дома блог страница 1445

Во мандатот на Ковачевски цената на струјата за граѓаните е зголемена 50%, а за бизнис секторот 400%

Откако Димитар Ковачевски е премиер граѓаните и фирмите се соочуваат со ценовен шок. Само за период од неколку месеци цената која ја плаќаат граѓаните за струја е зголемена за 50%. Тоа значи ако пред нецела година сте плаќале 3.000 денари, сега плаќате минимум 4.500 денари. Ваквиот негативен тренд на покачување ќе продолжи и во зимскиот период особено за домаќинствата кои се греат на електрична енергија. Исто така, цената за сметките за струја која ја плаќа бизнис секторот е зголемена за 400%. Тоа значи дека доколку некое мало или средно претпријатие до пред неколку месеци плаќало сметка од 5.000 евра сега плаќа најмалку дваесетина илјади евра сметка за струја, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Овие бројки дотолку се лоши за фирмите кои имаат производството и на кои цената на струјата во голема мера им влегува во трошоците за производство и финалната цена на производот. Македонските фирми кои и онака плаќаат дупло поскапи цена на струја во однос на нивните колеги од регионот се уште по неконкурентни на странските пазари или доколку сакаат да бидат конкурентни треба да работат со загуба. А, во најлош случај, имаме бројка од над 5.500 правни субјекти кои ги затворија своите бизниси поради оваа состојба. На ваквата состојба предупредуваат веќе и стопанските комори, a бројот на фирми кои што за жал ќе ги гледаме како затворени се повеќе ќе се зголемува во периодот што следи. Затоа итно е потребно зголемување на домашното производство на електрична енергија која може да се постигне со веќе предложениот план на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски до власта. Истиот опфаќа планирано и зголемено ископување на јаглен и дополнителна навремена набавка на истиот од држави во соседството, правилно димензионирање на производството од хидроелектраните, набавка на доволна количина на мазут за целосна работа на ТЕЦ Неготино, ставање на земјата во квотата за гас со Унгарија или Австрија. Така, цената за струја која ја плаќаат домаќинствата нема повеќе да се зголемува, а бизнисите ќе плаќаат 3 до 4 пати поевтина струја. Ќе се заштедат милиони евра од буџетот и илјадници работни места ќе бидат зачувани, истакна Митева.

СДСМ за ова не размислува, дополнително одбива предлози само од хир, уверува дека ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија за кое нема план, нема стратегија и истото резултира со високи сметки на грбот на граѓаните и бизнис секторот. За нивниот криминален и коруптивен пристап кон енергетскиот сектор одговорност мора да има, додаде таа.

“Македонија оштетенa 22.000.000 денари за само 7 дена”

Како се краде во Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ – дел 1, пренесува Курир!

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски:

Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ – дел 1!!!

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 20 до 26 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 303,75 €/MWh!

За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 506 €/MWh или по денови:

20/Август 463 €/MWh; 21/Август 346 €/MWh; 22/Август 481 €/MWh; 23/Август 534 €/MWh; 24/Август 570 €/MWh; 25/Август 535 €/MWh; 26/Август 612 €/MWh.

Разликата во цена е:

1750 MWh x (506-303,75)€ = 353.937€

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 7 дена се оштетени за околу 22.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

Aпceње кај Катланово: 25-годишна девојка која извpшила тешка кpaжба ќе оди во затвop

На 26.08.2022 во 21.40 часот во с.Катланово-скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(25) од село во охридско.

За неа била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Охрид за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело “тешка кражба“.

Таа ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа.

Во изминатиот период е едно од најпосетуваните места во околината на Прилеп: За утрешниот празник ќе има 6 домаќини (Фото)

Црквата во изградба “Св. Петка” во прилепско Волкосело е едно од најпосетуваните места последните месеци во околината на Прилеп.

Сместен на 5 километри од градот, до неа се стигнува брзо и лесно, по целосно асфалтиран пат.

