дома блог страница 1441

Акциска на полициjaта на подрачјето од СВР Битола: Kaзни на 7 пpeвозници на патници – имало и со нeиcпpaвни кочници

На 31.08.2022 од 08.00 до 12.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 45 возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 7 прекршоци од кои 4 прекршоци за непоседување на лекарско уверение, 2 прекршоци за неисправен уред за запирање и 1 прекршок за неизвршен вонреден технички преглед.

На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 2 возила веднаш се исклучени од сообраќај.

При контролата, исто така, откриени биле и 13 други видови прекршоци. Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.

(Фото) Учениците во Прилеп на молебен канон за благослов на новата школска година

Учениците во Прилеп денеска заедно со родителите на молебен канон за благословување на новата училишна година. Во продолжение ви го пренесуваме текстот од Протоереј Љупче Петрески.

Драги ученици, учители и родители, добредојдовте и уште на почеток Ви посакувам среќен и успешен прв училишен ден. Среќата, успехот, задоволството и насмевката нека ве придружуваат не само во текот во текот на вашето образование ами и през целиот ваш живот.

Како секоја година, така и оваа, пред почетокот на учебната година, во парохиските цркви се благословуваат првачињата и повозрасните ученици, и свечено се повикува Светиот Дух за благословен почеток на новата учебна година.

Гледајќи ве денес, моите сеќавања се враќаат во школските денови, пред повеќе од 35 години, кога учев во блискот училиште во оваа населба (ОУ „Блаже Конески“). Некои од најубавите искуства во мојот живот доаѓаат од овие простори (од населбата Точила) и од ова училиште. Некои работи што сум ги научил во основно училиште, кога бев на ваша возраст, нема никогаш да ги заборавам и ми биле од голема полза во текот на целиот мој живот. Се’ уште паметам некои од поуките и советите што ми ги давале наставниците од основното училиште.

Драги деца, знам дека не е лесно да се премине од целодневна безгрижна игра со семејствата и другарчињата, или од градинка, во училниците.Тоа е голема промена во вашиот живот. Доаѓаат првите должности за првачињата, а за повозрасните веќе искусени, во форма на домашни задачи, читање, пишување и т.н., но не треба да се грижите зашто тие се лесни за извршување кога се извршуваат со љубов.

Особено кога го имаме Божјиот благослов –пишувањето на домашната задача станува многу полесно: собирањето и одземањето, пишувањето големи и мали букви не е проблем кога покрај вас е Оној што најмногу на светот ги сака децата, нашиот Господ Исус Христос. Тој е најголемиот и најдобриот Учител. Ние денес се собравме овде, во домот на најдобриот Учител, во Неговата училница.

Да, драги ученици, Христос е најголемиот учител на сите времиња. Тој е малку поразличен учител од вашите учители во училиштето. Навистина, Тој нема да ве учи на математички задачи или географија, но доколку често доаѓате во Неговата училница, во црквата, ќе ве научи на многу убави и важни нешта. Ќе ве научи да бидете добри деца, добри ученици. Ќе ве научи да бидете кротки, мирни, да не се лутите никому, да не правите лоши работи. Ќе ве научи да бидете трпеливи, да ја сакате вистината, да не лажете, да си помагате меѓу себе, да се почитувате, да бидете добри другарчиња, да се сакате. Ќе ве научи да бидете чесни, поштени, да правите добри дела, да помагате на оној кој е во неволја, да бидете љубезни. Ќе ве научи да бидете послушни кон родителите и учителите и да ги почитувате постарите. Со еден збор, ќе ве научи да бидете добри луѓе!

Ве повикувам, драги ученици, наставници и родители, често да доаѓате во ова „училиште“ и да се дружите со најдобриот Учител Исус и во оваа учебна година. Тој ве сака, се грижи за вас. Исто така, Тој ќе ви даде одговори на многу прашања во текот на животот како и смислата на нашето постоење.

Уште еднаш, ќе ве замолам, не заборавајте да им возвратите на љубовта и вниманието на вашите родители и учители кои се грижат за вас. Слушајте ги и соработувајте со нив. Прифатете го она што ве учат и што ве поттикнуваат да го правите со нивниот добар пример. Совладувајте ги вашите училишни обврски и негувајте го духот на заедништвото и солидарноста.

