дома блог страница 1442

Ексклузивно: Новиот тренер на РК Прилеп, Чантурија, со анализа на ракометниот турнир “Миле Нешкоски 2022”

РК Прилеп успеа да го освои второто место на седмиот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски” под водство на новиот тренер Реваз Чантурија.

Во финалето прилепчани беа поразени од гоститие од Србија, екипата на Дубочица. Чантурија кој изминатите 3 години ги брани боите на Прилеп, а сега е во улога на тренер играч, ексклузивно за Маркукуле ги сподели впечатоците од турнирот.

“Задоволен сум 70% од прикажаното, но не чека уште многу работа. Пријателските натпревари и турнири ги користиме за да се уиграме и да добијат шанса сите играчи. Мислам дека турнирот го искористивме добро. Морам да ги пофалам организаторите, затоа што турнирот беше организиран на високо ниво и оваа година имаше поквалитетни екипи. Мислам дека секоја година турнирот “Миле Нешкоски” расте. Во групата победивме против грчки ПАОК и РК Струга, две доста искусни екипи според мене, а РК Прилеп за прв пат играше во финале со Дубочица од Лесковац. Се работи за една сериозна и искусна екипа со две постави. За жал нашата клупа е кратка, па уморот си го направи своето и за жал Дубочица беше екипата која го крена пехарот. Сепак, мора да кажам дека момците сите до еден дадоја максимум. Заедно со стручниот штаб и помошникот Лашкоски работиме напорно бидејќи не чека долга и интересна сезона. Мораме многу озбилно и одговорно да пристапиме, со многу работа и зацртаниот успех ќе дојде. Се работи за една млада екипа, каде освен јас, оваа година ќе помага и Ѓоргиески. Oстанатите дечки се на 22, 23, 24 години. Имаме и момци кои се и на 17, 18 години, дечки кои се од Прилеп и ме радува што досега одговорно го носат дресот на нивниот град, а и мора да биде така, затоа што Прилеп има долга и богата традиција во ракомет”.

РК Прилеп во новата сезона ќе се натпреварува во групата А од Супер лигата, а сезоната ќе ја започне на домашен терен против Алкалоид на 04.09.

И денеска нестабилно време – Попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Холандски Аз Алкмар, шведски АИК, Шамрок од Ирска… меѓу можните противници на Победа за младинската Лига на шампиони

Утре од 13 часот во седиштето на УЕФА Нион од 13 часот е закажан жребот за првата рунда од новиот циклус натпревари во младинската Лига на шампиони.

Со освоената титула во нашиот младински шампионат младинците на Победа се стекнаа со правото да ја претставуваат Македонија во ова престижно натпреварување на најдобрите младински фудбалски колективи на Стариот континент.

Првите мечеви на фудбалерите родени 2004-та и помлади, на програмата се на 14 септември а реваншите од прелиминарната рунда на 5 октомври.

Според првичната поделба на надлежните од УЕФА Победа е во 2-та група, a можни противници на црвено-белите се:

АЗ Алкмар (Холандија), Хибернијан (Шкотска), Молде (Норвешка), АИК (Шведска), Расинг унион (Луксембург), Шамрок роверс (Ирска) и Колерејн (Северна Ирска).

Летниот распуст искористен за низа реализирани проекти во OOУ “Кочо Рацин” и ООУ “Рампо Левката” во Прилеп (Фото)

Низа активности завршени во прилепските училишта ООУ “Кочо Рацин” и ООУ “Рампо Левката” за време на летниот распуст. Новата школска година во “Кочо Рацин” ќе започне со реконструирани подови, комплетно реновирани кабинети по физика, хемија и биологија, како и со санирана електрична мрежа во подрачното училиште во населбата Рид.

Во “Рампо Левката” изградена е атлетска патека околу спортското играчиште, заменети се сите врати во приземјето и првиот кат….

Глутница кучиња го “сардиса” центарот на Прилеп (Видео)

Цела глутница кучиња скитници забележани синоќа во центарот на Прилеп. Наши читатели ни испратија видео на кое може да се забележат дури 13 кучиња како се движат околу Градскиот саат.

