дома блог страница 1443

Зимово нема да има проблем со храна благодарение на домашното земјоделство и на Отворен Балкан

Македонија во пресрет на Саемот на храна и вино кој ќе се одржи во Белград во рамките на иницијативата Отворен Балкан продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност

Националниот план за производство на храна кој содржи важни мерки за поддршка на овој сектор во време на криза подразбира одржливо и зголемено производство на домашна храна, но и увозна независност. Усвоен е и ребалансот на Буџетот, а 32 милиони евра се за зголемување на домашното производство на храна.

Веќе е зголемено производството на пченица, пченка, јачмен и увозот кај сите култури е намален. Доделени се над 20 000 хектари земјоделско земјиште за производство на стратешките производи низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес, а притоа зголемени се и субвенциите за вештачките ѓубрива, со што земјоделците имаат помали трошоци.

Во тек е силна регионална промоција на македонските вина, храна и туризам на првиот меѓународен саем на Отворен Балкан во Белград. Во рамки на Отворен Балкан оформена е и кризна група која ги анализа состојбите во трите држави и според чии проценки трите земји меѓусебно можат да си ги обезбедат евентуалните недостатоци од храна.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.

Попладне невреме со пообилен дожд, силен ветер и град

Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува пет.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени.

До утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а в четврток и в петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

(Видео) ООУ “Климент Охридски” стана училиште за кое сонуваат многу директори, наставници и деца

Основното општинско училиште “Kлимент Охридски” од Прилеп доби нова модерна лабораторија по природни науки. Проектот е на Министерството за образование и наука, а истиот е потпомогнат од локалната самоуправа, советникот во Советот на општина Прилеп, Д-р Кире Јоноски и компанијата “Просперо”.

-Пуштена во употреба комплетно нова лабораторија по природни науки..проект обезбеден ресурсно од мон,локалната самоуправа и нормално потпомогнат од Др.Кире Јоноски и Просперо. P.S. Ова не е реклама, ова е градежна експанзија која му се случува на нашето училиште со цел да добиеме поквалитетни услови за нашите ученици – напиша на ФБ директорот на училиштето Ахил Јаков.

Преубавата прилепчанка Сара Јашароска се закити со две мис титули во Охрид и Гевгелија (Фото)

Изминатиот викенд во Охрид и Гевгелија се одржаа избори за Мис и Топ модел 2022.

На изборот за “Мис змија 2022” со титула победничка се закити прилепчанката Сара Јашароска, а нашата преубава Сара се закити и со титулата “Топ модел шарм 2022” на изборот на балкански топ модел во Гевгелија.

Јашароска титулата во Гевгелија ја освои помеѓу 11 девојки од повеќе држави.

Честитки на Сара за освоените титули, и’ посакуваме огромни успеси во иднина, нејзе и на студиото “Шанел” од Битола, каде Сара е повеќегодишен член.

Oпштина Битола продолжува со отстранување на дивите гаражи: После зградата кај ЈАТ ќе се уредуваат и други површини

После успешното завршување на акцијата за отстранување на т.н „диви“ гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, Општина Битола, во следниот период ќе продолжи со расчистување на јавните површини од вакви објекти, со цел соодветно урбано уредување на повеќе локации во градот, изградба на нови детски катчиња за игра и рекреација на најмладите, хортикултурно уредување на јавните површини и создавање на нови паркинг и партерно уредени простори.

Од тие причини, а согласно и добиеното позитивно мислење од страна на јавноста во врска со ваквите активности, се известуваат граѓаните, дека потребно е да пристапат кон самостојно остранување на „диво“ поставените гаражи, со цел да се создадат услови за непречена реализација на предвидените активности и истовремено да се стави ред во користењето на јавните површини во градот, во интерес на сите граѓани.

Општина Битола, согласно своите програми за работа, планира уредување на повеќе локации на кои во моментот се наоѓаат вакви објекти, а за уредување на паркинг просторот на улицата „Цане Василев“, веќе е изготвена и проектна документација – се вели во соопштението од општина Битола.

