дома блог страница 1421

Прво, второ и трето место за прилепските велосипедисти на “Куп на Град Скопје”, а Константин Костоски освои и трето место на трката од 65км. (Фото галерија)

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и “Гран Фондо”, изминатиот викенд се одржаа 2 трки на територијата на град Скопје.

Во саботата се возеше вечерна интернационална трка “КУП НА ГРАД СКОПЈЕ”, каде прилепските велосипедисти во кадетска конкуренција ги зазедоа првите 3 места, и тоа: Андреј Маџоски прв, Константин Костоски втор и Никола Ристески трето место.

Во неделата се возеше најмасовната велосипедска трка во досегашната вело историја на Македонија “Медио Фондо”, со должина од 65 километри и “Гран Фондо”, со должина од 121 км.

На трката зедоа учество повеќе од 350 велосипедисти од земјава и странство. Прилепските велосипедисти настапија и во двете конкуренции, и тоа: во “Медио Фондо” елит категорија со Константин Костоски, Никола Ристески и Младен Петрески, кои имаа одлични настапи.

Константин заврши на трето место, додека Младен беше петто рангиран, а Никола заврши на осмото место.

Андреј Маџоски беше пријавен за “Гран Фондо” елит конкуренција, a траката ја заврши со извозени 121 километар во првите дваесет елитни натпреварувачи.

Денеска ocтавка во Владата на Ковачевски

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.

Милевски, како што вчера изјави за МИА, се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.

– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.

Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на ЛДП.

Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година

Никаде не поскапел повеќе: Македонија е европски лидер во поскапувањето на лебот

Во август цената на лебот во Европската Унија била во просек за 18 отсто повисока отколку во истиот месец од 2021 година, покажуваат податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат). Тоа претставува огромен пораст во однос на август минатата година, кога цената на лебот беше во просек за три отсто повисока од 2020 година.

Цените на маслата и мастите за јадење нагло пораснаа, но значително поскапеа и важните производи како лебот, месото и зеленчукот. Ова стана особено изразено по почетокот на конфликтот во Украина, кој значително ги вознемири светските пазари, бидејќи Русија и Украина се главни извозници на житарки, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива.

Некои земји од Европската Унија беа многу повеќе погодени од поскапувањето на лебот отколку другите земји-членки. Највисока просечна стапка на пораст на цената на лебот во август е забележана во Унгарија (+66 отсто), потоа Литванија (+33 отсто), Естонија и Словачка (и двете +32 отсто).

Од друга страна, лебот најмалку поскапе во август во Франција, за осум отсто, потоа во Холандија и Луксембург, во двете земји по 10 отсто.

Сепак, Македонија е далеку над овој европски просек. Во земјава, векна леб од 25 скокна на 50 денари што е поскапување за 100%, или 3 пати повеќе од Литванија, Естонија и Словачка дури 10 пати повеќе од Холандија и 12,5 пати повеќе од Франција.

Во Прилеп одбележани патроните празници на основните училишта “Добре Јованоски” и “Рампо Левката”, како и 80 години од кpвавиот мacaкp кај Дабница

Прилепските основни училишта ООУ „Рампо Левката“ и ООУ „Добре Јованоски“, денеска ја одбележаа 80 годишнината од загинувањето на своите патрони, народните херои Рампо Левката и Добре Јованоски кои што биле стрелани од бугарскиот фашистички окупатор на 19 септември 1942 година, кај месноста Дабница.

По повод патроните празници на двете основни училишта делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, како и делегации од основните училишта, положија свежи цвеќина пред бистата на Рампо Левката на Могилата на непобедените и пред бистата на Добре Јованоски во истоименото училиштето.

Во чест на своите патрони учениците од двете основни училишта подготвија пригодна културна програма, која беше презентирана пред присутните гости.

Градоначалникот Јовчески пред присутните истакна:

„ Како градоначалник на Општина Прилеп и во името на Локалната самоуправа, сакам да ви го честитам патрониот празник на вашето училиште. На целокупниот колектив на училиштето и на учениците, ви посакувам многу успех во работата и во учењето, да имате успешна учебна година, многу здравје пред се и да ве следи многу среќа.
Сакам да изразам поддршка до раководството на училиштето за се она што го спроведија во текот на изминатата учебна година како и за летниот распуст, се со цел сите вие тука да имате подобри услови за работа и за учење и во иднина заедно да продолжиме да го унапредуваме воспитно образовниот процес и условите во установата во која што поминувате голем дел од денот.

