дома блог страница 1477

Професорката Ирена Наумоска од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп меѓу најуспешните фанкофони во Македонија (Фото)

Најуспешните професори по француски јазик од Македонија, кои учествуваа на натпреварот во организација на Фондацијата „Бел Идеал“, четири дена престојуваа во Париз како награда за нивната досегашна работа во наставата и во промоција на франкофонскита култура и цивилизација.

„Француската метропола е една од најпосакуваните дестинации за сите туристи ширум светот, а градот на љубовта плени со својата убавина и раскош, како и со француската кујна, примамлива за вистинските гурмани. Благодарение на Фондацијата „Бел Идеал“ и претседателката Јадранка Бојковска Бенреждал, имавме можност да уживаме во убавините на Париз посетувајќи значајни места и активности кои се симбол на француската култура и традиција. Ова е награда за заложбите на професорите, но и начин да се стимулираат останатите професори да организираат активности за промоција на франкофонијата”, вели професор Ирена Наумоска од ООУ „ГОЦЕ Делчев“-Прилеп, една од наградените професори од фондацијата „Бел Идеал“ во Македонија.

Победници на натпреварот се Магдаленка Симовска од Пехчево, Билјана Начовски од Делчево, Ирена Наумоска од Прилеп, Мимоза Цека од Тетово и Елена Лазаревска и Анета Митевска од Скопје.

Натпреварот се реализираше во две категории: професори кои имаат повеќе од 5 години практично искуство во наставата по француски јазик и професори со помалку од пет години работно искуство. Покрај достава на досиеја со докази за активности спроведени во периодот од јануари 2019 – 30 април 2022 година, професорите имаа и интервју на крајот на мај 2022 година со претседателката на фондацијата, Бенреждал, која се сретна со сите финалисти од повеќе градови.
Имињата на добитниците на наградата беа соопштени на завршната франкофонска активност за време на натпреварот за Француска шансона во хотелот Лимак во Скопје.

Честитки за оваа иницијатива за вреднување на трудот и заложбите на професорите по француски јазик која треба да биде пример и за други фондации.

Нова акциcка на полициjaта во Прилеп: Синоќа казнети 21 возач

Во текот на изминатата вечер (26/27.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 21 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Cyдиите, обвинителите и затвopcката полициja ќе добиjaт повиcoки плати по скратена постапка

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

Во прилепска сканија пронајдени 88 мигpaнти

Денеска (27.07.2022) во 00.15 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко.

На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканиа“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нови цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.

– Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

РКЕ во понеделникот ги намали цените на бензините за еден денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 со тоа се продаваше за 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 98, дизелот за 96, а Екстра лесното масло за домаќинство за 94,5 денари за литар.

Отворен Балкан гаранција дека ќе имаме доволно брашно, масло, шеќер и сол за цела зима

На дводневните работни средби на Отворен Балкан во Тирана, меѓувладини тимови од Македонија, Србија и Албанија, заедно со стопанските комори од трите земји работоеа на решенија за пребродувањето на енергетската криза, како и справувањето со можните ефекти од војната на Украина во недостатокот на храна.

Договорено е министерствата заедно со коморите да ги измапираат можностите за заеднички инвестиции во подобрување на инфраструктурата и капацитетите за производство на енергија, особено во обновливи извори на енергија. Исто така, ќе се стават на располагање сите суровини со кои трите земји располагаат за производство на електрична енергија.

Трите држави се согласија дека обезбедувањето на храна во услови на светска криза претставува предизвик и дека заради обезбедување на одржливост во снабдувањето со храна потребно е да се создадат посебни механизми на соработка помеѓу трите земји. Извозните забрани за определени производи на храна да не се однесуваат и за земјите од Отворен Балкан односно да имаат преференцијален третман.

Благодарение на Отворен Балкан, македонските и граѓаните на Албанија и Србија, зимава ќе бидат целосно обезбедени со потребните количини на брашно, масло, шеќер, сол и другите основни немирници.

