” ќе наидете на цени пристапни за секого.

Побарајте ги бутиците “Ивери”, во Битола на Широк Сокак, Прилеп во бизнис центарот, Скопје во строгиот центар, и сега во Струмица на градскиот плоштад.

Уживајте во летото со најновите модни парчиња облека од “Ивери”.

Трета вечер по ред акциска на полицијата во Прилеп: Санкционирани 51 возач, yaпceни две лица

Во текот на изминатата вечер (21/22.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите две лица се лишени од слобода. Кај М.И.(31) од Прилеп била пронајдена марихуана, а М.А.(44) од Прилеп затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. За случаите е известен Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возач.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Taтко му го запалил автомобилот на синот: Семејна дpaма попладнево во Прилеп (Фото)

Иако претходните неофицијални информации беа дека автомобилот се запалил при поправка, од МВР информираат дека се случило следното:

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп.

Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожap во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик – стои во соопштението од МВР.

Сашко Кедев го развиори македонското знаме на вториот највисок и нajcмpтонocниот вpв на cветот

Познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев бил дел од 24-члена експедиција која на 22 јули меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот К2.

Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.

Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

Извор: https://www.facebook.com/ImagineNepalteam/posts/pfbid0JUnJA4Qv7hkkrqz2za9GibS7tdcFjHQpGoaUgQYRDS5q2qdn1hkv8toNc8u4t6Vjl

Џафери се закани: Ќе свикам седница за распуштање на Собранието

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-та седница свикана за во 11 часот на која има 33 точки за расправа, со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата. На списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници.

Џафери ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство во 13 часот да се состанат кај него во Кабинет и да се договорат како ќе продолжат со работа со оваа институција.

„Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во Салата, Собранието нема услови да може да одлучува за прашањата за кои треба да се одлучува на почетокот на седницата. Ова јасно ни кажува за пратениците и за ставот кој го имаат. Некои мислат дека ова е нивен имот и со нивниот имот можат да се однесуваат како сакаат, но ова не е наш имот како пратеници“, изјавил Џафери, а пренесе МИА.

Тој ги повикал двајцата претседатели на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, кои биле присутни во Собранието, да одлучат како ќе дејствуваат понатаму.

Според него, би било коректно тие кои не сакаат да доаѓаат во Собранието и да бидат дел од работата на оваа институција, до него да поднесат барање за седница за распуштање на Собранието.

„Ако тие не предложат, јас ќе предложам седница за распуштање на Собранието да се знае која е главната цел за нас, 120 пратеници. Во овие моменти Собранието треба да функционира без разлика дали му се допаѓа тоа некому или не. Ова е демократија, а уцените не се дел од демократијата. Јас друг излез немам освен да ја прекинам седницата, а ако некој мисли дека седница ќе биде закажана со уцени и ултиматуми, е грешка. Кој не сака да биде дел од мнозинството треба да каже дека од денеска не е мнозинство и нека прави мнозинство со кого сака“, вели Џафери, додавајќи дека „ова не може да се толерира“.

Инаку, на средбата со лидерите на политичките партии од владејачкото мнозинство, Џафери потсетил дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат. Според него, со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Џафери потсетил дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Тој, исто така нагласил дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала. Дополнително, нагласил и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.

Невиден спектакл: “Голд Фелиција” прослави една година постоење – 4 часа богата програма на која никој не остана рамнодушен (Фото галерија)

Една година музичко-танцови спектакли, една година многу гостувања на познати музички ѕвезди од поширокиот регион, една година уникатно доживување и забава. На начин како што само тие знаат, „Голд Фелициа“ минатиот викенд со роденденско кабаре прослави една година од отворањето.

Водејќи ја присутната публика низ музички жанрови од разни земји, 4 часа од роденденското кабаре беа исполнети со забава и уживање, единствено во Македонија.

Публиката ја воодушевија и разновидноста и гламурот на самите костими изработени за танчерите, но и за пејачите, кои беа во совршена согласност со стилот на музика, изработени до најситен детал и висок кабаретски стил од рацете на модниот дизајнер Андреј Папаз.

Танчерите во кабарето настапуваат по кореографија на Илија Карадакоски, додека изведувачи и пејачи на шоуто се Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Жарко Димоски, Бојан Стојков, Калина Велкова, Лаура Крлиу, Полина Тасева, Христина Јовановска и Никола Пројчевски.

Златната приказна на „Голд Фелициа“, замислена на сопственикот Никола Митровски како кабаре, ресторан заедно со сместувачки капацитети, стана местото на префинети задоволства обвиени со кабаретски стил, зачинети со џентлменски манири и сервирани со многу музика, танц, глума, епицентар на кабаре. Многу познати имиња, реномирани уметници, наградувани артисти, фантастична енергија за која оној кој ја почувствувал зборува уште многу, многу долго.

„144 кабаре претстави и 42 професионални македонски уметници кои настапуваат секој викенд, над 40 концерти со најдобрите од Македонија и Балканот и многу гости кои во оваа измината година ги испраќаме со позитивна енергија и насмеани лица.

Ви благодарам на сите за поддршката продолжуваме со уште поголема енергија за работа и уште многу заеднички и убави моменти. Среќен роденден Фелиција и да славиме уште многу јубилеи заедно“, рече уметничкиот директор Димитар Андоновски.

Но, вистинско воодушевување кај присутните синоќа предизвика роденденското изненадување – омажот кон богатата македонска историја и традиција, сето тоа замислено низ кабаретска призма и призвук, која му даде посебна магија на вечерта.

Започна со македонско оро, македонска песна, за да кулминира со влезот на Битолската коњаница кои на коњите со факели во рацете поминаа низ присутните.

Автор: Маја Богоевска