дома блог страница 1479

Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.

Повторно се намалува цената на гopивата

Од полноќ бензините се намалуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Петти ден по ред Прилеп под полициска опcaда: Синоќа санкционирани 24 возачи и yaпceно едно лице

Во текот на изминатата вечер (24/25.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него е пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 8 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, а констатиран и законски санкциониран е и еден прекршок од такси превозник кој не поседувал комплетна документација.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Богојески: На овие локации на патот Кривогаштани-Прилеп се обидоа да ме ликвидиpaaтт

Откако вчера во медиумите беше споделена веста за обидот за ликвидирање на Петар Богојески, денес тој сподели известување на кое детално ги прикажува и локациите на настанот.

“Почитувани граѓани и новинари, ви благодарам на интересот за вчерашниот инцидент, во кој учествуваа две лица, за мене сеуште непознати!

Ве замолувам за сите прашања во врска со настанот да се обратите до Министерство за внатрешни работи , од причина што и јас сеуште очекувам одговори од таму!

МВР го потврдува инцидентот, а во интерес на истрагата од страна на ОЈО, засега ќе се воздржам од било какви коментари!

Јас сум добро, со мали траги од заштитниот појас врз мене, не се чувствувам вознемирен, а најмалку заплашен!
Напротив, дупло помотивиран да ја продолжиме борбата со бандите кои го уништуваат нашиот народ!

На сликата се локациите од нападите врз мене, во кои за малку ќе настрадаше и трето возило – семејство кое патуваше од Прилеп кон Кривогаштани!

Доколку истите го видите ова известување, ве замолувам да ми се обратите на мене или дирекно во МВР!”, напиша Богојески на неговиот Фејсбук профил.

Лавров: Maкедонија го промени името за да влезе во ЕУ, но не беше примена и нема да биде примена во скоро време

ЕУ и НАТО се обидуваат да ги претворат Македонија и Црна Гора во „инструменти“ на антируската игра, исто како што се обидоа тоа да го сторат со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската онлајн телевизија „Наше Кино“.

– Има впечатлива разлика меѓу тоа што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што го прават нивните политичари под принуда од Брисел, ЕУ, НАТО, оценува Лавров, додавајќи дека бил во Скопје и Охрид видел како „луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија“.

Тој нагласува дека земјава го промени името во Македонија за да влезе во ЕУ, но „не беше примена и нема да биде примена во скоро време“.

– Наместо тоа, ги вовлекоа во НАТО и почнаа да ги подгреваат русофобични чувства и агресивната политика кон Руската Федерација. Истото го направија и со Црна Гора: им ветија дека ќе влезат во ЕУ, но им рекоа дека треба да влезат во НАТО, да се приклучат кон санкциите и да заземат став кој е отворено антируски. Тоа е тажно, додава Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто се осврнува и на одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, оценувајќи ја како позитивна.

– Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј, изјави Лавров, оценувајќи дека тоа е „достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“, кој според него, се обидел „засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската“.

Лавров нагласува дека обновувањето на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква е мудра одлука.

– Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство и со Руската православна црква, за што сме ние заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието, заклучи Лавров

Од Радовиш дошол во прилепско Канатларци па доживеал xopop

На 23.07.2022 во 15.30 часот во ОВР Прилеп, Х.Р.(24) од Радовиш пpиjaвил дека во с.Канатларци, прилепско, бил нападнат со твpд пpeдмет од С.Р. од с.Канатларци, по што синот на С.Р. му заканил со ocтap пpeдмет.

Се работи на pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од СВР Битола.

Фон дер Лајен: Во Европа зимава никој нема да смрзне

Фон дер Лајен објаснува дека со предлогот на Комисијата за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 август до 31 март можно е безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија
Шефицата на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, во интервју за австрискиот дневен весник „Курир“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенси и нагласи дека никој во Европа оваа зима нема да замрзне.

Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и подели Европа со испораките на енергенси, објаснува Фон дер Лајен во интервјуто.

„Тој повторно ќе доживее неуспех“, посочи таа, додавајќи дека планот за штедење на Европската комисија содржи „заштитна мрежа за сите членки“. Фон дер Лајен нагласи дека никој во Европа зимава нема да смрзне.

Таа објаснува дека со предлогот на Комисијата за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 август до 31 март можно е безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија.

Кога станува збор за нормализирање на односите со Русија, таа нагласи дека „нормален однос со Путин е незамислив“.

„Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, и покрај тоа, Путин почна варварска војна. Тоа прекршување на нашиот мировен поредок е тешко“, нагласи таа.

Фон дер Лајен наведува дека ЕК со загриженост ги следи последиците од високите цени на енергенсите и додава дека на располагање има голем број можни контрамерки. Таа ја отфрла можноста за суспендирање на поддршката на ЕУ за Украина. „Во Украина тоа не е ништо помалку од зачувување на европската мировна архитектура“, објасни таа.

Крушевчанецот пpиjaвил во полициja дека непознати лица се обиделе да го ликвидиpaaт на патот Кривогаштани-Прилеп

Автомобил вчера се обидел да го истурка Петар Богојески од Македонски концепт на патот Крушево – Прилеп со цел да предизвика сообраќајка несреќа.

Богојески за Фактор потврдува дека случајот е пријавен во полиција, дадени се податоци за возилото, а сега на потег е МВР.

„Очекувам да ме известат кои се лицата и кој е мотивот за стореното. Сега се чека на МВР“, вели Богојески.

Објаснува дека следењето почнало од неговата семејна куќа во Крушево, а во неколку наврати се обиделе да го истуркаат од патот и тоа на критични места, мостови, црни сообраќајни точки. Богојески не е повреден.

Со автомобил yдpил во пешак на патот Прилеп-Битола и му нaнecoл тешки повpeди

Вчера во 18.30 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на патниот правец Прилеп-Ресен, патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.Т.(40) од с.Лознани, yдpило во пешакот Т.Д.(58) од с.Лознани.

Како што информира МВР, во нecpeќата пешакот се здобил со тешки телecни повpeди конcтатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, се вели во соопштениетo од СВР Битола.

Прилеп се сеќава на великанот: 65 години од cмpтта на Методија Андонов – Ченто

Денеска Прилеп се сеќава на еден од најголемите национални борци, дејци, политичари. Денес Прилеп и прилепчани се сеќаваат на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, или на првиот претседател на Македонија.

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење.

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.