дома блог страница 1424

Прилепчанец со ампyтиpaна нога почина на клупа пред прилепската Болница, откако вчера бил иcфpлен од установата?

51-годишниот прилепчанец Горан Димески, утринава е пронајден мpтов на клупа пред прилепската Болница, откако вчера, по едномесечно лекyвање на ампyтиpaната нога во Болницата, бил иcфpлен од установата. Семејството на сега веќе починатиот Горан, кој инаку бил бездомник, обвинува за негрижа и најавува тyжба пpoтив Болницата – oбјави “АЛФА ТВ”.

„Вчера, дојдов да го посетам брат ми сабајлето и слеговме долу, тој е со ампутирана нога, слеговме долу со количката, го истуркав да пиеме кафе, излеговме во дворот. Едно време дојдоа некои личности ко боди-гарди, и во униформа и без униформа, дојдоа и ги фрлија ранците од брат ми. Не видов јас ни кога пакувале, ни што спакувале, ни што имало во ранците, и му рекоа – ти, да те нема од Болницава. Зошто како – не знам“, – вели за “АЛФА ТВ” Зоран Димески, брат на сега починатиот Горан.

Бидејќи раната на ампутираната нога крварела и гноела, а имала и оток со болки, Зоран побарал лекувањето да биде продолжено. Но, кај службите во Болницата не наишол на разбирање и не му било дозволено повторно да влезат. По ова, тој побарал помош и од социјалните служби кои исто така процениле дека пациентот не е за домашно лекување. Ама, ни тоа не помогнало, па пациентот останал на една од клупите, со надеж дека некој ќе се смилува и повторно ќе го врати на Ортопедското одделение.

„Така го пуштија, како терминатор, од системи го симнаа и го пуштија надвор. Јас не сакав ризик да преземам и му реков – ќе те оставам брат, овде, белки ќе се најде некој од мајка роден во оваа наша Болница…тие, не се најде никој во 30 часа некој да му излезе во пресрет…Секретарката рече ќе дојди ортопед да го види, ни дојде ни ништо“, – видно вознемирен раскажал братот Зоран.

Кога видел Зоран дека нема да успее да го врати во Болницата, извадил документ, за Горан од денеска да биде сместен во Старскиот дом, иако раната не му била заздравена, а немал ни отпусна листа. Меѓутоа, утринава Горан бил пронајден починат на клупата каде што синоќа го оставил брат му.

„Сношти го оставив, му донесов кебе, му донесов сокче, му донесов да јаде нешто и му реков – брат, да те земам дома ми е страв, гној имаше на ногата, да не направиме триста глупости. Овде стој, камери има, ќе те види некој и ќе те прибери….Сабајле се јавив да го слушнам да му кажам дека ќе дојдам да го видам, ми се јавува службено лице од МВР, ми вика да дојдиш ваму. Одам, брат ми – покријан со кебето, вели – починат е“, – вели братот Зоран.

Од Болницата пак, кратко ни рекоа дека на пациентот му била пружена сета потребна здравствена грижа, дури и подолго од што требало. Бил испуштен, бидејќи му завршило болничкото лекување, но добил препораки за понатамошно домашно лекување и преврски.

Телото е предадено на обдукција, а за смртта биле известени и сите надлежни институции. Семејството најави тужба.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Kpивична за 42-годишен прилепчанец кој заедно со женско лице натепале свој сограѓанин

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив С.К.(42) од Прилеп пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „тешка телecна повpeда“.

На 14.07.2022 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, пpиjaвениот со уште едно женско лице физички го нападнале Б.М.(52) од Прилеп и му нанеле повpeди – информираат од СВР Битола.

Левица поднесе кривична пријава за Талат Џафери

Левица поднесе кривична пријава против парламентарниот спикер, Талат Џафери до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Пријавата е поднесена поради тоа што спикерот Џафери своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, велат од Левица.

Џафери се терети за дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, пренесува Експрес.мк.

Од Левица сметаат дека со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот арбитрарно го ускратил врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на референдум.

Мицкоски: Заедно со Арсовска тропавме по вратите на скопјани, во тоа време не зборуваше вака за мене (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тропале на вратата на скопјани.

Мицкоски вели дека Арсовска во тоа време не зборувала вака за него, мислејќи на денешната жестока реторика од говорницата на седницата на советот на Град Скопје.

Треба во секое училиште: За поздравување превентивна активност на СВР Битола

Денеска (15.09) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, го посетија Основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” во Битола, каде што имаа средба со наставничкиот кадар и учениците.

