дома блог страница 1468

Литургија и паниxида за хероите од Карпалак на празникот Св. Петка во прекрасниот храм во Прилеп

Покана од храмот Св. Петка до верниците за престојниот празник

-Почитувани верници, браќа и сестри во Христа,

По повод храмовата слава а во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08. 2022 година (понеделник) Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во недела (07.08.2022) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во недела 08.08 2022, со Архиерејска богослужба која ќе се одржи под отворено небо, односно во дворот пред храмот, а со Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.
Со почит,

в. д. старешина протоереј Љупче Петрески со свештенството и настојателството при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Полициjaта заедно со родители и педагози шетаа низ паркови и кафулиња во Прилеп: Се точело алкoxoл на малолетници (Фото)

На 05/06.08.2022, согласно планот на СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето“, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др..

Притоа беше извршена контрола и посета во повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови.

Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување.

Опозицијата со трикратно поголем рејтинг од СДСМ?

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

1. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (*на целата популација)

2. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација )

Целосните резултати од анкетата погледнете ги ТУКА

Скенирачите на фискални можат да слават: Од Нова година ги чека изненадување

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.

– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

Настан за почит: Прилепските фризери, бербери и козметичари организираа прекрасен настан за помош на семејствата чии домови изгopeа од гpoм (Видео)

Секцијата на фризери, бербери и козметичари синоќа во центарот на Прилеп кај Градскиот саат, организираа прекрасна манифестација со хуманитарен карактер, ПОТСТРИЖИ СЕ И ПОМОГНИ, несекојдневен хуман гест за помош на четирите семејства кои неодамна ги загубија своите домови во пожар.

Целта на настанот беше да се помогне, но и да се мотивираат сите останати општествени чинители да организираат слични настани и активности за што поскоро да се обноват домовите на овие нecpeќни семејства.

Хуманитарниот настан беше поддржан и од Сараевско пиво, како и Златни пуканки.

Сите останати кои не беа во можност да присуствуваат на настанот, своите донации можат да ги уплаќаат на следната донаторска сметка:

Николоски: Македонија слепо црево на Балканот, Србија доби 137 милиони евра грант, а владата на СДСМ/ДУИ потпишува штетни договори

Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци. Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира. Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш – Димитровград – граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина – Солун – Будимпешта – Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив, вели Николоски.

Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ? Прашува тој

Полицаец зел 2.000 денари поткуп за да не напише казна, доби кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок.

После тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.

Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Управата на храмот во изградба Св. Петка кај прилепско Волково, ги кани верниците да го одбележат престојниот празник

Управата на манастирот во изградба Св. Петка кај прилепско Волково, ги кани си верници и добронамерници на празникот Св. пеподобна маченица Параскева – Петка, да дојдат и да го одбележат овој голем празник.

Манастирот е се уште во изградба, а членовите на управата прават се’ што е во нивна можност овој прекрасен храм да биде што поскоро завршен.

На празникот ќе има домаќини и ќе се одржи света литургија, a секој верник е добредојден да запали свеќа, да се помоли за здравје и да ја помогне изградбата на манастирот.

“Како се вика овој тим? Македонија! Па тоа е свето име бе мамето ваше”: Почина легендарниот актер од Битола Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.

Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Потсетување на неговата најпозната реплика од филмот “Трето полувреме”.

Нека почива во мир!

Министерката за култура им порача на македонските уметници: Творете нешто весело без говор на омpaза

„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прашањето дали ставката за спречување говор на омраза во билатералниот Протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото. Ова прашање таа го одговори во видеоприлогот на оваа тема на Гласот на Америка на македонски јазик.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во изјавата за Гласот на Америка вели дека „Министерството за култура нема да ја има улогата на полицаец и да демне кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема и тој има право да се изрази и никој нема право тоа да го ограничи во ниту еден момент“, но исто така смета и дека:

„Секој филм којшто ќе ја промовира македонската култура, којшто ќе го помовира македонскиот индивидуалитет какви сме ние како Македонци би требало да има поддршка. Но сепак, мора да бидеме свесни дека мора да одиме напред, мора да се ослободиме и дека историјата не смее повеќе нам да ни биде затвор, треба да ни биде лекција“, вели министерката за култура.