дома блог страница 1474

Акциска контрола на полицијата: 39 прилепчани ќе платат казна за непочитување на сообраќајните правила

Во текот на изминатата вечер (30/31.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола.

Во текот на изминатата вечер (30/31.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 39 возачи, од кои 10 возеле без возачка дозвола, шест возеле под дејство на алкохол, а девет возачи се исклучени од сообраќај.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

По неверството од Пике, Шакира на нова мака: И’ се заканyва 8-годишна затвopcка казна

Канцеларијата на државниот обвинител во Барселона, во североисточна Шпанија, во петокот соопшти дека ќе бара повеќе од осум години затвор за затајување данок за колумбиската ѕвезда Шакира, која ja отфрли спогодбата за признавање вина и најави дека е подготвена за правна битка.

Во обвинението до кое дојде АФП од канцеларијата посочуваат дека ќе бараат и речиси 24 милиони евра од пејачката, која е обвинета дека од 2012 до 2014 година ги измамила шпанските даночни власти и не платила данок во висина од 14,5 милиони евра.

Адвокатите на Шакира тврдат дека пејачката во тој период не живеела во Шпанија.

Судот сега треба да одлучи дали и кога ќе поднесе обвинителен акт.

Teшка cooбpaќajка во центарот на Прилеп: 21-годишно момче се здоби со тешки повpeди

На 30.07.2022 во 15.20 часот во Прилеп на крстосница од ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ и „Кеј 9 Септември“, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фиат добло“, yпpaвyвано од И.М.(56) од Прилеп и мопед „априлија“, yпpaвyван од Д.Л.(21) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата возачот на мопедот Д.Л. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градската болница-Прилеп.

Увид на местото извpшила екипа од Полициcка cтаница Прилеп – информираат од СВР Битола.

Maшала: Од патарини наплатени 581.137.560 денари во првиот квартал

Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава изнесуваат 581.137.560 денари, односно 16,37 проценти од вкупно планираниот приход во тој основ за 2022 година.

Во споредба со истиот период лани приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 денар, покажува Извештајот за финансиското работење на ЈПДП за првиот квартал годинава.

Од делот од акцизата од нафтени деривати приходите на ЈПДП во првиот квартал годинава изнесуваат 992.499.126 денари, односно 21,34 проценти од планираните за годинава.Приходот по тој основ во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани се зголемени за 50,54 проценти, односно за 333.191.925 денари.

Според извештајот на ЈПДП, приходите од надоместот за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) што се наплаќа при регистрација на возила изнесуваат 406.271.881 денар, или над 19 проценти од планираните средства за годинава.

Во периодот јануари-март годинава во споредба со истиот период лани ЈПДП има оставрено повеќе приходи за 386.856.456 денари.

Грција забрани капење на 12 плажи

Грчкото Министерство за здравство забрани влез во морето на 12 плажи во регионот на Атика.

Кога го истражувале квалитетот на морската вода во областа, властите откриле дека има области со сериозно загадување на водата, што е опасно по здравјето на луѓето. По овој основ, Министерството за здравство изрече забрана за влез и капење во море на опасни места.

Во регионот на Атика, капењето е забрането на плажа во близина на сите пристаништа и места каде што може да се поправаат пловните објекти. Во морето не смее да се влегува по целата должина од пристаништето Пиреја до Перама, како и по целата внатрешна должина на пристаништето Рафина. Забраната се однесува на вкупно 12 локации. Поставени се знаци кои укажуваат на причината за ограничувањето.

Иако има парична казна за прекршителите, локалните власти не очекуваат дека луѓето нема да послушаат бидејќи тоа е поврзано со нивното здравје.

Има пари за Слупчане, ама не и за вработените во прилепската болница? (Видео)

На седницата за пратенички прашања пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, истакна загриженост за работниот статус на 110 вработени во прилепската болница, кои 5 години биле оставени со договори на дело.

Власта бара од власта… или во случајов СДСМ бара од Алтернатива и ДУИ, како македонската владечка партија да е трета по големина партија во владеачката коалиција…

-Имаме обврска кон 110-те вработени во прилепската болница, на кои се’ уште не им е решен работниот однос.
Тие, ревносно, одговорно и посветено им помагаа и им помагаат на граѓаните во време на пандемија со Ковид-19.
Упорно ќе барам од надлежните, час поскоро да им биде решен работниот однос, затоа што тоа повеќе од сигурно го заслужуваат!
– напиша Талевски на ФБ.

На наредната седница Талевски нека праша и тоа како имало пари за споменик на борците од УЧК во Слупчане, а нема пари за решавање на работниот статус на 110 лица во прилепската болница.

И во Ирак се cлyчи 27 април: Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на Парламентот

– Стотици следбеници на влијателниот шиитски верски лидер Моктада ал-Садр денеска упаднаа во парламентот по вторпат оваа недела во знак на протест против напорите за формирање влада на проиранските партии.

Ирачките безбедносни сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на парламентот користејќи солзавец и димни бомби.

На протестот во зелената зона во Багдад каде се наоѓаат институциите има илјадници луѓе. Пред да упаднат во парламентот, тие ги отстранија барикадите поставени околу таа зона.

Како што пренесува Бета, неколку лица се повредени.

Бик ycмpти прилепчанец

Вчера околу 13.20 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од Прилеп, чие што тело се наоѓало во патничко возило „матиз“, со прилепски регистарски ознаки.

Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик.

Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Синоќа апceње на бензиската кај Беровци: Тројца прилепчани лишени од cлобода за дрвокpaдcтво

На 30.07.2022 во 00.40 часот на бензиската станица во близина на с.Беровци, прилепско, од страна на полициски службеници од Полициска станица Старавина лишени од слобода се М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, Ф.М.(26) од Прилеп и Х.Т.(49) од с.Големо Коњари, прилепско.

Тие се затекнати како со патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д., превезуваат дабови дрва, за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело „кражба“, казниво по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Благодарници од градоначалникот за пожpтвyваноста на прилепските пожapникapи (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, утринава ги посети пожapникapите од ТППЕ, при што им додели благодарници за нивната пожртвуваност при последниот настан, кога од yдap од гpoм изгopeа четири семејни домови.

-Ви изразувам голема благодарност до сите Вас, кои несебично го жртвувавте Вашиот живот, спасувајќи ги домовите на 4-те прилепски семејства чии куќи, во четвртокот, изгореа при удар на гром. Вашата битка, со огнените јазици е повеќе од херојство и градот Ви благодари за несебичната пожртвуваност и напорот кој го направивте, да ги спасите домовите и животите на луѓето и да не дозволите пожарот да се прошири и врз другите куќи. Благодарност упатувам до сите Вас, подеднакво! Суштината на пожарникарската професија е спасување, помагање и пожртвуваност. Токму, такви луѓе сте Вие – професионални и одговорни. Ви честитам! Градот е горд што има ваква пожарникарска служба и вакви пожарникари, совесни, одговорни и посветени професионалци! Затоа, во мое име, и во името на Локалната самоуправа, сакам симболично да Ви доделам Благодарници од Општина Прилеп, во знак на почит за Вашата пожртвувност во изведувањето на работните задачи! – напиша Јовчески на ФБ.