Пратениците од утре се враќаат на работа

Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.

Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности.

Меѓу првите активности во Собранието се очекува ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.

Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници. На последната координација со новинарите претседателот на Собранието за 13 септември ја најави првата нова редовна седница по одморот.

Пратениците на одмор заминаа официјално по Илинденските празници.

Полнете резервоари: Дизелот за 12ден. поскап од бензинот

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.

Поскапување ќе има и кај бензините но помало, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар. Причина е разликата во побарувачката меѓу двете горива.

(Видео) Марија Шерифовиќ направи инцидент сред Белград

Српската пејачка Марија Шерифовиќ сериозно ја изнервирала една вест која ја добила дека не можела да ја скрие нервозата ниту на јавно место.

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како Марија Шерифовиќ вреска на улица во Белград, пред автомобил запрен на сред пат.

Потоа извикувајќи сочни пцовки, Марија се приближува до својот автомобил и го удира со тупаница. До неа има жена која се обидува да ја смири.

„Одговори ми“, се слуша кога Марија влегла во автомобилот.

Твитерџиите веднаш почнале да шпекулираат зошто Марија вака се однесувала во јавност, а се` објаснила и пејачката.

Иако на социјалните мрежи се шират разни теории на заговор, за што всушност, станува збор, Марија за „Блиц“ ја опиша ваквата ситуација.

– Иако никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствено на кого треба да му се извинам е мојот автомобил и доколку разбудив некого – изјавила Марија ексклузивно за „Блиц“.

ЕУ ќе им воведи визи на Русите: “Несоодветно е руските туристи да шетаат низ нашите градови”

Министрите за надворешни работи на ЕУ планираат да ја донесат оваа одлука на дводневниот состанок во Прага кој започнува утре, пишува Фајненшл тајмс повикувајќи се на три извори кои учествувале во разговорите, пишува Инфомакс.

„Несоодветно е руските туристи да шетаат низ нашите градови, покрај нашите пристаништа. Мораме да испратиме сигнал до руското население дека оваа војна е неприфатлива,“, изјавил висок претставник на ЕУ.

Планот за суспендирање на договорот од 2007 година предвидува укинување на повластениот третман за Русите кога аплицираат за сите визи за ЕУ.

„Ние сме во исклучителна ситуација и тоа бара исклучителни чекори. Сакаме да излеземе подалеку од суспензијата на визните олеснувања“, изјавил висок европски функционер.

Финска, Полска и балтичките земји кои граничат со Русија соопштија дека се подготвени да ги спречат Русите да влегуваат на нивната територија со туристички визи, наведувајќи ги исклучоците за националната безбедност од Шенгенскиот договор.

„Навистина се надевам дека ќе се најде заедничко европско решение за тоа како значително да се ограничи протокот на руски туристи во Европа“, изјавил литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Совршено организираниот прилепски турнир ги додели наградите на најуспешните ракометари: РК Прилеп го освои второто место (Видео)

Српскиот клуб Дубочица е победник на седмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Во финалето тимот од Лесковац со 36:24 беше подобар од домашниот Прилеп.

На турнирот во Прилеп овие два дена покрај домаќините и тимот од Србија, гостуваа и РК Паок, РК Мулти Есенс, РК Струга и РК Скопје.

Доделувањето на наградите од турнирот одеше во живо на јутјуб каналот од РК Прилеп каде за најдобар голман на турнирот бепе прогласен Ѓорѓи Ерманоски од Мулти eсенс, најдобар стрелец со 25 гола е Давор Шокоски од РК Прилеп, а за најдобар играч беше избран Марко Радуловиќ од Дубочица.

Секоја чест за организаторит и се надеваме дека овој турнир во иднина ќе предизвикува уште поголемо внимание и ќе има уште повеќе заинтересирани екипи од странство.