Ве уверувам дека поддршката од Локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму. Денес оддаваме почит по повод 80 години од загинувањето на патронот на вашето училиште, нашиот прилепчанец и народен херој Добре Јованоски. Учесник во Народно ослободителната војна кој што за жал бил мачен и убиен од страна на бугарскиот фашистички окупатор заедно со уште осумнаесетмина прилепчани кај селото Дабница на 19 септември 1942 година.

Жртвата која шта ја дале за слободата на Република Македонија сите наши народни херои мораме да ја почитуваме, да ја празнуваме и да ја одбележуваме, за да се потсетуваме секогаш дека Македонија е наш аманет и мораме сите да се грижиме за нашата татковина, да ја чуваме и безусловно да ја сакаме. Уште еднаш почитувани присутни, нека ви е честит и вековит патрониот празник.“

Делегација од Општината и Советот на Општината, претставници од Сојузот на борци, и од останатите основни училишта, денеска исто така го посетија и положија цвеќе на споменикот кај Дабница, подигнат во чест на осумнаесетмината жители кои што биле стрелани од фашистичкиот окупатор на 19 септември 1942 година, поради помагање на партизанските одреди. Дабничкиот масакр претставува еден од најужасните убиства извршени врз невиното македонско население од страна на фашистичкиот откупатор.

Kрушевската полиција фати “застава 101” натоварена со дрва – 44-годишен крушевчанец заработи пријава

Денеска (19.09.2022) во Крушево, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Крушево запреле патничко возило „застава 101″, без регистарски ознаки, управувано од С.Т.(44) од Крушево.

При контрола, во возилото биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.

Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

По 17 години чекање, Македонија ги отвора преговорите со ЕУ, народот очекува европски пари и реформи

Денес во Брисел, висока македонска делегација и официјално го започна првиот дел од преговорите со ЕУ, таканаречениот скрининг – процес во кој ќе се испита во колкав обем македонското законодавство е усогласено со тоа на ЕУ и што треба да се преземе за што поскоро целото наше законодавство, а со тоа и нашето општество, воопшто, да биде на европско ниво.

Досега, усогласени се околу 45 проценти од нашето законодавство, со тоа на ЕУ, што значи државава не започнува од нула, туку завршена е речиси половина од работата.

После 17 години чекање имаме шанса да обезбедиме повеќе европски пари за македонскиот народ. Затоа е клучно, македонската администрација и целото општество, да се фокусира на овој процес за побрза интеграција во Унијата.

Најважно е сега максимално да се фокусирате на секое поглавје, секоја фаза почнувајќи од скринингот да ја искористиме и со максимална посветеност и оптимизам да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, објави на својот Фејсбук профил главниот македонски преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

Очекувањата на народот од почетокот на преговорите се повеќе од очигледни. Тоа се зголемените европски фондови кои Македонија ќе ги добие на располагање и реформите со кои институциите треба станат поотпорни на корупција. Од друга страна, останува грижата кај граѓаните дека Бугарија сѐ уште не го кажала последниот збор и дека постои ризик од слабеење на македонскиот идентитет за сметка на прифаќањето на европскиот.

Што се однесува до европските фондови кои ќе се користат, со фазата на преговори, земјава ќе добие пристап и до пристапните фондови на ЕУ со чија помош ќе се помогне извршувањето реформите во државата, подобрување на инфраструктурата, образованието, земјоделството, заштитата на животната средина и многу други сектори на општеството.

После осамостојувањето од Југославија, во 1993 година, со широк консензус на сите политички партии кои во тоа време беа активни во Република Македонија, беше одлучено дека зачленувањето во ЕУ и НАТО се најголемите стратешки интереси на земјава. По зачленувањето во НАТО, следен чекор за остварување на македонските национални интереси е влагувањето н земјата во Европската Унија.

Дизелашите ќе кренат глава: Од вечерва ново поевтинување

Petrol pump
Petrol pump

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва на полноќ ќе се продава по поевтина цена за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото од утре ќе се продава за 92 денари по литер.

Цените на бензините остануваат исти, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 87 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР95 по 84,5 денари по литар.

