дома блог страница 1423

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал од војска 2001-ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен (Видео)

Денеска откриваме нов скандал за премиерот – дезертер од Армијата на Република Македонија, изјави на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен. Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови. Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски СВЕСНО го избегнал служењето на воениот рок во АРМ. Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата. Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана. Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата, истакна Ковачки.

Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен? Праша Ковачки.

НАСА објави статија за двете најголеми природни езера во Македонија: Само прочитајте од кога постојат нашите два бисери

НАСА објави статија за двете наши најголеми природни езера, Охридското и Преспанското. Иако навидум се работи за нешто што ни е на сите добро познато, сепак убаво е да се види статија за Македонија на официјалната веб страна на НАСА и Фејсбук страна со 10 милиони следбеници.

Во статијата од НАСА напишаа дека Охридското и Преспанското Езеро се двете најстари езера во Европа, кои датираат од пред 1 милион години, а можеби и повеќе.

Фотографијата која ја објавија е од Август 19, 2022, а во статијата пишува уште и дека Охридското Езеро достигнува длабочина од 155 метри, а Преспанското 14 метри длабочина.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Македонски фудбал: Боксови и клоци на “дербито” помеѓу Гостивар и Воска во Речица (Видео)

Во втората македонска фудбалска лига денеска се сретнаа екипите на Гостивар и Воска Спорт, а дуелот се играше во Голема Речица.

Во еден момент на натпреварот настана тепачка помеѓу гледачите, затоа што вакво “дерби” заслужува поголем жap…

Натпреварот на крајот заврши со победа на домаќините со 2:0. Сега Гостивар е на првото место на табелата во втората лига, а зад нив е Воска со еден бод заостаток.

ВИДЕО: “СПОРТ МЕДИА”

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе објави cкандал за премиерот Ковачевски

Утре со почеток во 11.00 часот на прес конференција ќе објавиме скандал поврзан со премиерот Димитар Ковачевски и за тоа како се служи со измами и лаги. Следете!Се вели во Фексбук статусот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Рација на МВР во дури 308 угостителски објекти изминатата ноќ – Еве што пронашле

На 17.09.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 308 угостителски објекти.

При контролата, приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога. Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол.

При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.

Поскапуваат и млечните продукти!

Поскапуваат дел од млечните производи од следната недела. Вакво предупредување добиле дел од трговците. Дел од млекопроизводителите за Телма потврдија дека од понеделник  млекото ќе има нова повисока цена.

За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

„ВО СИТУАЦИЈА КОГА ИМАМЕ КОНТИНУИРАН БРАН ПОСКАПУВАЊА ВО СИТЕ ПРОИЗВОДНИ СЕГМЕНТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПРИМАРНОТО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВО И ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ДОБИТОЧНАТА ХРАНА, ШТО СЕ ОДРАЗИ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТКУПНАТА ЦЕНА НА МЛЕКОТО ЗА 40% САМО ОД АВГУСТ ЛАНСКАТА ГОДИНА ДО ОВОЈ АВГУСТ, КАКО И ПОВЕЌЕКРАТНИОТ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ, БИМИЛК КАКО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА И НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ПЕРИОД ОД ПОЧЕТОК НА КРИЗАТА ИМА НАПРАВЕНО НЕОПХОДНИ КОРЕКЦИИ НА ЦЕНАТА НА СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ.И НИЕ КАКО ОСТАНАТИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА ГИ ОЧЕКУВАМЕ НАЈАВЕНИТЕ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ЗА ДА ОВОЗМОЖИМЕ ПОИЗЕДНАЧЕНА ПОЗИЦИЈА ВО ЛАНЕЦОТ НА МЛЕКОПРОИЗВОДСТВО“, СЕ ВЕЛИ ВО ДОПИСОТ ОД БИМИЛК, пренесе ТЕЛМА.

Има најави дека ќе поскапат и сирењето, кашкавалот и јогуртот.

„ГРАЃАНИТЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ОЧЕКУВААТ, ПО БЛАГ РАСТ НА ЦЕНИТЕ. ТРЕБА ВО ОДРЕДЕНИ СИТУАЦИИИ ДА СТРАВУВАМЕ. ВЕЌЕ СЕ НАВИКНАВМЕ, НО НЕ ОЧЕКУВАМ НЕШТО СТРАШНО ИЛИ НЕКОЕ АПОКАЛИПТИЧНО СЦЕНАРИО ДА НИ СЕ СЛУЧИ, НО ДЕКА ОВАА ЗИМА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА“, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА ПРОФЕСОРОТ АБИЛ БАУШ.

