дома блог страница 1478

Дванаесет момци и две храбри девојки од Битола тргнаа на коњи за славно Крушево (Фото/Видео)

Илинденската коњаница од Битола од денеска го започна своето седумдневно патување до Крушево, каде ќе пристигнат на Илинден.

Фото/Драгана Спасевска

Во коњаницата “Галоп” учествуваат 12 момчиња и две девојки, а патувањето го започнаа денеска од пред Офицерскиот дом во Битола.

-За овој предизвик кој прв пат се организира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ се подготувувавме шест месеци, почнувајќи од месец јануари и се до денес. Подготовките беа тешки и напорни, но неуморно ги подготвувавме коњите, но и ние лично се подготвуваме со кондиција за издржливост. На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.

Цело МВР во Прилеп и одма се пронајде мapиxyaна

Четири лица се приведени, а 16 возачи се казнети во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп во спроведените контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

Од МВР денеска информираа дека кај приведените лица била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

– Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, се појаснува во соопштението од МВР.

Му е стpaв да не биде повторно иcвиpкан? Пендаровски за Илинден во Скопје, Талат во Пелинце, Ковачевски во Крушево

Премиерот Димитар Ковачевски за „ Август-Илинден, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обрати на свеченоста која што ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, а свечената програма во организација на Владата ќе започне со положување цвеќе на Мечкин Камен.

Според информациите од кабинетот на Стево Пендаровски, тој ќе го прославува Илинден на платото во Вила Водно во Скопје, како и пред три години.Лани, пак, Пендаровски, според распоредот, беше во Крушево, но и тогаш се обиде да внесе новина во прославата, па не држеше говор на Мечкин Камен, туку претходно имаше видео обраќање.

На прославата во Пелинце ќе приссуствува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Не е Ламбурџини за секого (Фото)

Несекојдневна глетка во центарот на Скопје. Иако на социјалните мрежи се коментира дека луксузно возило марка „Ламборџини“ се расипало на сред булевар кај ТЦ Мавровка во близина на судовите, сепак вистината е дека учествувало во сообраќајна несреќа.

Од МВР за Курир велат дека кај нив сообраќајната несреќа била пријавена околу половина час по полноќ.

-На крстосница од булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирсков“ дошло до судир меѓу „Цитроен“ со кумановски регистерски ознаки и „Ламборџини“ со швајцарски регистерски ознаки, велат од МВР за Курир.

За среќа, причинета била само материјална штета и нема повредени лица.

Денеска е Св. Архангел Гаврил – еве што треба, а што не треба да правите според народните верувања на овој голем ден

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.

Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Жена од Неготино му дала злато вpeдно 10.000 евpa на лажен оџа за да и’ отстране магиja

Жена од Неготино на возраст од 52 години била жртва на измама од лице кое се претставувало како оџа, и останала без злато во вредност од околу 10.000 евра.

Измамената В.Т. за ,,Фокус” ги раскажува деталите од немилиот настан, кој е пријавен во полиција, како што вели, за да ја предупреди јавноста да не наседне на лагите на лажниот оџа, но и со цел доколку некој има информација каде би можел да се наоѓа измамникот, да помогне во негово пронаоѓање.

Драмата на В.Т. и нејзиното семејство започнала сосема случајно, кога таа со сопругот и неколку роднини тргнале кон Радовишко, од каде таа потекнувала, односно имала стара куќа во селото Папавница. Запреле покрај патот за да наберат билки за чај, и тогаш покрај нив со возило запрел маж на возраст од околу 40 години.

Им пришол, ја погледнал и и рекол дека на челото и пишува дека и е направена магија. Ја прашал дали има здравствени проблеми, а таа се зачудила како тој може да знае, бидејќи навистина минала низ повеќе тешки здравствени искушенија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Нова акциска на полициjaта синоќа во Прилеп: Уaпceни 4 лица

Во текот на изминатата вечер (25/26.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите четири лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Регистрирани 1.261 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022):

Направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.

Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.

Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.

Повторно се намалува цената на гopивата

Од полноќ бензините се намалуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.