Граѓаните стравуваат деа може да нacтpaда некое дете, а ништо помалце не се плашат ниту тие од бројната глутница која царува во центарот на градот.

Животните не се криви, тие се невини суштества кои не по своја вина се нашле на улица. Крајно време е овој проблем кој со години се провлекува во Прилеп и останатите урбани средини да се среди.

Xaoc во Скопје: Heвpeмето yништи 40-годишен пapк во Капиштец (Фото)

Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика големи штети низ целиот град.

Од обилните врнежи поплавени се подвозници и улици, оштетени се автомобили, има заглавени возила и откорнати дрвја и семафори.

Невремето уништи и 40 годишен парк со дрвја во Капиштец.

Kниги нема да има за речиси половина од учениците, ама од МОН велат испечатиле многу убави материјали

Министерството за образование призна дека речиси половина од учениците нема да добијат учебници на стартот од новата учебна година. Наместо тоа велат дека подготвиле не скрипти туку „материјали“ кои биле „квалитетни креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје“.

Подготвените материјали во времето кога нормално се набавуваа учебниците за учениците се викаа работни тетратки. Фактот дека се направени за цело тримесечие најавува дека веројатно учениците нема да добијат книги се до почетокот на декември.

„ Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани“ – велат од МОН.
Она што останува нејасно е прашањето што правеше МОН цело лето и зошто учебниците не се подготвени во текот на летото.

Во последните 5 години, практично ниту една учебна година не почна со нормална дистрибуција на учебници и материјали за учениците. Истовремено, се воведуваа неколку различни концепции од кои последниот бара примена на паметни уреди во наставата, што претставува трошок кој не секое семејство може да си го дозволи.

Од друга страна, печатењето на „материјалите“ отвора нов трошок за државниот буџет кој и онака е во лоша кондиција.

Дваесет и први век ЕВН влезе во Арачиново и пронашле трафостаница каде се крадело и до 96,1% стpyja

ЕВН има податоци според трафостаници во таа општина, кои се всушност и многу загрижувачки бидејќи сите покажуваат кражба на струја. Кај една трафостаница таа загуба на енергија достигнува 96,1 отсто, кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти, велат од компанијата за МКД.мк.

Од таму додаваат дека вакви проблеми имаат и во останати населени места, главно во скопско, Тетово и Гостивар и на сите овие места доминира население од албански етнички состав.

Од компаниајта за порталот велат дека годишно се краде струја во износ од 6 милиони евра само во Арачиново, а тоа во своите сметки го плаќаат сите граѓани.

Додаваат дека во Арачиново струја не краделе само домаќинства туку и производствени капацитети за кои струјата треба да биде уште поскапа.

Компанијата ги евидентира сите случаи. Велат дека по договорот да им се овозможи пристап до мрежата во Арачиново, ќе можат прецизно да определат од каде се крадела струјата и да дејствуваат во согласност со законот.

Во моментов, како што велат од компанијата за МКД, немаат проблеми со локалното население и реконструкцијата на мрежата оди со предвидената динамика.

Полициjaта yaпcи битолчанец кој на улица огpaбил дедо

Денеска (30.08.2022) во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола бил извршен службен разговор со С.В.(42) од Битола.

Тој се сомничи дека на 27.08.2022 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола од Ц.Б.(81) од Битола со употреба на сила одзел пари.

С.В. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

За прв пат потпишан колективен договор на општина Битола

Општина Битола претставувана од градоначалникот Тони Коњановски, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани на Република Македонија претставуван од претседателот на Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Општина Битола, Александар Ничков и Синдикатот на работниците во администрација и државна управа претставуван од претседателот на Синдикалната организација на САДУ при Општина Битола, Блага Талевска, вчера потпишаа Колективен договор на Општина Битола.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Битола, со што во периодот кој следува се очекува да се добие зголемена експедитивност на општинската администрација, навремени и подобри услуги за граѓаните.

Претставниците на двата синдикати при општина Битола, изразија голема благодарност за тоа што градоначалникот Коњановски е првиот градоначалник кој покажа интерес во соработка со администрацијата и општина Битола да воведе нов начин на работа со кој јасно е искажана волјата за унапредување и грижа за вработените и нивните права, во интерес на подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.