дома блог страница 1480

И синоќа две yaпceни лица во Прилеп: Градот вpиeше од полициja и инcпекции

Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.

При контролите, од слобода биле лишени Ј.Г.(25) и В.Ј.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај Ј.Г. била пронајдена марихуана, а В.Ј. неовластено ги снимал полициските службеници. За случаите бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

За време на контролите во угостителски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи било утврдено дека вработени во еден објект немаат потребна документација, не биле издавани фискални сметки, не бил пријавен промет и немало документација за локалот. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани

Полициjaта влезе во yгостителски обjeкти во Битола: Се точело алкoxoл на малолетници и се пyштала пpeглacна мyзика

На 23/24.07.2022 во периодот од 22.30-00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Битола.

Притоа, констатирано е дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик.

Во едниот објект констатирана е зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.

Aкциска на МВР синоќа во Прилеп: Фатени 17 возачи по дejcтво на алкoxoл

Во текот на изминатата вечер 23/24.07.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола односно Прилеп, Македонски Брод и Демир Хисар спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 22 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Прилеп – 17, потоа Македонски Брод – 4 и 1 санкција Демир Хисар.

За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Незапирливи: Велосипедистите од “Илинден” Прилеп растурија на Државното првенство во Битола (Фото)

Денеска во Битола се одржа Државното ридско првенство на Македонија во организација на Велосипедскиот клуб “Пелистер 15 Maj”.

Учествуваа 12 клубови со над 70 велосипедисти во сите категории: У13, У15, кадети, јуниори, У23, сениори, мастерс и жени.

Патеката се простираше од хотелот Капри до ски центарот Нижеполе – во должина од 12км.

Велосипедистите од В.К клуб & Сервис “ИЛИНДЕН” од Прилеп како и на секое друго натпреварување, и денеска забележа блескави резултати.

Константин Костоски го освои Првото место во категорија до 15 години, како и Стефан Маџоски кој беше најдобар во конкуренција до 13 години.

Андреј Маџоски стигна до второто место во кадети, а Никола Ристески во истата категорија беше трет.

Одличен беше и Младен Петрески кој го освои третото место во категорија до 15 години.

Тренерот на клубот Драган Димитријоски е презадоволен од остварените резултати и ветува уште поголеми достигнувања во иднина.

(Видео) Научниците ја открија “вратата на пеколот”: Еве каде се наоѓа

Научниците открија базен на cmpтта на дното на Црвеното Море кој го yбива речиси секое суштество што ќе заплива во него.

Базенот – кој е речиси 10.000 квадратни метри – беше откриен од истражувачи од Универзитетот во Мајами со помош на подводно возило на далечински управувач за време на експедиција на северниот дел од морето во 2020 година.

На 1,7 километри под површината на океанот, базенот нема кислород и е полн со вода со таква концентрација на сол што го прави cmpтоносен.

„Секое суштество што ќе залута во солената вода веднаш умира“, изјави лидерот на тимот Сем Перкинс за Live Science. „Се чини дека рибите, ракчињата и јагулите ја користат солената вода за лов“, рече тој, додавајќи дека предаторите демнат во близина на смртоносниот базен за да „се хранат со несреќните суштества кои ненамерно пливаат во него“.

Не сме ни ние за фалење, ама соседиве се врв: Кога Бугарите ќе побеснат на судијата (Видео)

Не дека ние сме нешто за пофалба, ама Бугариве се врв кога во прашање е така нареченото “најелитно” фудбалско друштво.

Видеото е натпреварот од второто коло од новата сезона помеѓу Пирин и ЦСКА.

Душа мала: 3-годишната Дарија ја победи лeyкемиjaта и заѕвони на ѕвончето од Детската клиника (Видео)

Малата Дарија ја победи леукемијата и фатена за рака со своето постаро братче заѕвони на ѕвончето во Детската клиника.

За време на нејзината борба со болеста, македонската јавност можеше редовно да ја следи состојбата преку нејзиниот Фејсбук профил, каде е објавено емотивно видео од нејзиното ѕвонење.

„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото.

Видеото погледнете го ТУКА

Победа донесе Англичанец: Ова е четвртото засилување

По потпишувањето со Методија Тоше Делов, Христијан Коцев и Хамза Рамани, Победа го донесе и четвртото засилување за враќањето во Прва лига.

Во Прилеп пристигна Кал Малас, фудбалер со англиско државјанство кој последната сезона ја помина во тимот на српски Тимок Зајечар.

Малас е играч од средниот ред и има 26 години, а според информациите настапувал во клубови во понизок ранг во Англија и Шпанија.

Од неговиот профил на Инстаграм може да се види дека Малас настапувал во редовите на англискиот нисколигаш Морекамб.

Николоски: За едно фотографирање во Брисел Владата на СДСМ и ДУИ ја понижи цела Македонија

Ние сме прва држава која има таканаречени две меѓувладини конференции, бидејќи согласно правилата на ЕУ започнувате почеток на преговори со меѓувладина конференција, во нашиот случај имаше фотографирање пред неколку дена и кога ќе го промениме Уставот и ќе кажеме дека Бугарите се основачи на нашата држава, на што секако ние се спротиставуваме и нема да го направиме, тогаш ќе почнеме пристапни преговори, тогаш ние може да ги почнеме преговорите, без никаква гаранција дека некогаш ќе ги завршиме.

Зошто го кажувам сето ова? Бидејќи ова создава голема фрустрација, голема поларизација и поделба на луѓето и комплетно ја уништува довербата во Европската Унија и ја руши секоја надеж дека има фер игра што ја става државата и регионот во многу тешка позиција затоа што сега нашите соседи велат штом го правите ова со Македонија зошто ние да правиме нешто друго, тие направија се, се понижија самите и се уште не можат да напредуваат.

Maричиќ станал вицкаст: Во последните 5 години немало купување гласови во Собранието

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најави дека за уставните измени ќе се отвори дијалог со сите партии и сите пратеници ќе имаат можност во наредниот период, да се изјаснат на која страна на процесот ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нови застој и блокади.

„Јас сум убеден дека мудро ќе одлучат пратениците во тој нареден период, имаме доволно време да разговараме со сите и да ги убедиме и се надевам исто така и дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме околу ова“, изјави Маричиќ во синоќешното издание на „Трилинг“.

На прашањето за можно купување гласови на пратениците, вицепремиерот Маричиќ кажа дека во последните 5 години никогаш немало купување на гласови во нашето Собрание, а тоа што успеале во еден значаен процес да се направи, да убедат определен дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“, во случајот за Договорот од Преспа, било една сериозна задача, којашто требаше да нè внесе во НАТО.