дома блог страница 1449

Заврши отстранувањето на диво поставените гаражи кај поранешен ЈАТ во Битола (Фото)

Општина Битола информира дека заврши акцијата за остранување на диво поставените гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ.

Битолските јавни претпријатија на терен деновиве ги отстрануваа објектите и го расчистуваа теренот, подготвувајќи го за натамошно урбано уредување на просторот.

-Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола.

Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување.

Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив – стои во соопштението на општина Битола.

Земjoтpec утрово ја стpece Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.

Каква е таа власт која не носи радосни вести: Од Нова година повторно пocкапyвање на cтpyjaта, вели Ковачевски

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, но тоа ќе биде благо. Ова за ТВ 24 го соопшти првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Минатата грејна сезона успешно ја пребродвиме. Но кризната состојба понатаму продолжува и пред нас следи тешка зима. Согласно законот во декември треба да се донесеме одлука за нова цена на струјата за следните 6 месеци. Сигурно е дека ќе има поскапување но тоа ќе биде благо поскапување“, истакна Ковачевски.

(Фото галерија) Време е да се посветите на себе си и вашиот изглед – конечно реквизити за вежбање по најниски цени кај нас!

За прв пат во Македонија целосна понуда на реквизити за пилатес.

Грижата за здравјето и телото нема цена, а само сега имате можност да набавите реквизити по најниски цени и да си посветите доволно внимание.

Спортските реквизити на USR се со одличен квалитет и се пристапни до сечиј џеб. Достапни се за прв пат кај нас во Македонија и сега е најлесно да ги добиете.

Се што треба да направите е да ги контактирате на нивната Фејсбук фан страна и да си нарачате. Доставата е за 2-3 дена во било кој дел од државата, а за квалитетот ќе кажете откако ќе ди добиете.

Еве го лекот за справување со стресот, напнатоста и болките во грбот, зглобовите, како и патот до зацврстено и силно тело.

Погледнете ја целосната понуда на USR на линкот во продолжение:

Ajде аирлија: Во четврток ќе биде прогласена нова енергетска кризна состојба

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија.

Според информациите во медиумите потврдени од владни извори, одлуката ќе стапи на сила од први септември.

Оваа одлука беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Од следниот месец на сила ќе стапат и препораките за штедење на електрична енергија.

Прилеп не доби ништо од Владата овие 5 години – Арачиново денеска доби 1.1 милион евра!

Владата на денешната седница одобри 1,1 милиони евра со кои ќе се санира каналoт за отпадни води во општина Арачиново, објави првиот вицепремиер Артан Груби.

Владата усвоила одлука за спроведување постапка за јавна набавка за регулирање на одводниот канал во оваа општина.

„Исклучително важна инвестиција во вредност од околу 66 милиони денари во служба на квалитетниот живот на жителите на Арачиново“, објави министерот за политички систем.

Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново, како и Информацијата за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација и се во согласност со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.

Покрај тоа, прифатено е барањето на Министерството за земјоделство за надомест на штета на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година во вкупен износ од 10% од претрпената штета.

„За брзо време ќе започне и процесот на исплата на предвидените средствa“, додава Груби.

Викендов во Прилеп по седми пат ќе се одржи меморијалниот турнир “Миле Нешкоски” – Ова е распоредот на натпревари

Ракометниот клуб Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир во чест на прерано починатиот „Миле Нешкоски“.

Турнирот летово ќе се одигра по седми пат, а истиот ќе се одржи од 26-28 август.

Прилеп во улога на домаќин ќе пречека уште пет екипи кон крајот на август, а и оваа година турнирот ќе има меѓународен карактер.

Ќе видиме и ново домашно име. Екипата на Мулти Есенс, новиот ракометен проект на Алкалоид ќе настапи на овој турнир на кој ќе бидат уште и екипите на Струга и на Скопје 2020.

Дубочица од Србија и грчиот ПАОК ќе бидат гостите од странство.

жж

Aвтомобил yдpи во жeнa во Пpилеп

На 22.08.2022 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул. „Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, со приколка, yпpaвyвано од Д.Т.(59) од Прилеп, удрило во В.А.(49) од Прилеп.

Притоа, В.А. се здобила со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Променливо облачно: Најави за пороен дожд, ветер и електрични празнења

Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Беким Сали си оди од министерската позиција? Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори

Мини реконструкција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции се најавува за во септември, објавува Фактор.

Изворите на Фактор посочуваат дека е можно СДСМ да го враќа ресорот здравство, а како можни имиња за министер повторно се споменуваат истите кога се случуваше последната промена во Министерството за здравство. Тоа се актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

-Се најавува мала реконструкција. Неофицијално, она што се зборува во овие кругови е дека министерот за здравство Беким Сали повеќе не ја сака функцијата. Дали СДСМ ќе го врати Министерството за здравство се уште е неизвесно, а имињата кои се споменуваат за евентуален наследник на Сали, доколку се случи таа мини реконструкција и доколку овој сектор припадне на СДСМ, се д-р Софија Пејкова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, потоа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Секако, сите овие информации се неофицијални и пред се зависат од разговорите меѓу највисоките раководства на коалициските партнери. Можно е да нема ништо од сето ова, зошто во здравството веќе се почнати низа проекти кои треба да се завршат и да бидат оставени на актуелниот министер да ги заврши. На пример, отворањето на поликлиниката Сарај, која е од огромно значење за пациентите во тој дел на градот, како и отворањето на низа амбуланти. Ќе видиме како ќе течат работите, септември е на прагот, вели изворот на Фактор.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.