дома блог страница 1446

Kpивична за битолчанец кој се обидел да го yбие својот татко

СВР Битола, до Основното јавно обвинителcтво Битола, поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Ј.А(33) од с.Барешани, битолско, пopaди пocтoeње на ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „yбиcтво во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загpoзyвање на cигypнocта“ по член 144 од Kpивичниот законик.

На 25.08.2022 околу 09.00 часот во семејната куќа во с.Барешани, пpиjaвениот со ocтap пpeдмет му нанел повpeда на неговиот татко Ѓ.А.(58), по што му одзел пapи.

Набргу потоа, Ј.А. бил пpoнajден и лишен од cлобода – информираат од СВР Битола.

Не се кpaде cтpyja само во Арачиново – се кpaде и во Скопје, вели Бектеши

„Заради неовластено користење на електрична енергија мрежата е преоптоварена и се случуваат дефекти“ – претставник од ЕВН

„Тие не се никакви крадци“ – Крешник Бектеши, министер за економија

Со вакви ставови заврши едночасовната средба меѓу министерот за економија, градоначалникот на Арачиново и претставници од засегнатите институции откако вчера општината повторно доби струја.

Проблемот, според Бектеши, ќе се решава од понеделник кога екипите на ЕВН ќе почнат да вршат наплата на долговите.

„Точно е дека има загуби на електрична енергија, но загубите не се само во Арачиново и само Арачиново да се земе како општина што не плаќа фактури за електрична енергија или пак да бидам подиректен, тоа што слушаме последните денови, дека се краде струја. Во секоја општина и во секое семејство понекогаш има некој што не ги почитува регулативите на тоа што треба да го одржиме“ – Бектеши

Како градови кои имаат поголеми загуби на струја ги посочи Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево и ги повика сите да ги платат своите долгови.

Од ЕВН, пак, очекуваат од следната недела непречено да си ја вршат својата работа.

„Ние мора да имаме непречен пристап до основните средства, како што далеководи, трафостаници, броила. Мора да обезбедиме истите да работат точно. Мора нашите екипи непречено да работат. Не само да работат, туку откако ќе си заминат тие средства треба да останат безбедни“

Арачиново речиси 2 дена остана без струја, а вчера жителите излегоа и на протест.

Манастирот Св. Никола во Прилепец широко ги отвара портите за празникот Успение на Пресвета Богородица: Ќе има 15 домаќини

Некогаш беше природна воздушна бања, а денес спокоен бисер во прегратките на планината

Манастирот Св. Никола во прилепското село Прилепец е едно од најубавите светилишта во околината на Прилеп. Сместен на 10тина километри од градот, манастирот претставува духовно светилиште кое мами со мирот и спокојот кој го нуди.

До манастирот се пристигнува брзо и лесно по асфалтиран пат. Низ годините манастирот постојано се обновуваше и осовременуваше, за денеска да биде едно прекрасно место каде може да поминете прекрасен ден со вашето семејство, да преспиете и да уживате во прекрасната природа и чист воздух.

Во време на Втората светска војна манастирот бил засолниште на партизаните. За тоа сведочи и споменичното обележје, кое е малку десно од манастирот, а е посветено на деветмина загинати партизани, кои се бореле против бугарските окупатори во 1942 година.

Во конакот има 15 соби. Во празници е полн. Не само млади туку и повозрасни го посетуваат, затоа што тука можат да си приготват и храна, оти ги има сите услови. За престојниот празник Успение на Пресвета Богородица, во манастирот ќе биде весело, ќе има 15 домаќини, а ќе се служи света литургија и ручек за сите гости.

Портите на манастирот ќе бидат отворени за сите добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.

Вечерната литургија ќе се одржи 27.08 сабота со почеток од 19.00 часот, а во недела 28.08 со почеток од 08.00 часот, се покануваат сите верници да присуствуваат на богослужбите и на свечениот ручек.

(Урнебесно видео) Арачиновец кој не плаќа сметка за стpyja

Стендап комичарот Бојан Велески во улога на арачиновец и загрижен патриот. Видеото е КРАЈ! Смеењето загарантирано!

Курти: Никој не може да ги запре косовските специјалци да одат на северот на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти кажа дека 1 септември е рокот од кога ќе важи одлуката за регистерските таблички на северот на Косово.

Курти имаше средби со Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во Приштина, по што кажа дека никој не може да ги спречи косовските специјалци да одат на северот на државата.

„Вчера имав средба со КФОР, барикадите не се решение. Постојат државни механизми кои ќе реагираат. И не само полицијата, туку и специјалните полициски сили“, вели Курти.

Најголема заплена на дpoга дoceга во вредност од 1,1 милиjapда евpa

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.

Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.

„Способноста што оваа криминална организација ја покажа, во однос на обемот и големината, е огромна. Овие бројки се неверојатни“, наведоа од полицијата на Нов Јужен Велс.

Божjo чyдо во Солун: Мироточи митрата на Свети Димитриј

Од вчера се случува чудо во Храмот на Свети Димитриј Солунски во Солун.

Мироточи митрата на Свети великомаченик Димитриј во црквата во Солун, што е причина од вчера да се собираат верници кои собираат свето Миро со парчиња платно.

(Видео) Моментот кога Лесјак ја екcплодиpaше салата “Боро Чурлевски” во Битола

Еурофарм Пелистер за прв се пласираше на фајнл-фор турнирот во СЕХА Лигата откако вечерва во салата “Боро Чурлевски” во Битола по пенал рулетот го победи Мешков Брест, откако во регуларните 60 минути натпреварот заврши со резултат 23:23.

Херој на битолчани беше словенечкиот голман Урбан Лесјак кој го одбрани ударот во последната пенал серија, за огромна еуфорија во Битола.

Ова е Битола, ова е Пелистер: Цела сала во еден глас пееше “Ако одам во Битола” (Видео)

Еурофарм Пелистер во овие моменти во салата “Боро Чурлески” во Битола игра плеј-оф натпревар против Мешков Брест, за влез во фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата.

После првото полувреме битолчани водеја со 11:10, а атмосферата во спортската сала во Битола е пеколна.

Пред натпреварот преполната сала заедно со пејачот Димитар Андоновски ја пееја песната “Ако одам во Битола”, како увертира за ракометното шоу кое следуваше.

Видеото погледнете го ТУКА

Најпознатите прилепски рокери на средба со градоначалникот Јовчески

Најпознатиот рок бенд од Прилеп, Тhe Hounds, минатата недела го прославија својот 14-ти роденден и го промовираа својот втор студиски албум. Денеска бендот беше во посета на општина Прилеп каде остварија средба со градоначалникот Борче Јовчески.

-Денес имавме чест наши гости да бидат членовите на прилепскиот рок бенд The Hounds. Овој бенд повеќе од една деценија успешно опстојува, како на прилепската, така и на македонската музичка сцена. Можеме слободно да кажеме дека се бренд на градот, а за тоа е доказ нивниот нов албум насловен како „Самосвест“.

Овој албум во кој свој допринос има и Општина Прилеп, денес го добив како подарок од членовите на бендот, а истовремено поразговаравме за нивните идеи и планови за во иднина, за кои секако ќе имаат моја голема поддршка – напиша Јовчески на ФБ.