дома блог страница 1436

Пpoтecт на матичните лекapи: Нема да издаваат рецепти и упати!

Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) од денеска стапија во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот.

УО на ЗПЛРМ на 27 август донесе одлука на 5,6 и 7 септември да се одржи протест на работно место – заради, како што наведуваат во објавата на веб страницата на Здружението, неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти.

Според одлуката на УО на Здружението, ќе нема упати и рецепти три дена.

Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“….

Министерот за здравство Беким Сали во пресрет на протестот минатата недела изјави дека незадоволствата кои постојат меѓу матичните лекари треба да се решаваат на маса и со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани, а не преку бојкот на работата.

– Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. Ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали.

Тој се согласува со барањето на матичните лекари упатот да не биде печатен туку во електронска форма, но, како што рече, од збор до реализација значи дека како систем треба да се овозможиме и хардвер и софтвер, а за што треба јавна набавка која бара време.

Победа жecтоко peaгиpa: На денешниот натпревар во Скопје, cyдиjaта не дocyди два црвени картони и поништи регуларен погодок

СООПШТЕНИЕ ОД ФК ПОБЕДА

По завршувањето на денешниот натпревар од 6-тото коло на Првата лига со ФК Скопје на стадионот во населбата Железарница ФК Победа сака да ја информира македонската фудбалска јавност за скандалозното судење на штипскиот судија Димитар Пилешков и неговата евидентна наклонетост кон домашниот тим.

Тоа го поткрепуваме со факти во следните ситуации:

1. Недоделен директен црвен картон за домашен фудбалер во 31-тата минута кога нашиот играч Амасихоху изглегуваше сам очи в очи пред домашниот голман а беше фаулиран и спречен да постигне погодок.

2. Недосудена опасна игра од страна на Мациновиќ кој појде со високо крената нога во дуел со нашиот голман Тофилоски во 34-тата минута поради што беше попречен во сигурната интервенција, а во продолжение на акцијата домаќините по овозможувањето играта да продолжи од страна на Пилешков го постигнаа единствениот гол.

3. Во 65-тата минута поништен регуларен гол на Галевски за израмнување на резултатот на 1-1. По неговиот удар со глава домашниот голман ја извади топката со интервенција со рака од зад гол-линијата.

4. Недоделен втор жолт односно црвен картон за домашниот играч со број 22 кој во 67-та минута без топка го удри нашиот играч Симуновиќ нанесувајќи му сериозна повреда поради која беше заменет.

ФК Победа го крева гласот по ваквото пристрасно судење и бара од органите на ФФМ најсериозно да го анализираат пристрасното денешно судење на Пилешков и неговата арбитража како 12-тти играч на ФК Скопје.

Living Home и Stibera Mega Market мислат на вас и вашиот семеен буџет: Купете училишен прибор и ранци за вашите деца по најниски цени во Прилеп и добијте вредни ваучери (Фото)

Во време кога живееме во можеби најголемата економска криза, а цените на сите производи секојдневно се качуваат до недоглед, набавката на школски прибор за новата школска година е вистински предизвик за родителите.

Но, само во Stibera Mega Market & Home Centar и во Living Home ќе наидите на најреални цени и најголем избор на училишен прибор и школски ранци за сите генерации на ученици.

Искористете ги промотивните цени кои важат од 01.09. до 10.09, набавете за вашето дете најдобар прибор, тетратки, ранец и се што му е потребно како помагало на вашето дете во училишните клупи, и сето тоа по најниски цени.

За секоја сметка над 2.000 денари, во Stibera Mega Market & Home Centar и Living Home добивате ваучер од 200 денари, а со секоја сметка над 4.000 денари, добивате ваучер од 400 денари.

Погледнете ја целата понуда во продолжение:

Прилепчанец додека ја работел нивата пронашол гpaната од Прва светска вojна

На 03.09.2022 во 10,30 часот во ОВР Прилеп е пpиjaвено дека на 02.09.2022 во 18.09 часот Т.Т. во нива во близина на бензинска пумпа кај место викано „Могила“, во прилепско, пронашол артилериска граната 105мм од Првата светска вojна.

Од пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е подигната за понатамошна постапка.

Семејна драма во битолско Кукуречани: Ја пpиjaвил снаата дека ја нападнала неговата сопруга и малолетно дете

На 03.09.2022 во 23.20 часот во Полициска станица Битола С.С.(39) од с. Кукуречани, битолско пpиjaвил дека околу 21.30 часот во битолско по претходна ceмejна pacпpaвиja неговата сопруга А.С. и малолетник биле физички нападнати од неговата снаа А.С.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Злато и сребро за прилепските вина од “Сарика” на саемот во Белград каде учествуваа над 150 винарии (Фото)

Благодарение на новата манифестација Wine Vision организирана од Отворен Балкан, саемот во Белград деновиве беше претворен во вински центар, каде се претставија над 150 винарии.

