дома блог страница 1448

(Видео) Во случај да не преврне до утре

Ситуацијата е алармантна, па доколку не преврне до утре, ова ќе биде единствената опција.

Инструкциите можете да ги најдете во видеото подолу:

ФГ

(Видео) ООУ “Климент Охридски” Прилеп лидер и пример како се работи за децата и колективот

Како во светот на бајките. Децата во основното општинско училиште “Климент Охридски” од Прилеп добија ултра модерни тоалети, украсени со ликовите од цртаните филмови

-Со посебна чест и гордост објавувам видео од комплетно уредените ултра модерни тоалети во ООУ “Климент Охридски”Прилеп.

Посебно макотрпен проект,заборавен од времето на минатиот век.

Посебна благодарност за донацијата за комлетното сензорно осветлување на истите тоалети од фирмата Диадема од Прилеп.

Со овој проект,завршува комплетната реконструкција на сите тоалети во кругот на училиштето. Се надевам со тек на времето нашето училиште ќе биде едно од најубавите во Македонија – напиша директорот на училиштето Ахил Јаков на својот Фејсбук профил.

402 одобрени барања за субвенции за велосипед: Еве кои прилепчани добија надомест на дел од трошоците за купување велосипед

Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година, а во согласност со Јавниот повик од 2022 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година Број 09-1958/4 од 08.06.2022 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.6 од 08.06.2022 година),  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2022 година.

Од вкупно пристигнатите 415 барања, 402 баратели ги исполниле критериумите, додека 13 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2022 година.

Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи

Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи

Едриличарска авантура на Аеродромот во прилепско Мало Коњари – Еве што ќе се случува

Едриличарството е врвен авантуристички спорт, кој бара од пилотот да ја користи моќта на природата за да може едрилицата да остане во воздух подолго. За жал овој спорт не е доволно развиен во нашата земја. Постојат многу мал број на клубови во нашата земја кои активно функцинираат, како и мал број на пилоти, особено меѓу младите. Токму поради тоа, Параглајдерскиот клуб Sky Riders од Прилеп, во партнерство со клубовите Fly Dardania од Приштина, Аеро клубот Наша Крила од Параќин и Центарот за иновации и развој Инос преку реализација на проктот “Bird’s Perspective from Balkan Clean Sky” кој е финансиски поддржан од Western Balknas Fund  ќе се обидат да го промовираат овој спорт особено помеѓу младите со цел да се зголеми нивниот интерес за истиот. Во таа насока на 02, 03 и 04 Септември 2022 година ќе организираат Едриличарски камп на Спортскиот аеродром во Мало Коњари.

На кампот учество ќе земат околу 50 учесници од трите земји (Македонија, Косово и Србија). Тие ќе се едуцираат за основите на едриличарството, неговата историја и различни модели на едрилици, ќе се дружат со пилоти од регионот, ќе имаат можност да летатаат со едрилица и да уживаат во единственото искуство на небото кое го дава таа.

Едукативните часови ќе ги реализираат искусни пилоти од земјата, кои раскажувајќи ги своите едриличарски приказни и искуства ќе се обидат да го пробудат интересот кај младите луѓе за овој спорт. Покрај тоа, учесниците ќе дикутираат и за аерозагадувањето како голем проблем со кој се соочуваат земјите од Западен Балкан. Загадениот воздух не препознава граници, се движи по небото, труејќи не сите нас. Оттука, потребна е акција без граници и регионални заеднички напори за да се бараат решенија.

Кампот ќе биде збогатен и со акробациски перформанси со едрилица од страна на неколку пилоти, како и со летови на модели со радио контрола. Покрај тоа, со поддршка од Аеро клубот Прилеп во неделата на 04 септември на настанот ќе се приклучат и неколку воздухоплови од останатите аеро клубови од земјата. На оваа Аеро збиранка, пилотите ќе ги презентираат своите воздухоплови со демонстративни летови.

Покрај овој настан во рамките на проектот изработени се неколку видеа и информативни фотографии кои се однесуваат на едриличарството и аерозагадувањето. А во наредниот период проктниот тим ќе се обиде заедно со помош на туристичките агенции да го промовира едриличарството и како авантуристичка туристичка понуда.

Настанот ќе биде отворен и за посетители кои се заинтересирани за овој спорт, како и за сите оние кои сакаат да се запознаат со убавините на истиот. Организаторот ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат во креирањето на новата едриличарска приказна на аеродормот во Мало Коњари на 03 и 04 септември со почеток од 11:00 часот.

Врзете се … полетуваме!

Прилепските советници ќе одлучуваат по дури 44 точки во петок

Советот на Општина Прилеп на ден 26.08.2022 година (петок) со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Прилеп, со следниот предлог дневен ред:

Цело Арачиново пред ЕВН: На протестот се појави и градоначалникот

Денеска пред канцелариите на ЕВН во Скопје се собраа жителите на Арачиново, кои подолг период се без струја.

На протестот се појави и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими и заедно со граѓаните бараат средба со надлежните на компанијата.

Околу 80 отсто од домаќинствата во селото од пред два дена немаат струја, а од ЕВН претходно информираа дека во понеделникот се случил голем дефект поради оптоварување на трафостаниците.

Апceње во Битола: Двajца битолчани фатени при купопродажба на дpoга

На 24.08.2022 ул.„Климент Охридски“ во Битола, полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола и полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Битола ги лишиле од cлобода Г.Б.(33) и И.Ј.(41), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при купопродажба на нapкотична дpoга и кај нив биле пронајдени и одземени прашкacта матepиja, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Големо зголемување на цената на дизелот од полноќ

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.08.2022 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,31%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,686 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 96,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,00 ден/лит.

Фатен прилепчанец како оперира во зграда: Укpaденото вратено на сопствениците

На 24.08.2022 во 01.45 часот во зграда на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во зградата и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопствениците.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Нестабилно време и денеска, врнежите ќе кулминираат утре

Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.