дома блог страница 1440

700 првачиња во Прилеп и населените места добија школски прибор од градоначалникот Јовчески

Во Општина Прилеп денеска градоначалникот Борче Јовчески, им додели пакетчиња на првоодделенците во основните училишта.

Над 700 првачиња добија неопходен школски прибор за стартот на школската година, а во наредните денови градоначалникот ќе ги посети и првачињата во населените места.

При овие средби, на првиот училишен ден, честитајќи им го почетокот на учебната година на учениците и наставниците, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески напомена дека учениците во основните и средните училишта во Прилеп ќе ја започнат новата школска година во подобри услови за работа: во освежени, исфарбани, реновирани училници и училишта, некаде со нови, адаптирани кабинети за одвивање на наставниот процес, со реновирани спортски сали и спортски реквизити, со убаво хортикултурно уредени парковски површини ивнатрешен ентериер, со реновирани санитарни јазли за подобра хигиена, итн.. Сето тоа во зависност од потребите и можностите на секое училиште поединечно, во соработка со локалната самоуправа. Но како и да е, учениците оваа нова школска година 2022/2023 ја започнуваат во услови кои во континуитет се подобруваат за реализација на воспитно образовниот процес, рече тој при посетата на основните училишта во градот, посакувајќи им добредојде на првачињата во училишните клупи :

„Училиштето е многу важен предизвик во животот на човекот. А образованието е најдобра инвестиција за иднината и темел на секоја заедница, на секоја општина и држава. Денеска на првиот училишен ден, кога пред вас стојат предизвиците на собирање на знаење, сакам да им посакам на сите вработени во основните и средните училишта, на учениците и нивните родители, среќна и успешна нова учебна година, со желба наставниците да бидат среќни што ќе имаат можност повторно да ги пренесат своите знаења на следбениците, а учениците да бидат задоволни со стекнувањето на новите знаења, вештини и навики“ – рече тој при денешните средби со учениците.

Инаку Општина Прилеп, во 10-те основни училишта во градот и населените места, има над 700 првачиња запишани во новата учебна 2022/2023 година. Воедно Општина Прилеп изразува благодарност до сите општествено одговорни компании од Прилеп кои што помогнаа со свој придонес во обезбедувањето на школски прибор за сите првачиња.

Бислимовски штеди стpyja: “Јас се качував по скали, а не со лифт, секако имам пpoблеми и со тежината”

Регулаторната комисија за енергетика се придржува кон обврската за штедење на струја, рече денеска на прес конференција, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој пред новинарите објасни дека се штеди и на осветлување и на климатизација, а рече дека не го користел ниту лифтот.

„Јас се качував по скали, а не со лифт. Имам и проблеми се тежината, сакам да намалам, па користам скали“ – рече Бислимовски.

Горивата конечно поевтинуваат: Овa се цените кои ќе важат од полноќ

Денеска е донесена нова одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ, па така е забележано поевтинување на бензините, додека цената на дизелот останува иста.

Бензинот БС-95 поевтинува од полноќ за два денари и ќе чини 89,5 денари, колку што поевтинува и БС-98 и ќе чини 90 денари за литар.

Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар.

Новите цени се објавени на „gorivo.mk“

Курти им се обрати на Србите: “Имате 61 дена да ги смените табличките”

Премиерот на Косово, Албин Курти кажа дека почнала замената на регистерските таблички на Република Србија со косовски и процесот ќе трае до 31 октомври.

Курти им се обрати на Србите од Косово на српски јазик и кажа дека во следните два месеци ќе може да извршат пререгистрација на возилата во 34 центри.

„Почитувани граѓани, од денес до 31 октомври, имате 61 ден за да ги смените регистерските таблички. Преминувањето на табличките РКС ќе обезбеди непречена слобода на движење низ цела територија на Република Косово“, кажа Курти.

Конечно: Се намалува цената на гopивата

Денеска е донесена нова одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ, па така е забележано поевтинување на бензините, додека цената на дизелот останува иста.

Бензинот БС-95 поевтинува од полноќ за два денари и ќе чини 89,5 денари, колку што поевтинува и БС-98 и ќе чини 90 денари за литар.

Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар.

Новите цени се објавени на „gorivo.mk“

(Видео) Добива ли Италија нов кpaл на слободните yдapи: Нова магиja на Душан Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го постигна вториот гол од слободен удар оваа сезона, а по голот против Рома, вечерва погоди и против Специја.