Во една врвна организација и прекрасно уреден простор, бројни пропратни програми и можности за бизнис комуникација, винариите беа оценувани од пет судии со титула Master of Wine.

Организатори на манифестацијата беа земјите од Отворен Балкан, меѓу кои е и Македонија, а на настанот беа поставени некои нови стандарди кога е во прашање претставувањето на вината и винската култура од овие простори.

Меѓу 150 винарии кои се претставија со своите вина беше и малата семејна винарија од Прилеп, “Сарика”, чии вински вкусови добија две признанија – злато за Вранец и сребро за Мускат 2021.

Ова е прво меѓународно злато за “Сарика Вранец”, вели сопственикот на винаријата Гоце Станоески, чија винарија во изминатиот период постојано реди успеси.

Над 1400 учесници од 12 земји на денешната трка “Трчај бе” во Битола (Фото)

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во Битола, започна манифестацијата „Трчај бе“, чиј главен поддржувач е општина Битола.

Официјалниот почеток на трката, која годинава е и Национално првенство во полумаратон го означи градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успех на натпреварувачите, честитајќи им на организаторите за успешната организација, која од година во година, резултира со се помасовен интерес и посетеност на настанот.

Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола на овогодишното четврто издание на „Трчај бе“.

На манифестацијата учествуваат и бројни компании, кои давајќи поддршка на овој значаен проект, своите тим билдинг активности, овој викенд ги испланираа токму како учесници на настанот.

Дел од денешниот спортско – забавен хепенинг е и дополнителната музичка програма по патеките, а на главната сцена настапува групата „Љубојна“.

Со маестрален концерт на “Меморија” заврши Битолско културно лето „БитФест“ (Фото галерија)

Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“.

Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…

-Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште.

За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…

Мицкоски: Eве како за 20 часа СДС и ДУИ крадат 10 милиони денари преку продажба на струја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжува со обвинувањата кон власта дека преку продажба на ноќните вишоци на струја се ограбуваат граѓаните.

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ! Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ/ЕСМ, албанската државна енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје (омилен купец на вишоците на струја на ЕЛЕМ/ЕСМ) и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД?, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вели, заедничкиот именител што ги поврзува сите овие субјекти е корупција и штета на граѓаните на Македонија.

Како?

Имено, ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 30 август до 6 септември, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 2000 MWh (слика 1). Албанската државна енергетска компанија КЕШ исто така распишува оглас но за набавка на струја за периодот од 29 август до 4 септември по сличен профил како тој на ЕЛЕМ/ЕСМ во вкупна количина од 2100 MWh (слика 2).

Цената по која ноќни вишоци се продадени на компанијата ЕТМТ енерџи дооел Скопје е 337/MWh (слика 1), а цената по која албанската државна енергетска компанија КЕШ ја купува струјата по сличниот профил е 525,55 €/MWh (слика 3).

Доколку во цената се вкалкулираат и меѓуграничните капацитети за август и септември од Македонија во Косово и од Косово за Албанија, кои во вкупна вредност за август изнесуваат 9,17 €/MWh, а во септември изнесуваат 15,65 €/MWh, тогаш вкупниот трошок за струјата купена во Македонија со вклучени меѓуграничните капацитети и банкарски трошоци (1%) за периодот од 30 август до 4 септември и профил од 2 до 6 часот, изнесуваат околу 350.000€, а истата таа струја во Албанија се продава за 525.550€. Разликата во цената на струјата купена во Македонија, пренесена во Албанија и продадена таму е околу 10.800.000 денари.

Дали компанијата купец на вишоците на ЕЛЕМ/ЕСМ, ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје е поврзана со компанијата, ЕНЕРТРЕЈД од Тирана, Албанија која е најбрзорастечка компанија на пазарот на трговија и снабдување со струја во Албанија и со свои претставништва во регионот како и во Словенија и Унгарија (слика 4)? Одговорот е ДА, преку лицето Артур Мицкај кој е сопственик на 50% од ЕНЕРТРЕЈД Албанија, но и на 50% од ЕТМТ Тирана, Албанија.

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 20 часа се оштетени за близу 10.800.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, стои во објавата на Мицкоски.“

Млад мотopциклиcт починал во прилепската болница, откако изгyбил контpoла и паднал на патот кај Тројаци

На 03.09.2022 околу 13,25 часот пpиjaвено е дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, yпpaвyвajќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгyбил контpoла и паднал на коловозот.

По нecpeќата возачот бил пpeнeceн во Градската општа болница-Прилеп, каде починал.

За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп – информираат од МВР.