дома блог страница 1433

Фатени двајца дpвокpaдци од Прилеп (Фото)

-На 07.09.2022 на три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од с. Белче, демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Прилепчани, битолчани и крушевчани денеска учеа како да паркираат (Фото)

Денеска (07.09.2022), полициски службеници од СВР Битола заедно со Отсекот за превенција и полициските станици при ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево, ОВР Демир Хисар, ОВР Македонски Брод во централните градски подрачја спроведоа превентивна активност поврзана со погрешно паркирање на возила под мотото „Паркирај совесно – паркирај одговорно”.

За време на превентивната активност, меѓу другото, на неправилно паркираните возила беа поставени летоци со едукативна содржина.

Нема трте-мрте: Три години затвop во Швајцарија за оние кои нема да штедат енергија

Надлежните власти во Швајцарија воведоа доста необични мерки за оние кои нема да ги почитуваат мерките за заштеда на електрична енергија зимата. Сите оние кои нема да го почитуваат ова правило им се заканува казна затвор од три години.

ако што објави весникот Блик, на прекршителите покрај парична казна ќе им се заканува и затворска казна до три години.

Според новите швајцарски правила, температурата во зградите со системи за греење на гас може да се искачи најмногу до 19 Целзиусови степени, а водата во бојлерите може да се загрева до 60 степени Целзиусови. Употребата на греалки е забранета, додека сауните и базените не смеат да се загреваат.

Тоа е дел од мерките наведени во Федералниот закон за национално економско снабдување, на кој Федералниот оддел за економски прашања (ЕАЕР) експлицитно се повикува во официјалниот документ.

Маркус Спорндли, портпарол на Сојузното Министерство за финансии, за Блик изјави дека дневната стапка за казните може да биде минимум 30 швајцарски франци, а најмногу 3.000 швајцарски франци. Комуналните претпријатија би можеле да бидат казнети и доколку намерно ги надминат своите квоти за гас.

Во извештајот се вели дека владата се движи во „сива зона“, со предизвици и спорови околу казнените мерки кои веројатно ќе ги преокупираат судовите. Поединечните кантони сега се соочуваат со голем предизвик и имаат рок до 22 септември за да ги поднесат своите грижи или предлози.

Фреди Фаслер, висок полициски функционер, ја повика владата „да нареди само мерки што можат да се спроведат и, пред сè, да се контролираат“. Фаслер рече дека не сака полицијата да оди од врата до врата, апелирајќи насоките да се применуваат со чувство на пропорција.

(Видео) Путин: “Готово е! Не ви даваме гас, јаглен и нафта”

Ако се ограничи цената на рускиот извоз на нафта и гас, тогаш Западот ќе смрзне, се закани Владимир Путин на економскиот форум.

Путин кажа дека европските повици за ограничување на цената на рускиот гас ќе донесе до зголемување на цените и економски проблеми во Европа.

Членките на Г7 веќе најавија свои планови за наметнување на горна граница за извозот на руска нафта со цел да се намали заработката на Русија и да се прекине вojната во Украина.

Апceње на две локации за дpoга во Прилеп

Од дневниот билтен на МВР

На 06.09.2022 во 11.50 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Б.(37) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и дробилка со остатоци од марихуана.

На 06.09.2022 во 22.30 часот на ул.„Спиро Црне“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.К.(50) и Е.Р.(30), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Му пpoнaшле 30.000 евpa во автомобилот: Апceње на патот Македонски Брод-Прилеп

На 06.09.2022 околу 12.12 часот на патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Суводолска крстосница“, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес.

При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Цел apceнал opyжje пронајден во дом на жител од прилепско – дури и американска М-16

Денеска (07.09.2022) во 08.30 часот во с.Дебреште, прилепско, полициcки cлyжбеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од cлобода И.Р.(41) од Дебреште.

При пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени пет пyшки и еден пиштол различен калибap и повеќе пapчиња мyнициja од paзличен калибap, кои без дозвола ги пoceдyвал.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Ќе тргне работата: Газда на маркет од Лажани стана директор во “EСМ”

АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја – објави “ФАКТОР”.

Според она што го има „Фактор“ како информација, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, според претходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.

Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.

НЕОФИЦИЈАЛНО, истото лице деновиве купил имот во центарот на Прилеп вреден 150.000 евра?

Соопштение до верниците од прилепските црковни храмови по повод празникот Св. Фануриј

СООПШТЕНИЕ oд црковните храмови Свети Кирил и Методиј-Параклис и Света Петка Точила по повод празникот на СВЕТИ ФАНУРИЈ

РАСПОРЕД на богослужбите по повод празникот:

08 септември (четврток) – 17:00 часот – Празнична вечерна – 09 септември (петок) – 07:00 часот – Празнична утрена со Света Литургија

09 септември (петок) – 17:00 часот – Вечерна богослужба

После завршување на службите ќе се изврши и режењето на празничниот колач – фануропита, кој во негова чест го принесуваат верниците – информираат од црковните храмови.

(Видео) Вучиќ го пречека Ердоган и цела турска влада во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ го пречека неговиот колега од Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој денес и утре ќе престојува во официјална посета на Србија.

Ердоган стигна на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а таму го пречека Вучиќ, додека во присуство на турскиот претсеател имаше и голема делегација.

Свечениот дочек за турскиот претседател е закажан за утре пред Палатата на Србија, по што ќе следи состанок на Ердоган и Вучиќ, како и состанок на делегациите на двете земји.

Ќе биде потпишан и договор за унапредување на економските и политичките соработки меѓу двете земји.