дома блог страница 1473

(Видео) Попови се cтепале на погpeб во Украина

Двајца Попови се степаа за време на погреб на војник во Украина, пренесе украинската агенција УНИАН.

Инцидентот се случил во областа Виница во западна Украина, а причината биле различните ставови на свештениците за конфликтот во Украина.

Според агенцијата, едниот од нив бил свештеник на канонската Украинска православна црква (под дурско влијание), а другиот претставник на расколничката православна црква во Украина (под влијание на Фанар).

Бензините по стари цени, а дизелот пocкапyва

Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини 95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 95,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за килограм.

Со најновата Одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на Одлуката од 27 јули 2022 година.

Во Крушево вечерва ќе биде отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена вечер на Гумење во Крушево во организација на општината.

На манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден.

Претходно, коњаницата ќе дојде пред столбот на Крушевската Република, ќе се формира поворка, по што делегацијата за полагање цвеќе со коњаницата ќе се упати кон Гумење. Ќе биде положено цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници.

Во рамки на програмата на манифестацијата, предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.

По отворањето на манифестацијата пред споменикот „Илинден“ ќе настапат Националната филхармонија и хорот на Национална опера и балет, ансаблот „Танец“ и балерината Ивана Коцевска.

На платото кај Гумење ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и ќе се обрати претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, м-р Томе Христоски.

Според програмата, на крајот од вечерта концерт ќе одржи Камерниот оркестар, а ќе настапат и неколку македонски пејачи.

Централната манифестација по повод Илинден ќе се одржи утре на Мечкин Камен.

Не престануваат акциските на МВР во Прилеп: Синоќа yaпceно едно лице

Во текот на изминатата вечер (31.07/01.08.2022) од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите лишенo од слобода е едно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се седум возачи, од кои пет се исклучени од сообраќај.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Османи: “Обидите на Вучиќ да го дестабилизира Косово, користејќи ги методите на неговиот ментор Путин нема да успеат”

Косовската претседателка Вјоса Османи рече дека мерките за реципроцитет не се насочени против никого, туку се преземени за доброто на граѓаните и ги повика граѓаните од српска националност да не „паѓаат на пропагандата на Белград“.

Таа на Фејсбук напиша дека „Обидите на Вучиќ да го дестабилизира Косово, користејќи ги методите на неговиот ментор Путин“ нема да успеат.

„Косовската полиција и сите безбедносни институции работат напорно на почитување на владеењето на правото и слободата на движење. Ние се координираме и работиме неуморно со нашите меѓународни партнери“, рече Османи.

Maкедониja во 8 ceкyнди (Видео)

Репортажа на СИТЕЛ ТВ од граничниот премин Табановце, каде деновиве се создраваат километарски колони од возила, а чекањето е и по 5-6 часа…

Целата репортажа на СИТЕЛ погледнете ја ТУКА

Амбасадорот Гир се закани: Ако не го смените Уставот, процесот за ЕУ запира тука

Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Амбасадоре Гир, преговорите со ЕУ се условени со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Доколку не бидат донесени уставните измени, дали тоа значи дека процесот на преговори ќе биде блокиран?

– Со начинот на којшто договорот е направен, преговорите се отворени. Скринингот почна и имавме нешто што е наречено меѓувладина конференција со која почна целиот процес. Кога скринингот ќе биде завршен во оваа фаза, да одите на наредната точка е потребно да има друга меѓувладина конференција. Одржувањето на таа меѓувладина конференција зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји. Секако, тоа е суверена одлука за Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму. Ќе го завршите скринингот, но одржувањето на меѓувладината конференција и следните чекори ќе го чекаат решавањето на ова прашање. Не бидејќи трета земја дошла и ставила вето, туку бидејќи оваа земја решила да се повлече од обврската која е направена билатерално со Бугарија.

Целото интервју проследете го ТУКА

Во четврток сите кај Градскиот Саат во Прилеп: Потстрижи се, наздрави со Сараевско и помогни!

Во организација на еснафот на бербери, фризери и козметичари од Прилеп, во четврток (04.08.2022), со почеток од 19:00ч. пред Градскиот саат, ќе се одржи хуманитарен хепенинг.

Прилепчани ќе имаат можност да се уживаат во убава музика, а истовремено да се потстрижат, нашминкаат, исфенираат и да наздрават со одличното Сараевско пиво.

Собраните средства ќе бидат наменети за помош на семејствата чии домови изгopeа од удap на гpoм.

Намерно, или не? Скратена македонската химна: Шпанскиот премиер не слушна за Гоце Делчев, Питу Гули… (Видео)

Шпанскиот премиер Педро Санчес Кастехон денеска пред платото пред Владата беше пречекан со највисоки почести. Домаќинот Димитар Ковачевски го пречека гостинот и се упатија на пултот каде беа изведени двете химни.

Најпрвин шпанската а потоа и македонската. Но, нашата химна повторно беше скратена и од оркестарот на АРМ беше изведен само почетниот дел каде се говори за „Македонците кои се борат за своите правдини.

Но, делот кој се говори за крушевската република, Гоце Делчев и останатите илинденски револуционери не беше изведен.

Истото се случи и за време на посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Македонците ја окупираа Грција: Се чека и по 4 часа

Километарски колони утринава на граничниот премин Богородица за влез во Грција.

На социјалните мрежи се споделуваа видеа и коментари дека колоната била долга и до десет километри и дека воопшто не се гледа границата.

Во овој момент застој има само на северната граница. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.