Исто така, ќе ве замолам, секогаш кога ќе бидете во ситуација да бирате – да го изберете доброто, да изберете да бидете добри деца, да изберете вистина, правда, убавина, добрина. Кога избирате такви вредности, вие всушност го избирате Бога, нашиот најголем и најдобар Учител, затоа што Бог е вистина, и убавина и добрина. Затоа, немојте секогаш да го избирате полесниот пат и да се задоволувате со малку научено, бидејќи тоа не води до целта. Тоа би било како да се каже –„Задоволен сум и со оцена двојка“.

Точно, и двојката е преодна оценка, но што ќе рече на тоа нашиот најголем и најдобар Учител, кога Тој знае дека можете повеќе, можете да заслужите поголема оценка, зашто Тој не создал за поголеми дела и повисоки оценки. Секогаш да се трудите да научите повеќе, за петка. Зашто, ако се задоволиме со двојки, само ќе го растажиме нашиот најголем Учител, а тоа не сакаме никому да го направиме, а најмалку на најдобриот Учител, нели?

Божјата помош, помошта на најдобриот Учител, нека ве придружува во вашата одговорна работа. Нека почетокот на учебната година започне и заврши со благословот на најдобриот Учител.

По молитвите и благословот на нашиот духовен татко, нашиот владика, дедо Петар, нека ви е успешна новата училишна година!

Протоереј Љупче Петрески

Шаќиpи: Оваа yчебна година ја почнyваме многy поподготвени

Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат од што да учат, подготвени се бесплатни материјали за учење за првото тримесечје.

Нагласи дека МОН инвестира во подобри услови за настава и образовна инфраструктура и дека за капитални инвестиции втора година буџетот е над милијарда денари односно два и пол пати повеќе од претходните години.

Во текот на летото е завршена реконструкцијата на оние каде што активностите ги затекнал, а уште 20-ина се реконструираат во моментов – основните „Јашар Беј“ во Чаир, „Гоце Делчев“ во Струмица, „Дитурија“ во Сарај, „Страшо Пинџур“ во валандовско Јосифово, „Прпарими“ во Чегране… и средните „Таки Даскало“ во Битола, „Орде Чопела“ во Прилеп, „Киро Бурназ“ во Куманово итн. Се градат неколку училишни објекти во Визбегово, Долно Јаболчиште во Чашка, во Волково и Хром во општина Ѓорче Петров.

-Дел се изградени, а особено драго ми е што го завршивме новото училиште во Долно Блаце во Чучер Сандево каде што нашите ученици одеа преку границата и учеа во Косово бидејќи во своето родно место немаа училиште. Тоа повеќе нема да го гледаме. Од буџетот на МОН се обезбедени средства и за изградба на објект за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и во координација со локалната самоуправа ќе го решиме овој децениски проблем. Градиме и неколку спортски сали и за уште неколку ќе почне изградбата наскоро, рече Шаќири кој ги пофали општините кои вложуваат во подобрување на образовната инфраструктура, меѓу кои ја спомна Општина Илинден која изгради ново училиште.

На прес-конференција во Владата Шаќири посочи дека со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување на платите за наставниците за 15 проценти кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

Истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720.

Посочи на зголемениот број на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование од 97 со 1400 ученици минатата година, сега се 200 паралелки со 2700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се над 400 компании вклучени во овој проект.

Се осврна и на науката и високото образование – буџетот за наука, рече, е 218 милиони денари само за проекти на јавните научни установи и опремување на лабораториите.

-Ова во минатото не постоеше, а сега веќе е направен крупен чекор за поддршка на научно-истражувачката работа. Во високото образование е потребна поголема координација со автономните установи, тоа е мое лично видување и јас ќе направам се што е во моја моќ да се обединиме и конечно да видиме подобри резултати на светските ранг листи на универзитетите, рече Шаќири и посочи дека се работи на измени на Законот за високо образование на кои укажала академската и научната фела.

Потенцираше и дека се работи на јакнење на студентскиот стандард, се воведуваат стипендии за студенти кои се запишуваат на дефицитарни струки.

