дома блог страница 1470

Големо намалување на цените на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на одлуката од 1.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171%, кај дизелот за 3,728%, кај екстра лесното масло за 4,476% и кај мазутот зголемување за 1,600%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/ лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 5.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)

По тенковите Македонија ги испрати и 4-те воени авиони „СУ-25“ како донација на Украина

Воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Инаку деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Полициjaта и синоќа апceше во Прилеп: Едно лице носело ocтap предмет, друго го нарушило јавниот ред и мир

Во текот на изминатата вечер (03/04.08.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите две лица се лишени од слобода. Едното поради нарушување на јавниот ред и мир, а кај другото лице бил пронајден остар предмет.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 12 возачи, од кои девет возачи се исклучени од сообраќај.

Русковска ги повика амбасадите на САД и ЕУ да стават крај на пpитиcoците врз обвинителите од страна на влacта

Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни и поранешни функционери, порачува шефицата на ОЈОГОКК Вилма Русковска по брифингот за новинари организиран од страна на Арафат Муареми, кој пак на новинарите им соопшти дека поднел кривична пријава против Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Претходно, токму обвинителството за организиран криминал и корупција изврши претрес во работнните простории на Арафат Муареми во Финансовата полиција, но и во неговиот дом, а резултатите од претресот, Русковска вели дека е подготвена да ги соопшти на јавноста за да може токму јавноста да утврди „кој е криминалец, а кој си ја работи рабтота“.

– Јас како обвинител со стаж од повеќе од 34 години во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постаоувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ја градела. Честа, угледот и почитта ги имам научено од мали нозе, од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите. за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми потполковник на дивизија во НОВ закопан со бугарски куршум и мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела на Сремскиот фронт – вели Русковска.

Таа ги повика и амбасадите и меѓународните организации со претставништво во земјава да превземат соодветни чекори.

– Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади пред се Амбасадата на САД и Канцеларијат на ЕУ еднаш заскогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и да ги провери сите предемти на ОЈОГОКК откако јас сум на чело на обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми, објаснува Русковска.

Загрозувачки е овој притисок врз обвинители на ОЈОГОКК, додава Русковска, од страна на именувано лице од Владата како и мешање во предмет на ОЈОГОКК, нешто што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

– Доколку владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку Пи-Ар и преку медиумите вистината мора да излезе на виделина, додава шефицат на ОЈОГОКК.

Сакам да прашам, како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Ременски, Рашковски и Зекири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери?, прашува Русковска.

– Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈОГОКК треба и меѓународните институции како и Амбасадите на УСА и ЕУ сериозно да превземат мерки затоа што ова најмалку доликува на земја члена на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив.

Уште еден Македонец кој “пошљакал” бугарски новинар (Видео)

Бугарски новинар известувал во живо додека пред Собранието имаше протести пред гласањето за францускиот предлог.

Овој македонски јунак му дојде во кадар и му кажа како стојат работите кај нас во Македонија. Бугарскиот новинар се обидуваше неколкупати да го оттргне од себе, но тој си го кажа своето, а цела бугарска јавност имала можност во живо да го чуе.

Видеото погледнете го ТУКА

Moжело уште повеќе: Подгответе се, лебот одново ќе пocкапyва

Поскапува лебот. Новите цени се повисоки за 8 до 10%. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.

„Тоа е најчесто од ударот на зголемувањето на цената на гасот која во авуст е неколкупати покачена во споредба со онаа во месец јули, како и со поскапувањето на електричната енергија со новите измени во правилникот и законите за малите компании кои учестуваат во регулираниот пазар како и за домаќинствата каде што исто така е зголемена цената на електричната енергија.“ – Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко-пекарска индустрија.

Младоста ја поминале на Градски, а сега иако распрснати по светот одново со љубов за Победа прават големи дела (Фото)

По иницијатива на таканаречената група “Манки странки” составена од 20-тина прилепски навивачи на ФК”Победа”, кои живеат по целиот свет, се организираа меѓу себе преку социјалните мрежи и со финансиска помош го помогнаа овој проект, кој всушност е и нивна идеја.

Идејата е во неколку етапи, во период од година и половина, да се украси стадионот со уметнички графити складни за секоја генерација. Ѕидот се наоѓа позади голот од источната страна и е со големина од 75 метри, а се ангажирани 3 ликовни уметници од Прилеп. Засега е насликан половина од ѕидот, додека втората половина ќе се слика од 15-20 август.

Овие прилепски навивачи иселеници годините во минатото ги поминале на стадионот “Гоце Делчев” и во себе се’ уште ја носат љубовта за “Победа”, па нашле начин како да се организираат и повторно да им помогнат на навивачите.

Од “Манки странки” велат дека два до три пати во годината можат да се организираат и да поддржат некој проект, кој е во интерес исклучиво на навивачите од Прилеп.

Прва таква акција на оваа група, заедно со неколку сегашни и бивши фудбалери на Победа, беше новогодишната хуманитарна акција за децата од специјалното училиште на ООУ “Климент Охридски”, каде обезбедија богати подароци за Новата 2022 година.

Од групата имаат замисла уште еден поголем проект за наредната година, а се работи за спортско рекреативен парк, но и место за збирање на навивачите пред натпревар, како и специјален влез за кафезот на јужната трибина.

Во меѓувреме се изготвува 3-d решение, но исто така се чека деталниот урбанистички план, за да може да го промовираат проектот и да се започне акцијата за собирање на сретства од прилепските навивачи и вљубеници во Победа.

Со Победа стартува Првата фудбалска лига: Натпреварот против Струга ќе се емитува во живо на три ТВ канали

Со натпреварот помеѓу Струга и Победа, оваа сабота започнува Првата фудбалска лига.

Натпреварот кој е закажан со почеток од 17:30ч. на стадионот во Струга, ќе се емитува во живо на МРВ1, МТВ3 и Арена спорт 5 (Србија).

Натпреварот е особено значење за прилепчани кои после 3 години се вратија во најелитното фудбалско друштво во Македонија.

Mу побарале 50 евpa, за да не му пишат казна од 500 евpa – тој ги пpиjaвил

На 02.08.2022 во 18.12 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.45 часот на ул.„Македонскo-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат. Како што е пријавено, тој им дал 2000 денари, по што ги пуштиле да си заминат.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени.

За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Oфицијална Москва: Македонија направи голема гpeшка што и донираше тенкови на Украина

Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“.

-И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.