Повторно беше рана фаза на натпреварот. Се играше деветтата минута, топката беше на 25 метри од противничкиот гол, но за Влаховиќ тоа не беше проблем.

Влаховиќ ја испрати топката токму таму каде што противничкиот голман не можеше да стигне до неа.

Свештеник од Риека одбил да кpcти дете на xoмоceкcyaлна двojка

Свештеникот Кристијан Зеба во Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка, а тоа предизвика бура од реакции во Хрватска. Од Риечката архиепископија се уште не се изјасниле.

Целата световна јавност не е на страната на свештеникот, кој остана доследен, бидејќи смета дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи живее во спротивност со учењето на Католичката црква.

„ Ние самите добро знаеме дека учењето на Католичката црква е дека бракот се состои исклучиво од маж и жена, се друго е неприфатливо – вели Зеба, пренесе загрепската телевизија N1.

Свештеникот за се ги информирал верниците на Фејсбук и предупредил дека нема навреда.

„ Совеста ми е целосно чиста и мислам дека тоа е единствената вистинска работа за мене – изјави Зеба.

Теологот Зоран Грозданов не се согласува со Зеба во многу аспекти. Тој смета дека Црквата не е збир на правила исклучиво за морално достојни луѓе.

„ Во теолошка смисла, мислам дека токму тука се јавува моралистичката конфузија што е многу присутна во христијанството во последните години, особено во Хрватска. Имено, крштевањето како тајна е дар, а за да биде подарок мора да биде незаслужен, тоа значи дека не зависи од предиспозицијата на оној што го прима, па ни неговите родители – вели Грозданов.

Тој додаде дека Црквата треба да вклучува и да функционира на благодатта, а не на тоа дали луѓето живеат прави или погрешни животи.

Oд денеска готвење во големи тенџериња само на пампур, туширање со помалку вода: Стартуваат мерките за штедење на Владата

Од денеска стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што рече министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, пеќатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки,…

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите.

„МЛЕКО 2022“ – настан во Прилеп кој ги слави малите семејни фарми, домашните раси на животни, млеко и сирења

„МЛЕКО 2022“ е еднодневен настан кој оваа година ќе се одржи на 03 септември 2022 година во Прилеп под мотото “Како да се „бие“ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“.

Биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства, чии претходни изданија се однесуваа на заборавените автохтони млечни производи (Скопје 2014), пасиштата и регулативите (Битола 2016), расите на млекодајни животни и козарството (Скопје 2018).

Овогодинешното четврто издание има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

На манифестацијата ќе присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба и во различноста на вкусовите. Програмата на „МЛЕКО 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Настанот е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните се повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Придонесот на Слоу Фуд во повторното „откривање“ на секторот преку проширување на видиците за можностите кои постојат, варијантите на сирења кои може да се направат, трендовите на пазарот и побарувачката од потрошувачите е од големо значење во промоцијата на различните региони, зачувувањето на традиционалните, но и надоградување на техниките за производство и зачувувањето на животната средина. Ајде заедно да размислиме и одговориме на прашањето како да се „бие“ млекото денес, со сите предизвици кои не пресретнаа. Како да се произведе вистинско сирење со препознатлив вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?

Во сабота на 3 септември, паркот околу градскиот часовник во Прилеп ќе нуди повеќе од сенка и клупи за одмор затоа бидете таму, на „зборното“ место. Заедно ќе „направиме“ МЛЕКО за паметење!

Настанот се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп, како и со придонес на нашите спонзори и поддржувачи: „Концепт продукција“, „Евро стил“, “Горска вода“ и пекара „Маја“.

Победа “му пpecyди” на Седлоски: После ремито во Чаир си даде ocтавка од тpeнepcката позиција

Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски, кој од почетокот на сезоната 2021/2022 седна на тренерското столче во ФК Шкупи и ја донесе шампионската титула во Чаир, поднесе ocтавка после нерешениот резултат со Победа (0:0), во четвртото коло од Првата фудбалска лига.

Седлоски го водеше Шкупи на 54 натпревари, од април 2021 година досега. Запиша 29 победи, 14 ремија и 11 порази. После неуспехот да избори пласман за Шкупи во некој од европските купови, чашата ја прелеа ремито против неговите прилепчани, па Седлоски се одлучи да се раздели до чаирчани.