дома блог страница 1471

Од викендов попладневни врнежи, ветер и пад на температурите и до четири степени Цезиусови

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи од утре до сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.

И младо и старо на оро: Спасен Силјаноски за Илинден приреди македонска забава за паметење во прилепско Кален (Видео)

Како и секоја година и оваа, за Илинден највесело во прилепско беше во манастирот Св. Илија Писокал кај мариовското село Кален.

За забавата годинава се погрижија Елена Велевска во предвечерието на празникот, а вчера на сам ден Илинден свој настап имаше Спасен Силјаноски.

Голем број верници го посетија манастирот, пееја и играа оро на македонска песна. Еве мал дел од празничната атмосфера во манастирот, кој изминатите години прерасна во прекрасно свето место што го посетуваат илјадници верници и гости.

Возеле без возачка и по дejcтво на алкoxoл: 18 возачи казнети во изминатите 24 часа во Прилеп

Во текот на изминатата вечер (02/03.08.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 18 возачи, од кои 10 возеле без возачка дозвола, четири под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Најубавиот момент од Илинден на Мечкин Камен: Двајца коњаници ги запросија своите девојки за жени (Видео)

На големиот и убав македонски празник Илинден во Крушево кај Мечкин Камен се случи запросување.

Покрај скандирањата и свирежите, на Мечкин камен се случи и нешто што му даде многу поразлично светло на вчерашното празнување. Двајца учесници во илинденската коњаница, после положувањето цвеќе, клекнаа на колена и ги запросија своите девојки пред споменикот на илинденските револуционери.

Погледнете како тоа изгледаше:

41-годишен жител на прилепско М. Коњари го загyби животот: Со автомобил излетал на патот Обршани-Крушеани

На 02.08.2022 во 12.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат с.Обршани-с.Крушеани, патничко возило „ровер фрилендер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(41) од с.М.Коњари, прилепско, излетало од патот.

По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.

Светски познатиот диџеј со “Слушам кај шумат шумите” ни го честиташе Илинден на задоволство на илјадната публика на Ohrid Calling (Видео)

На синоќешната последна вечер од Ohrid Calling свој сет имаше австралискиот диџеј Tими Трампет, кој на илјадната публика на стадионот “Билјанини извори” и го честиташе Илинден со “Слушам кај шумат шумите”.

На 4-годишната Ника од Прилеп и’ е потребна секоја помош! Да дониpaме и да и’ помогнеме да има здраво и безгрижно детство

На 4-годишната Ника од Прилеп ѝ е диjaгнpcтициpaна болecта Beta thalassemia major и нејзината cocтојба бара постојана тpaнcфyзиja на кpв.

За надминување на болecта е потребна тpaнсплантациja од нecpoден донop во болницата Yeditepe Hospital во Истанбул.

Но, пред тpaнcпантациjaта потребно е да се изврши уште една опepaциja (Vesicoureteral reflux), која чини 46.000 евра, а семејството е финансиски исцpпено.

Сите кои сте во можност, можете да донирате сретства за што поскоро Ника повторно да го живее безгрижниот детски живот.

Линк за донирање https://www.gofundme.com/…/please-donate-to-help-little…

Во битолско Трново се одржа 51-та семакедонска средба (Фото)

Во потпелистерското село Трново, денес се одржа традиционалната Семакедонска Илинденска Средба Трново 2022, по педесет и први пат, во дворот на македонската црква „Успение на Пресвета Богородица“.

Добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји на Републиката и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и учествуваат на оваа Семакедонска средба им посака градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

„Во 2014 година, со поддршка на Општина Битола, беа обединети 34-тата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43-тата Светска Македонска Иселеничка Средба, во една и единствена Семакедонска Средба, на која Општина Битола и понатаму продолжува да биде покровител.

Општина Битола останува отворена за соработка со сите иселеници, а преку низа активности од сите области, настојуваме да ги вратиме нашите иселеници, заедно да ја градиме иднината со подобри услови за живот и работа, со сите искуства стекнати во светот.

Печалбарството навистина оставило траги во развојот на општината и државата, но верувајте нема подборо од родниот крај кој Ви подава рака за враќање назад во татковината, овде сите заедно да живееме, овде да растат новите генерации Македонци. Токму затоа, Општина Битола ги негува и унапредува културните врски со иселениците и ја продолжува и унапредува соработката по проекти од заеднички интерес, за доброто на сите граѓани и на сите иселеници.

Денес е голем ден за сите нас, за нашето минато, сегашност, наша должност за иднината“, посочи Коњановски во своето обраќање.

Организатори на традиционалната Семакедонска Илинденска Средба Трново 2022, се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На средбата присуствуваа, а дел од нив и се обратија пред присутните, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, професор доктор Љупчо Коцарев, пратеничките Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, градоначалниците на општина Новаци Стевче Стевановски, на општина Могила, Драганчо Саботковски и на општина Пустец Пали Колефски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, Иван Џо Петрески, Александар Јаневски, Тодор Петров, Васил Стерјовски, отец Никодим, отец Пимен и други значајни личности од политичкиот и културнинот живот во земјава.

Средбата, на задоволство на присутните, продолжи со богата културно-уметничка програма.

Николоски обзнани cpaмна постапка на влacта: “Не го пуштија обичниот народ на Мечкин Камен, затоа што ги немало во протоколот” (Видео)

-Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во 1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад. За жал гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посичи дека од Крушево сака да порача дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни.

– Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба. На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме – додаде Николоски.

Илинденската коњаница му ги помеша плановите на Ковачевски: “За кого, за Македонија…Никогаш северна” (Видео)

Најмакедонскиот елемент на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево и оваа година беше илинденската коњаница, која сигурно ги помеша плановите на Владата извикувајќи силно: “За кого, за Македонија” и “Никогаш северна, само Македонија”.