дома блог страница 1475

Kapтел Maкедонија: Пронајдени парцели со мapиxyaна во вредност од половина милион евpa

На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива.

Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија.

По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Aмериканската амбасадорка Брнз во посета на општина Битола (Фото)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во текот на вчерашниот ден имаше средба со американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз, која истакна дека се радува што е во Битола, град со прекрасна архитектура и големо културно наследство. На средбата се разговараше и за програмата на фестивалот „Илинденски денови“ кој е дел од БИТ ФЕСТ, спецификите на фолклорот и учеството на гости од Америка.

Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за други прашања поврзани со подобрување на можностите за заштита и реставрација на објектите кои се културно наследство, како и забрзување на административните процедури за обезбедување на потребните дозволи, што посебно се однесува на забрзување на процедурите, во делот на надлежноста на институциите под централна власт.

Градоначалникот Коњановски ја истакна потребата на градот од создавање на поголем зелен простор, изградба на паркови, мултифункционален центар, нова противпожарна станица, како и подобрување на инфраструктурата, но ја нагласи и потребата од делување во насока на задржување на младите во Битола.

Амбасадорката Брнз рече дека Битола е сепак дел од солуцијата што нуди нов живот за младите преку културните настани кои насекаде може да се видат. На тоа градоначалникот додаде дека, токму тоа е неговиот најголем мотив да биде добар градоначалник и да ги оствари очекувањата на жителите на градот, притоа остварувајќи прогрес во наредните години.

Градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за предизвиците на енергетската криза и за справување со можните најавени проблеми за зимскиот период, со оглед на тоа што Битола има доста ладни зими, како и за решенијата кои може да се имплементираат во следниот период.

Којзнае колку дpoга се pacтypa низ Прилеп: Синоќа yaпceни 3 лица, пронajдени кокаин и екcтaзи

Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице билe пронајдени поголема количина таблети “екстази” и кокаин, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин. Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 20 возачи, од кои 14 се исклучени од сообраќај.

Димитриевски: ДУИ е газда на Македонија, СДСМ е приврзок

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски даде интервју за весникот „Вечер“ и вели дека оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда.

„За жал, Македонците и во 21 век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21 век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик. Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава. За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси“, потенцира Димитриевски.

Димитриевски кажа дека има контакт со раководството на СДСМ.

„Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано газда во Македонија“, вели Димитриевски во интервју за „Вечер“.

Како да знаете дали некој Ви го прислушкува телефонот

Телефонот сам се ресетира
– Доколку мобилниот почне сам да се рестартира, тоа може да биде знак дека е хакиран – објаснуваат експертите за безбедност на уредите поврзани на интернет. Додаваат дека злонамерната програма вметната на каков било начин најчесто доаѓа во „конфликт“ со други апликации, па телефонот се „расипува“.

Телефонот драстично забави
Вашиот уред одеднаш забави и ве нервира? Вистина е дека секој телефон, iOS или Android, со текот на времето губи брзина и капацитет, но ако тоа се случи во комбинација со други „симптоми“ од оваа листа, секако не е добро.

Слушате необични звуци
Ако слушнете ехо, статични звуци или кликање, тоа може да биде знак дека некој ги слуша вашите повици. Експертите објаснуваат дека тоа ретко се случува, бидејќи хакерите усовршиле бројни техники, но внимавајте на квалитетот на звукот за време на разговорите кога сте во мирна средина или сами.

Уредот е тајно вкоренет
Станува збор за рачно отстранување на ограничувањата на производителот, за да може да се пристапи до заштитените делови на уредот и да се инсталира програма за шпионирање. „Не можете сами да го забележите ова. Побарајте Cydia за iOS или SuperUser за Android. Може да се случи и сами да се појават на вашиот екран“, велат експертите.

На телефонот му треба премногу време за да се исклучи Обрнете внимание ако на телефонот му треба подолго време за исклучување од вообичаено. „Кога ќе го притиснете копчето за исклучување, уредот мора да ги заврши сите задачи што ги започнал. Ова значи и испраќање податоци на трета страна, односно хакер, што значително го зголемува времето на исклучување“, открива Readers Digest.

Мобилниот често се прегреева
Дали забележавте дека уредот е „жежок“ во последно време? Ова може да биде знак дека е хакиран. Злонамерна програма што работи континуирано, без да сфатите, доведува до прегревање. Секако, има и други причини поради кои телефонот се прегрева, а причина за тоа би можела да биде батеријата. Уште две причини за кои треба да се грижите и кои би можеле да бидат знак дека телефонот ви е хакнат се брзото празнење на батеријата и постојаното „пржење“ на интернетот, т.е. пакет на податоци.

Што можеш да направите?
Првото нешто што треба да направите е да го ресетирате телефонот. „Звучи неверојатно, но некои апликации и софтвер за следење се потпираат на тоа што никогаш не го рестартирате телефонот. Со овој едноставен потег ќе ги запрете хакерите“, рекол споменатиот извор. Антивирусните апликации можат да помогнат, но ако ги имате не значи дека сте заштитени.