-Го ревидираме Законот за студентски стандард и за субвенциониран студентски оброк за поддршката да стигне до сите кои навистина имаат потреба, додаде Шаќири.

Одличен резултат на Победа пpoтив Шкупи во Скопје (Видео)

Победа стигна до првиот бод во Првата лига, откако денеска на гостувањето во Скопје успеа да се избори за нерешен резултат 1:1 (0:0 на полувремето).

Шампионот заводи преку погодокот на Цефас во 81. минута, а црвено-белите израмнија 3 минути подоцна преку Галевски.

„Македонија ќе биде слободна!“ рекол пред 117 години Турунџев и сам се обecил за инает на душманите

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев.

Последните зборови на Турунџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“

По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите.

Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.

За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.

Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

Првачињата во оваа општина ќе добијат по 3.000 денари на стартот на школската година

Општина Свети Николе ќе додели по 3.000 денари на секое прваче.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев за МИА информираше дека на вчерашната седница на Советот е донесена одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение им се доделува еднократен износ од 3000 денари како помош на родителите во овие тешки времиња за купување на ученички прибор на почетокот на учебната година.

– За да го остварат ова право треба да се достават соодветни податоци до одделенските наставници, за да може општината во најкраток рок да им ги префрли средствата, рече Владев.

Воедно, најави дека во наредната учебна година од буџетот на општината Свети Николе ќе се доделуваат парични средства на сите идни средношколци кои своето образование ќе го продолжат во СОУ ,,Кочо Рацин” Свети Николе.

Добра вест за прилепчани: Јавниот градски превоз по подолго време ќе сообраќа по нормален возен ред

-Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп ги информира сите корисници на Јавниот Градски Превоз дека почнувајќи од 01.09.2022 се враќа нормалиот возен ред на автобусите. Истото се однесува и за превозот на учениците средните училишта – стои во соопштението од Јавното претпријатие.

Вучиќ: Може да се јави и Бајден и Путин, ама парада на гopдocта во Белград нема да се одржи

Државата мери безброј пати, а кога ќе пресече, се почитуваат државните одлуки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со одржувањето на Европрајд.

– Само што донесовме одлука да не ја одржиме парадата. Бајден може да ми се јави мене или на Брнабиќ, може да свртар Путин или Ердоган, нема да има промена во одлуката – подвлече тој.

Вучиќ, на констатцијата дека веќе изјавил дека ќе се почитуваат владините одлуки за Европрајд, а на прашањето како ја толкува најавата на организаторите дека ќе шетаат по секоја цена и покрај заканата од насилство и како државата може да реагира, рече дека што се однесува до тепачки на улиците, државата ќе направи се за да ги спречи тие да се случат.

– Токму затоа вака реагиравме, на најразумен начин. Но, кога расправиите ќе завршат, тогаш почнува викањето и врескањето. А викањето и врескањето не се никаков аргумент, тоа се гледа секој ден и во двата случаи“, рече тој.

Вели дека не му е проблем тоа да го прави, туку колку што може, додавајќи дека нема сто раце и способност трпеливо да одговара на „секоја лага, викање, џагор, глупост“.

Победа го доби ривалот за Младинската Лига на шампиони

Во Нион, седиштето на УЕФА, во тек е жребот за овогодишниот циклус мечеви од Младинската лига на шампиони.

Младинците на Победа за противник во прелиминарната рунда меѓу 32-та тима младински шампиони на своите земји, го добија првакот на Северна Ирска Колерајн – град кој се наоѓа 55 км северозападно од Белфаст.

Првиот меч се игра на 14 септември во Ирска, а реваншот е на 5 октомври во Скопје.

Победникот од овој двомеч во второто коло ќе се сретне со поуспешниот од двомечот Генк/Славија Прага.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-с. Драгош помеѓу трактор и мопед

На 30.08.2022 во 18.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Драгош, битолско, кај крстосница за с.Граешница, битолско, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу трактор „фергусон“ без регистарски ознаки, yпpaвyван од С.Л.(63) од с.Граешница и мопед без регистарски ознаки, yпpaвyван од А.Р.(21) од с.Лажец, битолско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобиле мотоциклистот А.Р. и неговата сопатничка Е.Х.(20) од с.Сопотско, ресенско, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.