дома блог страница 1450

Aвтомобил yдpи во жeнa во Пpилеп

На 22.08.2022 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул. „Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, со приколка, yпpaвyвано од Д.Т.(59) од Прилеп, удрило во В.А.(49) од Прилеп.

Притоа, В.А. се здобила со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Променливо облачно: Најави за пороен дожд, ветер и електрични празнења

Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Беким Сали си оди од министерската позиција? Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори

Мини реконструкција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции се најавува за во септември, објавува Фактор.

Изворите на Фактор посочуваат дека е можно СДСМ да го враќа ресорот здравство, а како можни имиња за министер повторно се споменуваат истите кога се случуваше последната промена во Министерството за здравство. Тоа се актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

-Се најавува мала реконструкција. Неофицијално, она што се зборува во овие кругови е дека министерот за здравство Беким Сали повеќе не ја сака функцијата. Дали СДСМ ќе го врати Министерството за здравство се уште е неизвесно, а имињата кои се споменуваат за евентуален наследник на Сали, доколку се случи таа мини реконструкција и доколку овој сектор припадне на СДСМ, се д-р Софија Пејкова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, потоа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Секако, сите овие информации се неофицијални и пред се зависат од разговорите меѓу највисоките раководства на коалициските партнери. Можно е да нема ништо од сето ова, зошто во здравството веќе се почнати низа проекти кои треба да се завршат и да бидат оставени на актуелниот министер да ги заврши. На пример, отворањето на поликлиниката Сарај, која е од огромно значење за пациентите во тој дел на градот, како и отворањето на низа амбуланти. Ќе видиме како ќе течат работите, септември е на прагот, вели изворот на Фактор.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

(Видео) Водата носеше се’ пред себе: Еве каква беше cocтojбата во прилепскиот регион

-Подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од ЕЛС Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.

Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите. За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на опш. Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош од ЦУК.

Заради поплавувањето на подрумските куќи се верши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори а ангажирани биле 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија но не поради дефект туку превентивно, е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата.

Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани. – информираат од Центарот за управување со кризи утрово.

Aлapмaнто во општина Долнени: Цело Лажани под вода, се евакyиpaaт жители, повеќе села се без cтpyja

По поројните дождови денеска водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.

-Во општина Долнени поплавени се неколку села – Лажани, Дебреште и Житоше, а најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. – соопшти ЦУК.

За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово.

Најновата информација пак од ЦУК вечерва е дека водата во поплавените населени места се повлекува.

-Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани – велат од ЦУК.

11-то издание на фестивалот “Prilep Jazz Weekend” – Oва е програмата

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 25-27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11-то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:

Фестивалот ќе го отвори експерименталното џез-фјужн трио од Скопје 3JECT, а после нив ќе настапат гостите од Бугарија МЕТАФОРМОЗА, предводени од Росен Захариев еден од најдобрите трубачи во Европа, од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.

Четврток 25 август 2022г
– 3JECT (Македонија) – МЕТАФОРМОЗА (Бугарија)

Втората вечер ќе започне со настапот на Гордан Спасовски, пијанист, аранжер и композитор на џез музика, со големо искуство и настапи на Европските џез фестивали и престижни џез клубови, кој на публиката ќе и го презентира албумот „Light Pillar “ и композиции од новиот материјал. Фактот што дел од триото се Виктор Филиповски и Кирил Туфекџиевски кои се дел од All Stars тимот на млади македонски џезери ни дава за право да очекуваме концерт што не смее да се пропушти.

За бендот чиј албум “A Wave Returns to the Ocean” е вброен во листата на најдобри светски џез албуми има многу да се каже. Светлост е музички колектив основан во 2014 година од Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски.Пред две години имавме можност во Прилеп да ги гледаме како трио, а оваа година ќе ја имаме таа среќа да ги проследиме појачани со проширениот ансамбл Odron Ritual Orchestra. Публиката ќе има можност да се радува на фри џез звуците зачинети со ворлд мјузик.

Петок 26 август 2022г
– Гордан Спасовски ТРИО (Македонија) – SVETLOST+ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)

Последниот ден од фестивалот ќе ни се претстават гостите од Србија и Хрватска. Квратетот на тапанарот и композитор Александар Цветковиќ Драма ќе ни го презентира нивниот втор албум „Mindset“ кој е објавен во јавноста пред неполни месец дена.Бендот кој го сочинуват артисти од врвната српска џез сцена ќе не почести со фузија на звуци од традиционален џез, фјужн, рок и модерен џез.

Предводена и формирана од берлинскиот саксофонист и композитор Гргур Савиќ, Vortex Four е акустична група од четири божествени музички луѓе кои ги изведуваат напишаните оригинални композиции, ја прифаќаат слободата, мелодичната моќ, хармонична радост и дух, ангажирајќи ја емпатијата и сочувството за луѓето и општеството. Vortex Four е квартет со двајца дувачи, без електрични инструменти, што произведува неверојатна количина на енергија, емоции и свежи идеи.

Сабота 27 август 2022г
– DRAMA QUARTET (Србија) – Grgur Savic&Vortex four (Хрватска)

Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во Старата прилепска чаршија.

24 август 2022г: Љубојна – концерт во старата Прилепска чаршија

28 август 2022г: Next to Silence – концерт во Cafe&bar ONYX

Недела 28 август 2022: „Кој тоа чука на Брбјанска Чука ?“ – музички перформанс на перкусионистот Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука

Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп.
Влезници за Prilep JAZZ Weekend може да се купат на плоштад во #CityTobacco.

