дома блог страница 1434

Владата одлyчи: Ќе се испратат македонски вojници во НАТО бopбените групи во Романија и Бугарија

На вчерашната седница, на предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји.

– Задача на борбената група на НАТО е, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA), да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, информираат од Владата.

Оттаму велат дека реализацијата на активностите го зајакнува партнерството и соработката помеѓу Северна Македонија и останатите сојузници во рамките на НАТО и истовремено влијае и на проширувањето на билатералната соработка на Северна Македонија со Бугарија, со Романија, со САД, како и останатите сојузници и останатите нации, што ќе придонесуваат во борбената група со персонал и опрема.

(Фото галерија) Малку креативност е потребна за ремек дело кое го привлекува сечие внимание: Новите кoрпи за отпадоци во црквата Св. Петка во Прилеп

Koлку малку треба за да се направи нешто креативно што ќе краси и ќе го привлече сечие внимание.

-Вештите раце на мајстор Јовица (ЈАКОМАК Прилеп), ги направија “џентлмените” и “дамите” токму онака како што беше побарано од него. Секоја чест! Бог да му дарува здравје и спасение нему и на неговото семејство – напишаа на ФБ од црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп.

Секоја чест за вредниот и досетлив мајстор! Рацете да му цутат!

Промовирана стихозбирката “Огнот во мене” од младата авторка Ивана Христова од Битола

Во градската библиотека ,,Св. Климент Охридски” во Битола, се одржа промоцијата на книгата ,,Огнот во мене” од авторката Ивана Христова. За неа зборуваа промоторите Гордана Такец и Марјан Тасевски, кој на присутните им прочита мал дел од песните, што се наоѓаат во книгата.

Книгата е во издавништво на “Графо Пром” – Битола, а рецезенти се Гордана Такец и Игор Трајковски Фоја.

Како што вели Ивана, стихозбирката содржи 30 песни создадени благодарение на испирацијата што ја добива додека ја живее младоста. Таа низ стиховите го опишува стожерот на постоењето, мудроста на животот, која ја преточува во зборови, кои во себе ја носат тежината на среќата и тагата.

Ивана Христова е ученик во ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи”- Битола. Таа пишува од својата 11-годишна возраст. Како основец и средношколец има учествувано и учеатвува на многу регионални и меѓународни литературни конкурси и манифрстации за проза и поезија.

Ковачевски: Не копajте кpиптовалyти, затоа што тоа троши многу cтpyja

Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.

-Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение.

-Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Се додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции, истакна премиерот.

Пушачи, отворете очи и погледнете го ова видео

Колку малку е потребно запалена цигара да предизвика пожap на отворено….Тајмерот покажува само 3,5 минути… и ете како нас ни заминаа половина од шумите…

Ќе има ли ново пocкапyвање на кафето? Зголемување на цените на пијалоците и храната

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2022 година во однос на истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2022
година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто.

Во Британија на утринска може да ви се падне плаќање на сметките за стpyja (Видео)

После летната пауза водителите Филип Шофилд и Холи Вилоби се вратија во етер со најпознатото утринско шоу во Велика Британија, Тhis Morning.

Но, во популарната игра “Заврти за да добиеш” се најде една награда која ги изненади гледачите. Покрај паричните награди, гледачите кои ќе го завртат тркалото можат да добијат плаќање на сметките за електрична енергија за 4 месеци, односно до крајот на годината.

Joвчески: Ја поддржувам одлуката за референдум и истиот го гледам како спас и гаранција на македонските национални интереси

Како човек кој е роден во Прилеп, градот од каде започнала борбата против фашистичкиoт окупатор, јас нема да дозволам договори кои ќе бидат на штета на Република Македонија.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека ја поздравувам и поддржувам одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум кој го гледам како спас и гаранција на македонските национални интереси и ќе го ставам својот потпис за истиот.

Ова е шанса за македонскиот народ да го крене својот глас и да застане на патот на оваа ненародна власт кој води до целосно распродавање на македонската држава.

Ви се обраќам и ве повикувам вам, мои драги сограѓани, да дадеме поддршка за распишување на овој задолжителен референдум, да не дозволиме историјата да се повтори и да го зачуваме суверенитетот на Република Македонија.

Уcпешна акциja на полициското одделение во Ропотово: Фатен дрвокpaдец од Црнилиште со цели 4 кубици дрва

На 05.09.2022 во 23.30 часот во с.Ропотово, прилепско, полициcки cлyжбеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Полициcко одделение Ропотово го лишиле од cлобода И.М.(30) од с.Црнилиште.

Тој бил затекнат како врши бecпpaвен транспорт на 4 кyбни метpи огpeвно дpво.

Товарното возило „ивеко“ без peгиcтapcки ознаки и дpвата му биле одземени, а по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднесена соодветна пpиjaва.

Продолжуваат систематските археолошки истражувања на кралската гробница кај Старо Бонче – Прилеп (Фото галерија)

Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески и Деканот на Филозофски факултет проф. Ратко Дуев го посетија археолошкиот локалитет „Павла Чука“ кој се наоѓа на источниот раб на пелагониската котлина помеѓу селата Бонче и Подмол, каде се регистрирани над 20 археолошки локалитети од антиката.

Екипата од археолози, предводена од Антонио Јакимовски и Душко Темелкоски го запознаа градоначалникот на Прилеп со значењето и уникатноста на овој археолошки локалитет, каде е откриена монументална владетелска гробница од македонски тип, која е воедно еден од најатрактивните градби од раната антика пронајдена во Македонија.

Гробницата велат археолозите, е градена од масивни монументални камени блокови кои тежат и по неколку тони, градена пред повеќе од 2300 години.

А, целта на овогодишните истражувања е да се доистражи западниот дел на влезот од гробницата, со што би можело во скоро време локалитетот да биде отворен како јавна културно – туристичка дестинација, значајна за Прилеп.

Носител на проектот за истражувањата на Старо Бонче е Филозофскиот факултет – Скопје во соработка со Ну Завод и Музеј Прилеп.