дома блог страница 1435

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп

Од 10:55 часот, нормализиран е сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп помеѓу Росоман и Сирково, соопшти АМСМ.

Како што претходно објавивме, поради сообраќајна несреќа, од 9:40 часот патот беше во прекин во двата правца за сите видови на возила.

И денес протест на матичните лекари, се примаат само итни пациенти

Протестот на матичните лекари продолжува и денеска. Причина за протестот како што наведуваат од Здружението на приватни лекари е неисполнети барања, меѓу кои е зголемување на капитациониот бод, со што ќе се зголемат средствата што ги добиваат лекарите за пациентите што ги водат. За време на протестот тие не издаваат упати и не прегледуваат, примаат само итни пациенти.

Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува протесот.

-Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме – изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари.

Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија.

-Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега – рече Дервишова-Чолакова за Дневникот на Сител ТВ.

Сообраќајка на патниот правец Градско- Прилеп, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајна незгода, од 09:40 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Градско- Прилеп помеѓу Росоман и Сирково.

Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови на возила, соопшти АМСМ.

ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе собира потписи за референдум: ИК одлучи како ќе гласи прашањето

Христијан Мицкоски вечерва информираше дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според Мицкоски, Извршниот комитет на партијата вечерва ја донел одлуката за „граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум“.

Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.

-Прв јас ќе се потпишам. После одобрувањето, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓаните. Роковите се мислам три месеци. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.

Тој очекувам сериозност и одговорност од власта.

-Формулирано е сериозно референдумско прашање. Очекуваме власта да ги прифати нашите аргументи „за“ за напуштање на важноста за законот за ратификација на Договорот за добрососедство. Гласаме „за“ или „против“ овој штетен договор, рече Мицкоски.

Тој верува дека има луѓе во Владата кои размислуваат проевропски и нема да ги спречуваат граѓаните да гласаат на референдумот.

-Верувам дека има граѓани Албанци кои сочувствуваат со нашите проблеми и ќе ги поддржат нивните соседи Македонци кои се против асимилацијата, кажа Мицкоски.

Апceње во Прилеп и Битола: Кај двајца прилепчани пpoнajдена кафеава матepиja, кај битолчанец мapиxyaна

Денеска ( 05.09.2022) полициски службеници од СВР Битола, ОВР Прилеп и ПС од ОН Прилеп на ул. “Скопска” во Прилеп ги лишија од слобода Ч. К.(32) и П. И. (36), двајцата од Прилеп, кај кои биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја.

Лицата се задржани во ОВР Прилеп, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така денеска, полициски службеници од СВР Битола , ПС од ОН Битола го лишиле од слобода Н. Д.(25) од Битола, кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

За три месеци дури 521 развод во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

Извор: stat.gov.mk

Полицaeц пpимил 400 евpa поткyп за пpиведено лице да не оди во пpитвop

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

На 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување на мерка притвор.

Против полицискиот службеник е поднесена и иницијатива за покренување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка.

Синдикатот бара администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се штеди cтpyja

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

– Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

Прилеп беше домаќин на меѓународен едриличарски камп: Настан кој привлече огромно внимание (Фото галерија)

Изминатиов викенд Спортскиот аеродром во Прилеп беше домаќин на меѓународниот едриличарски камп на кој учествуваа повеќе од 50 учесници од Македонија, Србија и Косово.

Кампот е дел од проектот “Bird’s Perspective from Balkan Clean Sky” финансиски поддржан од Western Balkans Fund, а го организираше Параглајдерскиот клуб Sky Riders Prilep заедно со партнерите Fly Dardania Prishtina, Aero club Nasha Krila Paracin и Center for innovation and development Inos Prilep.

Првиот ден од кампот беше посветен на едукативни часови за придобивките од спортот и едриличарството. Учесниците имаа можност да се запознаат со историјата на едриличарството, видовите едрилици, начините на полетување, како и метеорологијата која е многу важна при летањето со едрилици.

Искусните пилоти од земјата (Никола Иваноски, Метотка Стојанов, Васко Михалчев, Ѓорѓи Манчески и Димко Спиркоски) ги раскажаа своите едриличарски приказни пред идните млади едриличари. Дополнително се разговараше и за аеро загадувањето како еден голем проблем на земјите од Западен Балкан.

На вториот ден од кампот со информативна прошетка низ хангарот и аеродромот, учесниците имаа можност низ фотографии и видеа да се запознаат со историјата на едриличарството во Македонија, како и да се запознаат со едрилиците. Сите учесници на кампот имаа можност да летаат со едрилица заедно со пилотите. Покрај информативните летови, пилотите демонстрираа и акробатски летови со едрилици, а на настанот се збогати и со летови на Модели на радио контрола.

Третиот ден на едриличарите им се придружија и воздухоплови од останатите аеро клубови во земјата (Аеро клуб Штип, Аеро клуб Битола, Аеро клуб Скопје и Rimin Air Штип) на Аеро збиранката организирана од Аеро клуб Прилеп. Настанот беше од отворен тип и привлече внимание на многу посетители. Свој перформанс имаа и падобранците од Аеро клубот Наша Крила од Параќин со неколку падобрански скокови.

Настанот беше затворен со доделување на сертификати на учесниците и плакети и благодарници на сите оние кои го поддржаа истиот. Плановите на организаторот се и во иднина да продолжат со органзиација на вакви настани како и да отворат Едриличарска школа на која ќе се обучуваат идните едриличари.

Фатен 27-годишен битолчанец кој избегал од затвop

На 05.09.2022 во 00.05 часот на ул.„8-ми Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(27) од Битола.

Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Битола.

По приведувањето, тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.