Се намалува цената на мазутот, и од утре ќе изнесува 50,4 денари по литар. Цената на екстра лестното масло за домаќинство од утре ќе се продава поевтино за 1,5 денар, односно за 89 денари.

Koвачки објави документ: Ковачевски е трајно нecпocoбен, дали лажел за да избегне вojcка, или имаме неспособен човек за премиер?! (Видео)

Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН за служење војска. Ова е документот, извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи. Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува.

Доколку Ковачевски лажел за својата здравствена ситуација, тогаш ние на чело на државата имаме патолошки лажго.

Ако лажел да избегне служење војска правејќи се ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш не можеме ниту да претпоставиме за што се’ друго би лажел.

Доколку пак Ковачевски навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, не знаеме дали таа состојба кај него прогресирала и дали тој е целосно функционален да ги извршува државничките задачи.

И во двата случаи, односно и доколку лажел, и доколку е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, Ковачевски како премиер е опасност за државата.

Ковачевски мора да си даде оставка. Македонија не смее да биде водена од премиер кој е или патолошки лажго или е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Оваа сабота на големата сцена во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп: Премиера на музичко-сценскиoт спектакл за деца и млади ПЕПЕЛАШКА

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности “Зодијак” од Прилеп во партнерска соработка со Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп како матична сцена на истото, во сабота на 24 септември 2022 година во големата сала на Н.У. Центарот за култура “Марко Цепенков” со почеток од 12:00 часот, премиерно ќе ја изведе новата хит претстава за деца и млади со наслов ПЕПЕЛАШКА.

“Поради малиот број на изведби и продукции за најмладата популација во нашиот град следејќи ги светските трендови по теркот на Брдовеј и Дизни, сметаме дека со овој проект младите ќе имаат можност да сведочат за спектакл од светски рамки на наш јазик, со кој воедно ќе се имплементираат нови песни (сонгови), на македонски јазик како и нивно афирмирање и претпознатливост.

Новиот начин на живот кој вклучува визуелизација, технологија и мобилизација е составен дел од нашите продукции во време кога на младата публика во Прилеп и се нудат аматерски претстави кои промовираат стари, веќе неприфатливи приказни и истите не ги следат новите тенденции, методологии и иновации во изразувањето.

Со овој проект покрај поставувањето на текст од светската драматургија за деца и млади, афирмирајќи дело од странски автор на сцена, ќе се стимулира и македонското музичко творештво со нови музички аудиоизданија поставени на сцена на македонски јазик кои од досегашното искуство се покажале како професионални и квалитетни продукции кои ја пробудуваат љубопитноста кај младата популација, промовирајќи вредности кои се идентични со оние од периодот кога ова дело е пишуавно како: понизноста, почитта, љубовта, еднаквоста и така натаму.

Други приоритети кои се вклопуваат во овој музичко-сценски спектакал за деца и млади се: овозможување, афирмирање, пренамена на веќе постоечките движни добра за подобра мобилност и промовирање на музичко – сценската продукција на територијата на Република Северна Македонија.

Бајката е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка”.

Преводот на текстот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата на македонски е на Кире Миладиноски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите на Кире Миладиноски, музика Алан Менкен и Томе Темелкоски, дизајн на рекламен материјал е на Петар Николоски, светло мајстор и сценски ефекти Бобан Смилкоски, автор на видео рекламен материјал Љупчо Атанасоски, автор на аудио рекламен материјал Томе Темелкоски, гласовите ги позајмија: Лилјана Јованоска, Мирјанка Селчанец, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски и Благојче Николоски. Играат: Бисера Гаралоска, Матеја Грујоска, Кристина Миноска, Анастасија Митревска, Теодора Велкоска, Михаил Јорданоски, Марта Шаркоска и Елена Џајковска.

Оваа продукција е потпомогната од Министерството за култура на Република С. Македонија-со национална програма 2022 преку нацрт-програмата на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп и Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а како копродуцент партнер е Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп што воедно е матична сцена каде работи танц студиото ЗОДИЈАК.

Следете во живо: Започна церемонијата за погpeбот на кралицата Елизабета Втора

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе започне во Вестминстерската опатија денеска во 11 часот по локално време.

На државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе има повеќе од 2.000 гости, меѓу кои јапонскиот император Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

На погребот ќе присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговата сопруга.