дома блог страница 1447

Уживавте да ги слушате на “Никогаш не е доцна”, a сега секој викенд настапуваат во овој ресторан во Прилеп: Татко и ќерка кои освојуваат со својот музички талент (Видео)

Роберт Роканоски и неговата ќерка Сања Роканоска од Прилеп беа вистински хит со нивниот заеднички дует во популарната емисија “Никогаш не е доцна” на Гранд.

Популарниот Роки помеѓу прилепчани со својот енергичен настап ја запали сцената и ја разигра публиката и жирито, а големи симпатии тогаш собра и неговата ќерка Сања која поседува голем музички талент што го наследила од својот татко.

Роканоски има “жарено и палено” низ голем број дискотеки и локали не само во Македонија, туку и низ поранешните ЈУ простори, а неговата ќерка исто така настапува и воодушевува со своите гласовни способности.

Овој прекрасен дует од татко и ќерка од неодамна настапува во ресторанот “Кавали” во Прилеп, лоциран на улица “Јоска Јорданоски” веднаш до фурната Плетварец.

Taка ќе биде и овој викенд, и во петок и во сабота, па затоа се бара маса повеќе, а ако сакате и виде да поминете една убава вечер и да се забавувате заедно со вашето семејство или најблиски, резервирајте веднаш на тел. бр: 075/308-054.

Уживајте во гурмански приготвените специјалитети, во одлична забава и сето тоа по најниски цени во Прилеп.

А сега уживајте уште еднаш во настапот на Роберт и Сања Роканоски:

(Фото) Cooбpaќajка на бул. “Александар Македонски” кај “Златно зрно” во Прилеп: Едно лице тешко повpeдено

На 24.08.2022 во 15.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од И.А.(67) од Прилеп и патничко моторно возило „даеву“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ќ.(66) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, се здобил мотоциклистот И.А..

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Дизелашите нека му ја мислат: Цената на нафтата повторно оди во недоглед – од полноќ ново пocкапyвање

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 24.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102% или за 0,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,304% или за 25,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% или за 25,800$/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049% или за 6,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,1046 ден/$ и е за околу 0,41% повисок од курсот на доларот (60,8551 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,91%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,978 ден/кг.

Расте тензијата во Косово: Специјална опрема пристигна во базата Белведере

Припадниците на специјалната единици на Косово – Роса наскоро ќе имаат нови комплети полициски униформи.

Тие ќе бидат во сива боја, а заедно со нив и припадниците на оваа единица ќе носат нови борбени елеци, пренесува ИНФОМАКС.

Ова укажува дека властите во Приштина сериозно се подготвуваат за 1 септември за кога е предвидено да се спроведе одлуката за укинување на српските документи и регистарски таблички. Бидејќи Србите јасно кажаа дека нема да ги прифатат овие мерки, владата на Курти очигледно подготвува насилно сценарио.

Да потсетиме, косовските специјални сили и делови од нивната таканаречена армија вчера изведоа вежба со помош на турски, германски, британски и американски инструктори од КФОР, со која меѓународната воена мисија изречно ја прекршија резолуцијата 1244 на ОН Советот за безбедност.

Teшка cooбpaќajка во Прилеп помеѓу автомобил и “томос” – едно лице завpши со тешки повpeди

На 24.08.2022 во 15.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу мопед „томос” без регистарски ознаки, yпpaвyван од И.А.(67) од Прилеп и патничко моторно возило „даеву“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од И.Ќ.(66) од Прилеп.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Општа болница Прилеп, се здобил мотоциклистот И.А..

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Како воопшто возел? Фатен возач од ресенско со 4,07 промили алкoxoл

СВР Битола во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени 4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас. Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Нови главоболки за децата и родителите: Учебниците за I, II, IV и V одделение ќе доцнат зашто се менувал концептот

Децата од прво, второ, четврто и петто одделение чиишто наставни материјали се менуваат, нема да останат без учебници. МОН заедно со Бирото за развој на образование од први септември има подготвено материјали со цел да се задржи континуитет на учебниците и тоа само за првите два месеци, и тие навреме ќе бидат доставени до учениците и ќе бидат обезбедени од министерството, уверува министерот за образование Јетон Шаќири.

Тој, во вечерашното гостување во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ рече дека сите учебници за учениците кои учат по стариот концепт ќе бидат навремено доставени.

Шаќири нагласи и дека учебниците за трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение, како и за средно образование ќе бидат доставени до почетокот на учебната година.

Тој додаде дека во однос на барањето на граѓаните да се вратат печатените учебници дава целосна поддршка уште од почетокот на неговото доаѓање на функција, но дека постојат временски рокови за одредени постапки.

За проблемот со свидетелствата министерот ја посочи одговорноста кон Бирото за развој на образование.

Веднаш реагирав во Бирото за развој на образование, ова да не се повтори, затоа што ние овие податоци ги имаме однапред, го знаеме бројот на ученици од почетокот на секоја учебна година, одговорноста мислам дека е во Бирото и очекувам оваа учебна година кога ќе заврши децата да ги имаат свидетелствата навремено, рече Шаќири, додавајќи оти е побарана одговорност.

Тој вели оти се работело за постапки што се однесуваат на законски временски рокови и тие се испочитувани, но во текот на постапката имало одредени проблеми, за кои изрази очекување дека во наредниот период ќе нема вакви проблеми од технички аспект.

Овоштарите во тешка состојба, денеска блокада на патот Битола – Ресен – Охрид

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.

-Протестот го организираме затоа што се уште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари, изјави Пампулевски.

Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.

-Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата, нагласи Пампулевски.

Апокалиптични сцени од Кавадарци по обилниот дожд (Видео)

Територијата на општина Кавадарци вчера во попладневните часови беше зафатена со силен дожд од околу 40 литри на метар квадратен, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Територијалната противпожарна единица пак, во изјава за МИА, истакнале дека повеќе пожарникари вечерва испумпуваат вода од неколку критични места во градот, како резултат на поројните дождови.

– По интензивниот ветер и пороен дожд кои вечерва ги зафати Кавадарци и околните места, на терен веќе неколку часа интервенираат службите од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец. Се работи на интервенција и санирање на одводи, подрумски простории и наноси од големото количество на дожд. Граѓаните кои имаат било каква потреба од интервенција, можат да се јават во Кол центарот на Општина Кавадарци на бројот 13-300, соопшти градоначалникот Митко Јанчев на социјалните мрежи, јаде објави и снимки од штетите по обилниот дожд.

Кавадарци и Неготино беа општините кои и пред неколку дена беа зафатени од невреме. Во Кавадарци имаше поплавени подрумски простории, а во Неготино неколку куќи беа со оштетени кровови.

Владата денеска ќе пpoгласи кpизна cocтojба

Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година.

Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Компанијата, како што неколкупати досега изјави генералниот директор Васко Ковачевски, работи со максимален капацитет и во функција ќе бидат ставени сите расположливи капацитети.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна изјави дека се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар.

Во очекување на престојната зима, за која оценките се дека ќе биде најтешка во последните 70 години, Владата на 16 август донесе пакет мерки за штедење на електрична енергија кои треба да стапат на сила од 1 септември.

Со нив, државните институции имаат конкретни задолженија кои мора да ги почитуваат како што се исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, да не се користат сијалици кога има доволно светлина, климите да се местат не пониско од 27 степени во сезона на ладење и не повисоко од 20 степени во сезона на греење, да се заменуваат старите сијалици со шделиви и да се исклучуваат компјутерите.

Во пакетот мерки за штедење има и препораки до граѓаните и компаниите. Со пакетот мерки за штедење се очекува заштедите да бидат до 15 проценти.