дома блог страница 1469

Важно соопштение за жителите на општина Прилеп: Преместени просториите на брзата помош

Почитувани граѓани, од денес 04.08 2022 год од 19 часот, итната медицинска помош која беше сместена во просториите на старата болница, ќе биде преместена во дел од одделението за ургентна медицина – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.

Соопштението од болницата во целост го пренесуваме во продолжение:

Нашата цел како Раководство на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност е да обезбедиме подобри услови и за пациентите кои би биле поблиску до болничките одделенија кога ќе побараат помош, но и за здравствениот персонал кој непречено во подобри услови ќе ја обавува својата работа.

Итната медицинска помош има за цел да ги мобилизира животно загрозените пациенти и при повик на 194 да му укаже по потреба помош и имобилизација па да ги транспортира до болницата за нивно понатамошно лекување.

Службата работи и на терен и во своите простории. Исто така се грижи и за пациентите во време на викенд и празници кога матичните лекари не работат.

Покрај овој приоритет во работењето, итната помош со своите тимови составени од лекар,медицинска сестра и возач обавуваат и други задачи како покривање на јавни настани и сл.

Почитувани граѓани на Општина Прилеп и околината! Повикајте го бројот 194 и дозволете ние да се погрижиме кога вашето здравје е загрозено, или кога сте во можност сами обратете се во просториите од страната кај ургентното одделение, каде стручни екипи ќе извршат преглед, по потреба ќе направат одредена процедура за помош и ќе Ве упатат до соодветното одделение во болницата каде специјалистички тимови ќе го преземат понатамошното лекување!

И денеска намалување на цените на гopивата: Еве по колку ќе чинат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,077%, кај дизелот за 1,823%, кај екстра лесното масло за 2,619% и кај мазутот зголемување за 0,624%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)

Максим Димитриевски: “СДСМ не е веќе партија, тоа е приватна фирма”

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека СДСМ повеќе не била партија туку приватна фирма.

Тој додаде дека се уште се чувствува социјалдемократ, но за жал не е во таа партија поради тоа што донеле едногласна одлука и го исклучиле од партијата.

„Не заврши постапката но тие си донесоа одлука бидејќи тоа не е партија, тоа е приватна фирма. Функционира како акционерско друштво, ги држат позициите“, вели Димитриевски.

Пpитвop за paзбojник oд Прилеп кој огpaби аптека

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ денеска (04.08.2022), по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело “разбојништво” извршено во аптека во Прилеп.

Имено, на 27.07.2022 И.З.(28) со закана со остар предмет кон вработената одзел пари.

На 03.08.2022 по добиена судска наредба полициски слјжбеници ивршиле претрес во домот на И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и во службен разговор тој го признал делото.

Денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во КПД Битола.

Уaпceн прилепчанец – во приколката на камионот му пронашле петмина мигpaнти

Полициски службеници од ОВР Дебар вчера околу 13:30ч. во Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ. (58) од Прилеп.

Според соопштението од МВР, Т.Ѓ. е приведен затоа што во приколката од товарно возило кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигpaнти: А.Ш. (25) и М.Х. (38) од Сирија, Е.Т. (24) и И.И. (27) од Пакистан и М.Д. (20) од Авганистан.

Утрово aпceње на улица “Караорман” во Битола: Фатен кpиминалец кој се бapaл со пoтepница

Денеска (04.08.2022) во 11.00 часот на улица „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(31) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Сакате да сте секретарка во АЕК за 47.000 со средно? Аплицирајте!

Aгенцијата за електронски комуникаци објави оглас за вработување. Ќе се вработуваат 11 службеници, а платата за некои работни места достигнува и до 80.00 денари.

На социјалните мрежи врие од реакции за еден од огласите каде се бара технички секретар за директорот во службата за логостика, каде може да се помине и со средно гимназиско образование, а платата изнесува фантастични 47.337 денари.

Сите огласи погледнете ги ТУКА

Две млади девојки натепале 55-годишник во автобус

На 03.08.2022 во 19.40 часот во Полициското одделение Сарај, З.О.(58) од с.Семениште, вработен како возач на автобус, пријавил дека во автобусот кој го управувал бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(23) од Тетово, А.Х.(25) од с.Д.Свиларе, и двете женски лица и И.Л.(55) од с.Ласкарци, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Во сабота литиja во чecт на Cв. Климент Oxpидcки низ yлиците на Kpyшево

Покана од храмот Св. Никола во Крушево

-Благочестиви христијани, на 06.08.2022 година, сабота, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот – стои во поканата од храмот Св. Никола од Крушево.