Интервју со Влатко Алексоски: Прилепчанец кој создава ремек дела на овошје и зеленчук и освојува златни медаљи каде и да се појави (Фото галерија)

Прилепчанецот Влатко Алексоски е човек со уметничка душа. Креира неверојатни креации на овошје и зеленчук – уметност која се нарекува карвинг. Цели 12 години Влатко вдахнува живот на лубеници, јаболка, тикви… и други овошки и зеленчуци и притоа креира совршени ремек дела кои предизвикуваат воодушевување и воздишки. Трпеливо, користејќи мало ноже, Влатко ја изразува својата уметничка замисла која е единствена и неповторлива. Алексоски е и мајстор за кетеринг, а кој ги побарал неговите услуги бил исклучително задоволен. Разговаравме за неговата пасија карвингот, кога и како започнал да се занимава со оваа уметност и како ја усовршил.

Влатко кажи ни нешто повеќе за себе. Како и кога се разви љубовта кон оваа уметност кај тебе? Дали талентот го откри од мали нозе, или подоцна?

-Карвингот е мојата најголема љубов кој го работам 12 години.

Постои ли посебна школа или курс кај нас кој треба да се изучи за да се усоврши овој вид уметност?

-Секако дека постои, но кај нас не. Најблиската школа е во Софија, а јас се учев на почетокот преку скајп со професор од Тајланд.

Како се викаат алатките што се користат и што се’ е потребно за некој да се занимава со карвинг?

-Thai knife e единствен за мене, постојат и други алатки како short knife и long double knife.

Има ли други прилепчани кои се занимаваат со карвинг?

-Да, има еден колега од Прилеп.

Дали Влатко го работи ова за свое срце и душа, или и со цел за да заработи?

-Влатко ова го работи со цело срце и душа и без заработка.

Колку прилепчани и Македонците знаат да ја ценат оваа уметност, односно колку нашите граѓани имаат око за нешто убаво?

-Ме радува тоа што во последно време почнува да се цени карвингот и има побарувачка.

Какви се правци опфаќа карвингот?

-Карвингот е најуметничката гранка во гастрономијата.

Дали твоето знаење и умешност го пренесуваш на некој друг?

-Јас сум отворен за соработка со секого што сака да научи, и се надевам дека за скоро можеби и ќе имаме школо за тоа.

Што е твоја специјалност во оваа уметност?

-Мојата специјалност е thai техника, ситни детаљи на резба.

Дали си учествувал на натпревари и дали си освоил награди?

-Сум учествувал на голем број натпревари ширум Европа и сум освоил голем број медаљи, од кои повеќето златни.

За крај, кажи ни како може да те добие некој кој би сакал да ја разубави својата празнична или свечена трпеза со некоја од твоите креации.

-Јас работам кетеринг, може да го разгледаат мојот профил и да ме контактираат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.