Средбата имаше превентивно-едукативен карактер на повеќе теми што ја тангираат безбедноста на учениците.

Така, полициските службеници ги едуцираа децата околу суштината на кампањата – “да ги заштитиме децата во сообраќајот”, односно за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, потоа околу сајбер булингот, но и околу превенцијата и опасностите од разните можни девијантни појави кај младите, а во рамки на проектот “Безбедни училишта”.

Филмски гpaбеж во Холандија: Macкиpa Срби го yкpaле нajpeткиот диjaмант на светот

Холандските истражители интензивно трагаат по петмина маскирани осомничени, кои извршиле на саемот за уметност и антиквитети „TEFAF“, извршиле вооружен грабеж и украле посебен жолт дијамант, а сите сомнежи паѓаат на криминалната група „Пинк Пантери“ од Балканот, пренесува „RTLnieuws“.

Вооружениот грабеж се случил во раните утрински часови на 29 јуни на добро посетениот саем за уметност во Мастрихт.

Во грабежот нема повредени, но украден е накит, жолт дијамант, единствен од ваков вид во светот. Бараме најмалку петмина бегалци и има блиска соработка со белгиската и германската полиција – соопшти локалната полиција.

Оттаму даваат детален опис на овој грабеж и соопштуваат дека по делото уапсиле две сомнителни лица, но по информативен разговор тие биле пуштени на слобода.

Овој грабеж ја крена цела Холандија на нозе и сите се прашуваат дали крадците на дијаманти се Срби.

Се сомнева дека станува збор за „Пинк Пантери“ од Балканот и дека најверојатно се Срби, бидејќи се повеќе од познати членови на оваа озлогласена банда – пишуваат холандските медиуми.

Инспекторите објавија нови фотографии и видео од грабежот. На фотографиите јасно се гледаат лицата на разбојниците, нивното бегство, како и сликата на можен петти член на бандата.

Непознат маж, инаку, петтоосомничениот, им купил билет на четворицата разбојници за да можат да влезат на саемот. Полицијата се сомнева дека очилата што ги носеле разбојниците се дел од нивното маскирање – наведуваат холандските медиуми.

Пред 22 години во Македонија гостуваа Буфон, Турам, Канаваро, Аморосо, Ди Вајо, а играа против прилепска Победа

14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање.

Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија.

Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво Милошевиќ, Жуниор и Марко Ди Вајо.

Оваа ѕвездена екипа против себе го имаше тимот кој на Прилеп му го донесе првиот трофеј во натпреварувачката 2000/2001 година освојувајќи го Купот на Македонија.

Во редовите на црвено-белите тогаш беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Жилсон, Раде Каранфиловски, Панче Ристовски, Тони Наумоски, Николче Здравески, Дарко Диниќ, Сашко Крстев, Тони Мегленски, Горанчо Тодоровски и Влатко Стојчевски.

Натпреварот кој тогаш се одигра на Градски стадион во Скопје пред 9.500 публика, заврши со триумф на Италијанците од 0:2.

Стрелци на головите беа: Серџо Консисао во 23-та минута и Марко Ди Вајо во 74-та.

Од Парма минатата година потсетија на натпреварот со Победа преку објава на социјалните мрежи.

Жител на прилепско Ропотово излетал од патот Прилеп-Македонски Брод – со тешки повpeди пpeнeceн во прилепската болница

На 14.09.2022 во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Мажучиште, патничко моторно возило „форд фокус” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.З.(55) од с.Ропотово, општина Долнени, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил К.З., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила екипа на ОВР Прилеп.

Бектеши: “Цената на струјата нема да се менува до 31 декември, за потоа ќе видиме”

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември.

-Во делот на поддршката на микро и малите компании кои се на регулиран пазар веќе има одлука од РКЕ која важи до 31 декември. Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември. Со новата одлука на РКЕ согласно податоците што ќе ги дадат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција за првите шест месеци од наредната година, тогаш РКЕ ќе излезе и ќе ги каже новите цени за регулираниот пазар, а ние ќе даваме инпут преку ЕСМ со намалување на цената на производство, со намалување на одредени барања на МЕПСО, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија.

Како што истакна Бектеши, РКЕ треба да ги признава барањата што ги доставува ЕВН.

-Јас сум убеден дека некои од барањата нема да се прифатат, додаде министерот.

Спроведена истражна постапка за 21-годишниот прилепчанец што силувал малолетничка

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „силување“.

-Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало, информираат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​