Едно старо, ама златно видео… Како да не било пред 10тина години, туку како вчера да се случило.
Во среда молебен канон за благослов на новата школска година во црквата Св. Петка во Прилеп
Почитувани родители и ученици, на 31.08.2022 година (среда) во храмот „Св. Петка“ – Точила, ќе се служи молебен канон за благословување на новата училишна година со почеток во 08:00 часот.
„Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене… зашто на таквите е Царството Божјо“ (Марко, 10, 14) – информираат од црковниот храм.
“Топли поздрави” од Медведев: Цената на гасот ќе се искачи до 5000 евра до крајот на годинава
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев ја зголеми својата прогноза за цените на бензинот, сега верува дека до крајот на годината може да се искачи на пет илјади евра за илјада кубни метри, додека претходно претпоставуваше дека е до четири илјади.
„Во врска со поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ги зголемам прогнозните трошоци на 5.000 евра до крајот на 2022 година“, напиша тој на својот канал Телеграм.
Политичарот ја заврши објавата со англиската фраза „со топли поздрави“ – „со топли желби“.
Цените на берзата на гасот во Европа се приближија до рекордни нивоа во позадината на ограничените испораки на сино гориво од Русија, покажуваат податоците на лондонската берза ICE и операторите за пренос на гас. Цената за порамнување на фјучерсите на гас за септемвриска испорака (според TTF) изнесуваше 3.507,3 долари на последниот трговски ден во неделата – 26 август, што беше рекордна вредност за целиот период на работа на гасните центри во Европа – од 1996 година. Бројката за неделата се зголеми за околу 1.000 долари, или за речиси 40%. Во исто време, цените на гасот во петокот во моментот достигнаа 3.525,9 долари и направија уште еден чекор кон ажурирање на историскиот максимум од 3.892 долари.
Италијанска драма во Турција: Балотели го налути Монтела, па тој тргна да се пpecмета со него (Видео)
Адана Демирспор победи со минимални 1:0 на натперварот против Умранијеспор, но ова не беше главна вест од фудбалскиот натпревар кој се одигра во најсилната лига на Турција.
Саботната пресметка од Суперлигата заврши со тензија меѓу двајца членови од домашниот табор, односно меѓу тренерот Винченцо Монтела и напаѓачот Марио Балотели.
И покрај победата, двајцата имаа што да си порачаат еден на друг и очигледно е дека имаше одредено недоразбирање, па на крајот останатите членови мораа да спречуваат и физичка пресметка.
Балотели му довикна нешто на својот тренер, по што беше јасно дека Винченцо е крајно изнервиран и беше сопрен за да не дојде до блиска средба со напаѓачот.
За Адана ова беше трета победа од стартот на сезоната, па го зазема изненадувачкото второ место на табелата во овој момент.
Balotelli – Montella Kavgası pic.twitter.com/TbIpNANNDc
— Lord Sinov (@balotellivekil) August 27, 2022
Руската амбасада се поклони пред споменикот во Здуње во чест на седумте партизани од Петтата Прилепска и Шестата Поречка бригада (Фото)
Делегација на Руската Амбасада во Македонија денеска положи свежо цвеќе на споменикот на загинатитие партизани од Петтата Прилепска и Шестата Поречка бригада во селото Здуње.
– Денес, заедно со жителите на селото Здуње делегациjата на Руската Амбасада предводена од Заменик-шефот на мисиjата Владимир Дjаков им оддаде почит на седумте партизани од Петтата Прилепска и Шестата Поречка бригада, кои загинаа во битката за ослободувањето на селото пред 78 години. Меѓу паднатите е и нашиот сонародник по име Василиј.
Вечна им слава на храбрите херои!, напишаа од амбасадата во објава на Фејсбук.
5 одиграни кола, 5 погодоци на Миовски: Навивачите на шкотски Абердин го развиорија македонското знаме
Бојан Миовски игра во топ форма во Шкотска, запиша нови два гола, Абердин го победи Ливингстон со 5-0 во натпревар од 5. коло.
Миовски погоди за 1-0 од пенал вово 41. минута, а потоа се запиша во листата на стрелците и за 4-0 во 63. минута.
Македонскиот репрезентативец е веќе хит кај навивачите на Абердин, сега поддршка од фановите со македонско знаме на трибините:
Miovski ???? pic.twitter.com/mStQSeqL1j
— Adam??????? (@utd_adam_) August 27, 2022
62-годишен возач на сканија се здоби со тешки повpeди откако yдpил во тунелот на патот Прилеп-Градско
На 28.08.2022 околу 01.30 часот на патот Градско-Прилеп, товарно моторно возило „сканија“ со скопски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Ѓ.Ј.(62) од Кавадарци yдpило во тyнел.
Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот Ѓ.Ј. кои му биле конcтатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци – информираат од МВР.
Го славиме најголемиот празник посветен на мајката Божја – Сите настани поврзани со Успението на Пресвета Богородица
Денеска православните Христијани го празнуваат големиот празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица.
Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.
Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.
За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива.
Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла.
Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.
Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.
За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваат поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски.
На верниците, особено на жените им се препорачува на тој ден да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски.
Исто така, овој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.
Викенд во Прилеп-Битола-Крушево: Tепачка помеѓу две групи, апceње, напад на полициcки cлyжбеник
Од полицискиот билтен со дневни настани на МВР
-Денеска (27.08.2022) во 03 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола, по судска наредба од Основен суд Битола, приведен е К.Т.(37) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор во траење од една година за извршени тешки кражби. К.Т. е спроведен во КПУ Затвор Битола за издржување казната.
-На 26.08.2022 во 20.00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 27.08.2022 во 01.15 часот било пријавено дека во угостителски објект во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две групи на лица, по што истите биле отстранети од угостителскиот објект. Се работи на расчистување на случајот.
Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Македонски Брод: Се cyдpиja 4 возила
На 26.08.2022 во 13.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод се случила cooбpaќajна нecpeќа во која учествувале патничко моторно возило “фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, патничко моторно возило “голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(58) од с.Лажани-прилепско, патничко моторно возило “пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(21) од Прилеп и патничко моторно возило “форд“, управувано од Е.И.(27) од с.Дебреште.
Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил Е.И., констатирани во Градската болница во Прилеп.
Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп.













































