дома блог страница 1472

Уште една прекрасна обработка на македонска песна: “Море сокол пие” во изведба на Бојана Скендеровски (Видео)

Со гордост ви го најавуваме најновиот проект направен од душа и со душа, а со потписот на Бојана Скендеровски.

Станува збор за преработката на една од најубавите македонски песни со наслов „Море сокол пие“, која доби верзија во изведба на Бојана. А токму сработеното Бојана реши да ѝ го подари на својата публика денес, на големиот празник Илинден.

„Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“.

„На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа“, додава Бојана.

Видеото е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од 1000 години.

„Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет“, завршува Бојана.

Maшки тpyп во pacпаѓање пpoнajден во автомобил кај Тиквешкото Езеро

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во pacпаѓање.

„Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдyкциja на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за cмpтта, како и за ДНК анализа со која ќе се yтвpди неговиот идентитет“, велат од Обвинителcтвото.

Се врати во Австрија: Талентираниот прилепчанец пред нов интернационален предизвик

Младиот македонски ракометар Хари Павлов одново се сели во странство, и тоа во добро позната средина. Десниот бек на Прилеп се враќа во австрискиот ракомет и во иднина ќе го носи дресот на тимот на Ферлах.

Младиот ракометар настапува на десната бековска позиција, има 19 години и се одликува со висина од 194 сантиметри. Македонецот со Ферлах потпиша договор на две години.

Пред да се пресели во Прилеп пред две години, Павлов беше дел од младинската школа на Фиверс од Австрија.

(Твит на денот) Не си црна овца ако се делиш: Двајца хористи во Крушево со еден потег ја освоија цела нација

Додека премиерот Ковачевски вчера држеше говор во Крушево во чест на Илинден двајца членови на хорот кој настапуваше во уметничкиот дел од програмата ги држеа своите раце во препознатлив стил кој го симболизира сплотениот македонски народ каде и да живее односно делот од песната Бисер балкански: ,,Цела да е”.

Реакцијата на хористите кои беа во кадарот од протестот на МТВ овој чекор најверојатно го сториле во знак на протест против откажувањето на владата на СДСМ од Македонците од Пиринска и Егејска Македонија во Бугарија и Грција.

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Вocтание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плaши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе cyди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или иcтепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гpевови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1).

Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го yбијат Илија, но Господ го спacил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „… од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот.

„И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината.

Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смpт.

Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Ни Македонија, ни Македонци, ни бутур: Ова е владиниот постер за Илинден

Владата повторно заборави на Македонија, Македонци и македонско. Ниту Македониум, ниту Мечкин Камен, ниту АСНОМ, а камо ли Крушевска Република. Илинден, нашата сила за иднината! – е овогодинешното лого на Владата за „2 Август“. Повторно изоставени националните симболи и името на државата во симболот за Илинден 2022 година.

Премиерот Ковачевски го сподели симболот на Социјалните мрежи, нагласувајќи дека нашиот поглед бил вперен во иднината, исто како и на илинденците и асномците и заеднички сме го остварувале нивниот сон.
„На 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од Првото заседание на АСНОМ се поклонуваме и ја славиме традицијата на комитите, револуционерните борци, партизаните, нивниот идеал, личната саможртва.

Тие нѐ задолжија вечно да ја чуваме и развиваме идејата за слободна, независна, демократска, прогресивна република и мултикултурно општество. Денес, ние интензивно ја градиме таа илинденска визија. Република Северна Македонија е земја на мир, слобода, пријателство и соживот. Земја со големи меѓународни НАТО сојузници и ЕУ пријатели, земја со европска иднина за нашите сегашни и идни генерации“ пишува Ковачевски на Фејсбук.

На ден Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својата најава Ковачевски не спомнува ниту еден.

Ниту еден од хероите со години не е дел ниту од симболот кој се прави за големиот македонски празник, а ова е трета година по ред не го споменува името на државата. Во 2019-та парола гласеше „Сите сме деца на Илинден“, а во 2020 „Победа за сите-Илинден“. Лани пак, само Илинден 2021 беше логото за 2-ри Август.

Инаку, во 2020-та, лидерот на СДСМ и тогашен премиер, Зоран Заев не се појави никаде официјално да го одбележи Илинден, честитка испрати преку својот Фејсбук профил, а немаше споменато ниту еден од македонските револуционери. Во 2019-та пак, Заев порача дека илинденците се бореле според него за иднина на граѓанска и демократска Северна Македонија.

Името на државата не беше споменато ниту на прослава на денот на независноста на Македонија, Осми септември, 2019-та, тогаш паролата гласеше „Боите на независноста“.

Извор: “ДЕНЕШЕН.МК”

МАШИНА: Со “стокец” за 30 часа стигнал на одмор во Кушадаси

Момче од Лесковац, Србија со „Застава 101“ патувал 30 часа до Кушадаси во Турција. Момчето станало познато на „Тик-ток“ токму поради неговата љубов кон стариот автомобил. Тој покажал дека дури и овој стар автомобил може да служи како превозно средство на долги релации доколку се одржува.

Пред Кушадаси, тој со автомобилот патувал до Улцињ и Паралија. Меѓутоа, патувањето до Турција во најтоплиот месец во годината бил вистински тест за автомобилот.

– Отидовме во Азија, со стоеденот. Околу 30 часа возев, значи не застанавме. Поместуваме граници – изјавило момчето, кое на „Тик-ток“ е познато како Алексиќ мото.

(Видео) Драма на плажа во Црна Гора: Избркаа Украинци кои го вееја украинското знаме

Out… Вака почнува видеото снимено на една од плажите во Црна Гора.

На снимката се гледа поголема група Украинци која е избкрана од вработените на плажата поради тоа што со себе го носеле и вееле украинското знаме.

Погледнете:

(Галерија) Од Битола до врв на Олимп: Следната цел е Мон Блан

Кога се има цврста волја, силна желба и храброст, нема превисок врв и нема цел која е недостижна.

Петмина битолски ентузијасти во текот на изминатата недела го освоија највисокиот врв во Грција, врвот Митикас кој се наоѓа на планината Олимп и е висок 2.918 метри.

Во разговор со нив дознавме дека ова не е нивната последна цел, напротив, ова е само подготовка за најголемиот предизвик во нивниот живот – искачување нанајвисокиот врв на Европа, Мон Блан.

Искачувњето на Олимп воопшто не е едноставно, па оваа нивна авантура траеше два дена.

Но, целта ги оправдува средствата, па во текот на вториот ден успеале да освојат 4 врвови: Стефани (2.908 н.м.) Митикас (2.918 н.м.) Скала и Сколио.

Искачувањето на врвовите Градндпарадизо и Мон Блан ќе се случи во периодот од 7 до 15 август, а тие се целосно подготвени за ваквиот подвиг.

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.

Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.

Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир“ – пишува во објавата на владејачката партија.