Работните групи за брза реакција при катастрофи и несреќи се согласија дека секоја земја ќе делегира лице за контакт од својата земја за прв одговор при криза, кои ќе комуницираат редовно – ова ќе значи итна реакција од секоја земја за заштита на населението на земјите на Отворен Балкан без разлика каде се случува непогодата или несреќата. Дополнително, трите земји можат да бенифицираат од заеднички пристап при барањето средства и добивањето помош од достапните ЕУ фондови.

Трите земји работат на усогласување на системите за електронските идентификациски картички да можат без проблеми да функционираат во сите три земји. Ова е финална фаза пред укинување на работните дозволи меѓу трите држави.

Со овие картички граѓаните ќе имаат пристап до еден заеднички слободен пазар на труд и движење низ земјите на Отворен Балкан. На овој начин стануваме голем пазар од 12 милиони жители.

Битолскиот министер во Владата се пофали: Ќе градиме голф игралиште во Охрид

Министерот за Локална самоуправа во Владата, Горан Милевски на Фејсбук објави дека биле одобрени 5,7 милиони денари за изградба на голф вежбалиште во Охрид.

„Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи“, напиша Милевски.

Милевски напиша дека иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид.

(Видео) Битолчани покажаа како се сака Гоце Делчев

Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечерва започнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

Годинава фестивалот „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Од корените до цветот“, а корените датираат од 1971 година, вели м-р Валентин Соклевски, програмски селектор на фестивалот.

Во фолклорното дефиле кое започна на Широк Сокак се и гостите кои годинава доаѓаат од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли, кои го донесоа националниот фолклор низ улиците на Битола.

За прв пат по Широк Сокак помина и битолската коњаница „Галоп“, која до 2. Август ќе се движи по патот на илинденците, до славно Крушево.

(Фото галерија) Прилепските пожapникapи добија нова опрема за спасување при елементарни непогоди

ТППЕ – Прилеп денеска доби донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Станува збор за комплет спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди (земјотреси) и комплексни сообрајќајни незгоди и сет за спасување од поплави.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески присуствуваше на примопредавањето на опрeмата и ја нагласи важноста на ваквата донација за ефикасно справување на ТППЕ –Прилеп со елементарните непогоди и за спасување.

– „Донацијата, технички ќе ја подобри оваа институцјата. Но, сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално подготвени противпожарни единици, кои ќе можат веднаш, ефективно да одговорат на потребите на граѓаните, кога се во прашање незгоди, пожари или елементарни непогоди. Овие високи летни темпертури се најчестата закана за пожари. Па, ова е период како институции, локални и национални, максимално да делуваме за поквалитетно функционирање на ТППЕ, и во технички и во човечки ресурси, за брза и навремена теренска интервенција во намалувањето на пожарите. Ние во иднина како локална самоуправа, пред се’ би работеле во насока на оспособување на теренските противпожарни возила кои не функционирале и претходно, но и на набавка и изнаоѓање на донација за поквалитетни противпожарни теренски возила, бидејќи техничкиот парк на оваа клучна институција за заштита на населението во Прилеп, долги години не е обновен. Инаку, просечна старост на возилата е преку 20 години“. – рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој се заблагодари за донацијата што ја доби ТППЕ –Прилеп.

Градоначалникот при оваа прилика упати и апел до граѓаните, да внимаваат и совесно да се однесуваат кон природата поради високите температури, за да не се предизвикаат пожари на отворено, бидејќи како што истакна Јовчески и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери.

Инаку, ваква опрема имаат добиено 14 територијални противпожарни единици во состав на Републичките сили за заштита и спасување, од средствата наменети за купување опрема за пожарникарите.

Oва е новиот македонски амбacaдop во САД

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов, го помина и филтерот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Тој своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентирање пред Комисијата за надворешна политика, зад затворени врати, поради како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со презентацијата на тезите во Парламентот завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон.

Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.