– Исклучете ги GPS-от и локацијата кога не ви требаат, бидејќи тоа спречува трето лице да ја знае вашата локација. Исто така, важно е редовно да го ажурирате телефонот и да ги бришете апликациите со кои не сте запознаени – се заклучува во написот Readers Digest.

Ако ништо од ова не помогне, тогаш ресетирањето е во ред, но ресетирањето на хардверот и чувањето само на најосновните копии на податоци – фотографии, видеа, пораки, содржината на апликацијата Notes и други работи што не се од системска природа – велат сајбер-експертите.

Германија е на работ на рецесија

Економскиот раст на Германија стагнираше во вториот квартал од годината, покажаа официјалните податоци, а аналитичарите предупредија дека рецесија би можела да биде зад аголот во услови на енергетска криза која се наѕира.

Најголемата европска економија забележа нула раст поради „тешките“ глобални економски услови, соопшти федералната агенција за статистика Дестатис.

Континуираното влијание на пандемијата, прекините во синџирите на снабдување и војната во Украина, јасно се рефлектираат во краткорочниот економски развој, рече Дестатис.

Растот во првиот квартал беше ревидиран нагоре на 0,8% од првичната проценка од 0,2%. Но, слабите податоци за вториот квартал покажаа дека „германскиот економски мотор е во застој“, рече Јенс-Оливер Никлас, виш економист во банката LBBW.
Владата и потрошувачите ја поддржуваа економијата до јуни, но растечката инфлација ќе доведе до тоа дека трошоците на домаќинствата „наскоро ќе останат без својот потенцијал“, рече тој.

Поттикнати од високите цени на енергијата, потрошувачките цени во Германија се зголемија за 7,5 отсто во јули, што е значително над целта на Европската централна банка од два отсто.

„Со растечките спротивставени ветрови за економијата, Германија е на работ на рецесија“, рече Никлас.

Остриот пад на клучните економски показатели како што е довербата на потрошувачите сега е „рецесиска територија“, вели Карстен Бжески, економист во ИНГ банка.

Заканата од прекин на испораките на руски гас поради тензиите околу Украина ја зголеми загриженоста дека Германија можеби ќе треба да ја рационализира енергијата во зима, што ќе му наштети на бизнисот.

„Војната во Украина става крај на германскиот економски бизнис модел заснован на евтин увоз на енергија и масовен извоз на стоки во глобализираниот свет“, рече Брзески.

Одделни податоци објавени денеска покажаа дека стапката на невработеност во Германија се зголемила за 0,1 процентен поен на 5,4 отсто во јули, што е втор последователен месечен пораст. Најновото зголемување се должи на тоа што украинските бегалци се приклучија на редот на барателите на работа во Германија, соопшти Федералната агенција за труд.

Измамена битолчанка: Љyбовникот и’ побарал 7.500 евра за да ја одблокира сметката од фирмата, па не му видела око

На 27.07.2022 во СВР Битола, 49-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари.

Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Oгpaбена аптека во Прилеп

На 27.07.2022 околу 21:20ч. во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека во аптека на ул. “Трајко Тарцан” во Прилеп, едно лице со закана кон вработената одзело пapи од дневниот пpoмет.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од СВР Битола.

Наздравје! Ковачевски:”Ќе има проблеми со набавка на мазут, можно е да нема доволно струја зимоска”

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека земјата ќе се соочи со предизвик да набави мазут за производство на електрична енергија за време на следната зима.

– Веќе има недостаток на мазут на европскиот пазар, особено во јужна Европа како што таков проблем има Словенија. Не чека незивесна зима за снабдување со гас, кој е потребен во индустријата и за затоплување, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека е можно за време на зимата да ја нема електричната енергија во доволни количини.

– Најтешката зима е поради нападот на Русија на Украина и сите проблеми кои се случија со зголемувањето на цените на нафтените деривати и електричната енергија, која ќе ја нема во доволни количини за време на зимскиот пеирод. Тоа е заклучок на екепсерти со светско реноме.

При ребалансот за 2022 ги имавме овие факти во предвид и затоа со ребалансот има 76 милиони евра за антикризни мерки кои се во фаза на подготовка. Со оглед на тоа дека има зголемување на цените на храната и инпутите како ѓубривата и житото, 32 милиони евра се определени за зголемување на домашното производство на храна“, нагласи Ковачевски.

Погет за почит! Во сабота хуманитарна забава во кафе “Оникс”, сите средства ќе бидат за семejcтвата чии домови целосно изгopea

Кафе бар “Оникс” меѓу првите фирми кои ја понудија својата помош и поддршка, за несреќните семејства чии домови синоќа целосно изгореа по yдap од гpoм.

Во сабота со почеток од 22:00ч. хуманитарна забава со диџеј Мамлио, а сите средства од вечерта ќе бидат донирани за помош при санација на домовите од семејствата.

Да ја покажеме нашата хуманитарност на дело! Во сабота сите во “ОНИКС”.