Инако Прилеп: Место каде се создаваат соништата

Во Прилеп работат и успешно произведуваат неколку компании чии сопственици се странски инвеститори, а една од нив е текстилната компанија Инако, лоцирана кај Старо Лагово.

Компанијата која во старт започна со само 18 вработени луѓе, денеска има речеси 200 вработени, а нивната фабрика се простира на повеќе од 8.000м2.

Нивната главна палета на производи вклучува перници, душеци и наддушеци, а компанијата е најголема во Македонија која се занимава со производство на пенасти производи.

Инако има муштерии низ цела Европа, а производството се планира и понатаму да расте.

Компанијата беше формирана во 2015 година од Британецот Ендру Брус, кога побарувачката за нови и иновативни производи од пена беше голема, па во нивните почетоци произведуваа иновативни пенасти производи за германскиот и австрискиот пазар.

Како што растеа така и бројот на производи стануваше поголем, па иако првично компанијата беше формирана за производство на перници, производството беше проширено и со душеци и наддушеци.

Во 2018 година Инако започна соработка со британската компанија Comfy Quilts UK, водечки производител на јоргани и перници во Обединетото Кралство. “Нашата база на муштерии сега се простира низ цела Европа и ние ќе продолжиме да се подобруваме и да растеме секоја година”, велат од компанијата.

Koмпанијата располага со најсовремена технологија за преработка на пена и планираат голем број нови производи за во иднина.

Во Инако услугата за муштериите е на прво место, а дека тоа е така говори и фактот што компанијата соработува со некои од најголемите европски клиенти, вклучувајќи и некои синџири на супермаркети.

Нам ни преостанува да им посакаме уште долги, долги години успешна работа и секако проширување на производството со нови капацитети и успешно реализирани нови вработувања.

Прилепчанец со автомобил им се повозил на битолчани по Широк Сокак: Зapaботи казна

Прекршочна пријава му е поднесена на четириесетгодишен прилепчанец кој со својот автомобил се возел по Широк сокак во Битола.

Вчера во 11:45 часот во просториите на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп бил повикан Н.А.(40) од Прилеп.

На пријавениот му бил издаден прекршечен платен налог затоа што на улица „Широк сокак“ во Битола со патничко возило поминал на површина наменета за движење на пешаци.

Како што е познато, главната битолска улица „Широк Сокак“ е строго забранета зона за моторни возила и велосипеди.

Горивата повторно поскапуваат: Овие цени ќе важат од полноќ

Додека се чека официјалната потврда од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија (РКЕ), на сајтот „gorivo.mk“ беа објавени новите цени на горивата.

Според сајтот, бензините од полноќ поскапуваат за половина денар и ќе се продаваат по цена од 89 денари за ЕУРОСУПЕР БС 95 за 89 денари и ЕУРОСУПЕР БС 98 за 91,5 денари.

Раст на цената ќе има и на дизелот, па така од полноќ ќе се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 93,5 денари.

Американски вoeни “ѕвepoви” наречени летечки тврдини прелетаа преку Скопје – Еве за што се работи (Видео)

Пред околу еден час над Скопје американски воени авиони го прелетаа нашето небо – објави “КУРИР”.

Станува збор за воздухопловните сили на САД во Европа и Африка кои денеска во 14:35 часот извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Прелетите на воздухопловите, како што информираа утрово од Министерството за одбрана го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснија од МО утрово.

Инаку Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.

Боинг ги произведувал до 1966-та и за американската армија произвел вкупно 744, од кои сега се активни 58, а дополнителни 30 бомбардери се во резерва или се складирани. Авионот го управува 5 член екипаж, а во минатото имало и дополнителни 6-до 6 членови на екипажот кои ги активирале бомбите и митралезите.

Со модернизацијата на авионот, позицијата на ткнр. gunner се исфрлени. Б-52 кога е празен тежи над 84 тони, додека максималната дозволена тежина за полетување му е над 220 тони. Разликата во тежината е затоа што може да понесе 31, 5 тон бомби, а резервоарот му собира do 181 илјада литри гориво.

Должината на летечките тврдини е околу 48,5 метри, со распон на крилјата од 56,4 метри. Летаат на висина до 15 илјади метри. Еден авион чини 84 милиони долари, иако годишно се трошат дополнителни неколку милиони долари за одржување и ремонти на преостанатите бомбардери во составот на американската воена авијација.

Биле употребувани во сите американски интервенции од 1955-та година од кога се во активна служба. На почeтокот до средината на 60-тите години од минатиот век, многу често Б-52 се користел за вежби со нуклеарни боеви глави, а овој тип на авиони има учествувано во 4 авионски несреќи додека летал со нуклеарно оружје.

Во овие „нуклеарни“ несреќи на Б 52 имало десетина загинати, но не се случило најлошото и не било активирано нуклеарното оружје. Последните две се случиле во јануари 1966-та во Шпанија кога експлодирала обична бомба, но нуклераните биле оштетени, додека во несреќа на Гренланд нуклеарките биле оштетени и имало радиоактивно протекување кое било расчистувано цела година. Оттогаш Б 52 не се користи како стратешки авион со нуклеарно вооружување.

Авионот има голема значење и во американската популарна култура, позната е групата со истоимен назив „B 52’s“ од Атина, Џорџија, бенд кој е врсник на многу попознатите нивни сограѓани R.E.M. По името на летечката тврдина е создаден и коктел со основа Ирски Бејлис.

Б 52 не надлетуваат прв пат над Балканот, бидејќи САД ги употреби овие авиони во интервенцијата на НАТО во Србија 1999-тата година при повеќе бомбардирања низ Србија и Косово.

Авионите полетаа од британската база Ферфорд и го надлетаа Скопје во 14 часот и 35 минути.