Растот на цените на производите ја вивна и инфлацијата. Според статистиката во август годинава достигна речиси 17 проценти. Според Бауш постепена стабилизација би имало дури во 2024 година.

Млечните производи како сирењето и кашкавалот веќе имаа неколку поскапувања. Килограм сирење и килограм кашкавал, со уште повисоки цени, ќе станат луксуз за македонските граѓани!

Што се случува со светот: После Ерменија и Азербејџан, уште две поранешни советски републики започнaa вojна

По интензивните борби во петокот, ниту Киргистан ниту Таџикистан не пријавија големи инциденти во текот на ноќта, што укажува дека се држат до договорот за прекин на огнот, освен што киргистанската гранична полиција соопшти дека едно од нивните села накратко било гранатирано.

Двете поранешни советски републики се спротивставија на нивните граници оваа недела, обвинувајќи се меѓусебно дека користеле тенкови, минофрлачи, ракетна артилерија и беспилотни летала во нападите врз пограничните населби.

Граничните прашања во земјите од Централна Азија претежно датираат од советската ера кога Москва се обиде да го подели регионот помеѓу групи чии населби често се наоѓаа меѓу оние на другите етнички групи.

Киргистан, кој објави 24 мртви и десетици ранети во петокот, објави дека пограничното село било гранатирано со минофрлачи пет минути рано наутро во саботата, по инаку мирната ноќ.

Таџикистан не даде официјална изјава за бројот на жртвите, но безбедносни извори соопштија дека најмалку седум лица загинале во петокот. Таџикистанската гранична полиција во петокот соопшти дека киргистанските хеликоптери и беспилотни летала нападнале неколку таџикистански села.

Безбедносните служби на Таџикистан соопштија дека началниците за безбедност на двете земји денеска ќе ги продолжат разговорите за да се реши конфликтот. (МИА)

Османи: Русија се меша во политиката во Северна Македонија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во одговор на прашање на брифингот со новинарите, потврдно одговори дека има сознанија и индиции за руско влијание врз политичкиот живот во земјава преку одредени извори за финансирање.

– Во рамки на оваа информација произлезена од Стејт департментот немаме дополнителни информации во однос на случувањата во нашата држава, но од нашите анализи од нашите инстиуции има такво нешто и тоа е комуницирано и констатирано во неколку наврати, дека има обиди за такво вмешување во партиско-политичкиот живот во Република Северна Македонија, но тие прашања ќе ви ги одговорат инстицутиите што се надлежни за тоа, одговори Османи.

Тој, меѓутоа, во текот на брифингот одговарајќи на прашање за најавите на Левица за распишување нова иницијатива за референдум, одговори дека негов личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.

-Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме. Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата, вели Османи.

Северна Македонија во неколку наврати досега прогласи 11 руски дипломати за персона-нон-грата.

Експертот Џош Рудолф од Германскиот Маршалов фонд во интервју за српската редакција на Гласот на Америка ги коментира последните наводи дека Русија потрошила најмалку 300 милиони долари за да влијае врз политиката во повеќе од дваесетина земји од 2014 година, според нов декласифициран извештај на американските разузнавачки агенции, кој предупредува дека официјален Кремљ не завршил со плановите – со пари да изврши влијание.

Американскиот виш претставник запознаен со разузнавачките податоци, рече дека земјите што се опфатени во напорите за тајно финансирање на Русија ги вклучуваат Албанија, Босна, Црна Гора, Белгија и Мадагаскар. Иако, не се споменува во извештајот, тој ја наведе Северна Македонија, наведува „Гласот на Америка“.

– Кога земјите прават планови за влез во НАТО како што видовме во случаите со Црна Гора и Северна Македонија, особено во случајот со Северна Македонија, имаше грчки олигарх со врски со Русија, кој ги финансираше протестите против промена на името на Северна Македонија и тоа го правеше и на двете страни на границата. Американската влада им ги пренесе на официјална Атина сознанијата и ги охрабри при што преземаа акција и објавија информации за тоа, вели Рудолф.

Министер и лидер на партија се повлекува од политиката?

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски планира да се повлече од функциите, а, според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката.

Како што неофицијално дознава порталот, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.

Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.

Иако Милевски и пратениците Зајкова и Мојсоски имаа различен став во однос на таканаречениот француски предлог, партиски извори велат дека дискусиите за трансфер на власта во партијата се водат во конструктивна атмосфера, без тензии и конфликти.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

Жител на прилепско кpaдел од трансформатор – потоа признал уште 13 други кpaжби

На 14.09.2022 во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“.

По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.