Црквата во изградба “Св. Петка” не ја посетуваат само млади, туку и повозрасни кои уживаат во чистиот воздух и убава глетка на Пелагониското поле.

За престојниот празник Успение на Пресвета Богородица, во манастирскиот комплекс ќе биде весело, ќе има 6 домаќини, а ќе се служи света литургија и ручек за сите гости.

Портите на црквата “св. Петка” ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.

Црковниот одбор ги поканува сите верници да присуствуваат на одбележувањето на овој голем христијански празник.

Трајанов: Поблиску сме до предвремени избори отколку до промена на Уставот поради Бугарите

Поблиску сме до предвремени парламентарни избори, отколку што овој пратенички состав има шанси да гласа за уставни измени. Дел од пратениците сметаат дека се отвора непотребна медиумска расправија меѓу најголемите партии, во услови кога сме далеку од консензус и граѓанска поддршка за ова прашање.

“Сосема е извесно дека овој пратенички состав нема да може да направи уставни измени. Треба да се размислува за отворање на дебата за одржување на предвремени парламентарни избори или како втора опција, да се направи широка влада која ќе ја решава тешката состојба во државата поврзана со енергетската и економската криза и со стабилноста на земјата поврзана со војната во Украина. Ние како ДС бараме реципроцитет – ако се вградат Бугарите во Уставот, тогаш да бидат признаени и правата на Македонците во Бугарија и тоа е нашиот услов, изјави за Сител, пратеникот од мнозинството Павле Трајанов.

Прилепчани со победа против грчки ПАОК го стартуваа турнирот “Миле Нешкоски” (Фото)

Со натпреварот помеѓу РК Прилеп и гостите ПАОК од Грција стартуваше седмиот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп.

Прилепчани со триумф го започнаа турнирот, откако во првиот натпревар триумфираа со 28:26 против грчки ПАОК.

Во вториот натпревар гостите од Србија, екипата на РК Дубочица оствари убедлив триумф против нашиот РК Мулти Есенс со 35:22.

Натпреварите продолжуваат утре со дуелот помеѓу ПАОК и Струга во 10ч, Дубочица-Скопје во 12ч, РК Прилеп-РК Струга во 18ч и РК Скопје-Мулти Есенс во 20ч.

Македонците рекордери во депортации од Германија – втори се Албанците

Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија- 454.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.

Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата“, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.

Се запалил авион во текот на летот: Патниците плачеле и вpecкале (Видео)

Патнички авион на компанијата „Viva Aerobus“, кој летал од Гвадалахара кон Лос Анџелес, морал да се врати на аеродромот откако му се запалил едниот мотор.

Патниците слушнале силна експлозија само неколку минути по полетувањето, а после тоа виделе искри и оган кои го зафатиле десниот мотор на авионот „Airbus A320“.

Видеото може да го видите ТУКА

Исплашените патници го известиле екипажот, а пилотите веднаш го завртеле авионот и се вратиле на аеродромот.

Снимката од инцидентот прикажува мотор во пламен додека авионот летал ниско и над населено подрачје.

Во авионот имало 186 патници и членови на екипажот. Проблемот со моторот предизвикал паника меѓу патници, а некои плачеле и врескале, додека други се молеле.

„Viva Aerobus“ е нискобуџетна авиокомпанија, а на патниците кои доживеале голема непријатност им бил обезбеден нов лет.

Регулаторна донесе нова одлука – по овие цени ќе се продаваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75% во однос на одлуката од 25.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,50 ден/лит.

Од 27.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,978 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0, 458%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Следете во живо: Започнува меморијалниот турнир во ракомет “Миле Нешкоски” во Прилеп

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето посветно на прерано починатиот прилепчанец и ракометна легенда, Миле Нешкоски, денеска започнува седмиот по ред меморијален турнир во негово име во Прилеп.

Присутни се делегации од спортските клубови гости на турнирот, градоначалникот на општина Прилеп и голем број поранешни и сегашни спортски работници, пријатели и роднини на Миле Нешкоски.

Следете го настанот во живо во продолжение: